Циганска кула

Координати: 41°15′53″N 23°08′40″E / 41.2646° СГШ; 23.1445° ИГД / 41.2646; 23.1445
Од Википедија — слободната енциклопедија
Циганска кула
Κάστρο Μανδρακίου
Карта
МестоМандраџик, Валовишко
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати41°15′53″N 23°08′40″E / 41.2646° СГШ; 23.1445° ИГД / 41.2646; 23.1445
Историја
Раздобједоцновизантиско
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини

Циганска кула (грчки: Κάστρο Μανδρακίου) — доцносредновековна тврдина во селото Мандраџик, Валовишко, Егејска Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Тврдината датира од доцновизантиско време. Денес ѕидината е дел од селските гробишта.[1]

Во 1894 г. Густав Вајганд напишал: „стигнавме по добар пат во околината на селото Мандраџик. Посред таканаречената Циганска кула стигнавме во селото. Просторот на оваа кула има квадратен облик и е обработен со една ѕидина, широка до еден метар, а висока 2-5 метри. На некои места се гледаат траги од прозорци, но не се забележуваат никакви украси, ниту пак натписи. Луѓето кажуваат дека тука некогаш живеел циганскиот крал.“[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Κάστρο Μανδρακίου Κερκίνης“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 26 септември 2020.
  2. Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 223.