Ципријан Норвид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ципријан Норвид
Ципријан Норвид
Роден/аCyprian Konstanty Norwid
24 септември 1821(1821-09-24)
Ласково-Глухи, близу до Варшава, Конгресна Полска
Починат/а23 мај 1883(1883-05-23) (возр. 61)
Париз, Франција
ЗанимањеПоет, есеист
ЈазикПолски
НационалностПолјак
ЖанрРомантизам, Парнасизам

Ципријан Камил Норвид, полски: Cyprian Kamil Norwid (24 септември 1821 – 23 мај 1883), е полски поет, драматург, сликар и вајар. Роден е во мазовското село Ласково-Глухи, близу Варшава.

Норвид е сметан за дел од втората генерација романтичари. Неговиот живот бил исполнет со многубројни трагични настани. Се соочувал со здравствени проблеми, невозвратена љубов, остри критики за неговите дела и сè поголема изолација од општеството. Скоро целиот свој живот го поминал надвор од Полска, особено во Лондон и во Париз, каде и умира.