Хосе де Сан Мартин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Генерал
Хосе де Сан Мартин
Портрет на Хосе де Сан Мартин
Портрет на Сан Мартин, слика од 1820
Претседател на Перу
На должноста
28 јули 1821 – 20 септември 1822
Наследник Франсиско Хавиер де Луна Писаро
Основач на Слободата на Перу, Основач на Републиката, Заштитник на Перу и Генерал
На должноста
20 септември 1822 – 17 август 1850 (смрт)
Гувернер на Кујо
На должноста
10 август 1814 – 24 септември 1816
Претходник Маркос Гонсалес де Балкарке
Наследник Торибио де Лузуријага
Лични податоци
Роден(а) 25 февруари 1778(1778-02-25)
Јапеју, Вицекралство Рио де ла Плата (денес Аргентина)
Починал(а) 17 август 1850(1850-08-17) (возр. 72)
Булоњ-сур-Мер, Франција
Националност Аргентинец
Партија Патриот
Сопружник Марија де лос Ремедиос де Ескалда
Деца Марија де лас Меседес Томаса де Сан Мартин и Ескалада
Професија Воено лице
Вероисповед Католик
Потпис
Воена служба
Припадност
Траење 1789 — 1822
Чин Генерал на Аргентина, Врховен командант на армиите на Чиле и Перу
Заповеда со Полк на коњанички гренадири, Северна Армија, Армија на Андите, Армија на Чиле
Битки/војни Војната на Втората коалиција
Портокалова војна
Полуостровска војна

Јужноамерикански војни за независност

Хосе Франсиско де Сан Мартин и Маторас (шпански: José Francisco de San Martín y Matorras; 25 февруари 177817 август 1850) или познат само како Хосе де Сан Мартин, а титуларно како „Ослободител на Аргентина, Чиле и Перу[1]аргентински генерал и главен предводник на Борбата за независност од Шпанската Империја во јужните и централните предели на Јужна Америка. Сан Мартин бил воедно и еден од претседателите на Перу, позиција која во тоа време била именувана како „Заштитник на Перу“.

Хосе де Сан Мартин е роден во Јапеју, Кориентес, во денешна Аргентина, но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за Малага во Шпанија каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила Полуостровската војна помеѓу Франција и Шпанија, Хосе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански поддрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за Буенос Аирес и ги понудил своите способности и својата служба на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, современа Аргентина. По Битката на Сан Лоренцо, тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку Вицекралството Перу. Целите првично биле да се основа нова армија, Армија на Андите, во Кујо, Аргентина. Оттука, тој го предводел преминувањето на Андите во Чиле и забележал победа во Битката на Чакабуко и Битката на Маипу. Како резултат на тие две победи била обезбедена независноста на Чиле. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во Лима, Перу.

На 12 јули 1821, по обезбедена делумна контрола на Лима, Сан Мартин бил назначен за „Заштитник на Перу“, односно претседател на Перу. Со тоа, независноста на Перу била објавена на 28 јули 1821. На 22 јули 1822, по затворена средба со неговиот пријател Симон Боливар во Гвајакил, Еквадор, Боливар ја презел одговорноста за целосно ослободување на Перу. Наеднаш Сан Мартин ја напуштил командата на армијата и заминал од државата. Сан Мартин се повлекол од политика и заминал за Франција во 1824 година. Средбата со Боливар до денес е тема на разговори помеѓу историчарите.

Сан Мартин се смета за национален херој на Аргентина и Перу и еден од ослободителите (libertadores) на Јужна Америка. Денес аргентинската влада својот највисок медал, или одликување, го именува како „Орден на ослободителот генерал Сан Мартин“.

Рани години[уреди | уреди извор]

Родната куќа на Сан Мартин во Јапеју.

Хосе де Сан Мартин бил петти и последен син на Хуан де Сан Мартин, неуспешен шпански војник, и Грегорија Марорас дел Сер. Тој е роден во Јапеју, Кориентес. [2] Точната година на раѓањето на Сан Мартин е контроверзна, бидејќи немало записи од неговото крштевање. Во подоцнежни документи кои се создале за време на неговиот живот, како што се пасоши, воени белешки или венчаница, имал различни години. Во повеќето од документите се посочуваат 1777 или 1778 како години на раѓање.[3] Семејството се преселило во Буенос Аирес во 1781 година, кога Сан Мартин имал 3 или 4 години.

Хуан побарал да биде префрлен во Шпанија, и со тоа ја напуштил Америка во 1783 година. Семејството се доселило во Мадрид, но поради неможноста да се обезбеди унапредување, тие се преселиле во Малага. Во Малага Сан Мартин го започнал своето образование во 1785 година.[4] Не е веројатно дека го завршил шестгодишното основно образование пред да се запише во Полкот на Мурсија во 1789 година, веднаш штом наполнил 11 години. Тој ја започнал својата воена кариера како кадет во пешадијата.[5]

Воена кариера во Европа[уреди | уреди извор]

Слика на сцена од битката на Баилен. Ова е една од најзначајните битки од Полуостровската војна во која имал учество и Сан Мартин.

Своите почетоци во воената кариера Сан Мартин ги остварил во Европа. Сан Мартин учествувал во неколку шпански акции во Северна Африка, меѓу кои и борбите во Мелиља и Оран против Мурите во 1791 година.[6] Неговиот ранг бил издигнат на потпоручник во 1793 година, на само 15 годишна возраст. Тој почнал да гради морнаричка воена кариера за време војната на Втората коалиција, кога Шпанија била во сојузништво со Франција во борбите против Велика Британија, за време на Француската револуција. Неговиот брод ХМС Санта Доротеја бил заробен од британските сили, кои пак го држеле Сан Мартин како затвореник одредено време. Многу набрзо, тој продолжил да се бори во јужна Шпанија, воглавно во Кадис и Гибралтар со ранг втор капетан на лесна пешадија. Исто така Сан Мартин продолжил да се бори и со Португалија на страната на Шпанија за време на Портокаловата војна во 1801 година. Сан Мартин бил унапреден во чин капетан во 1804 година.[7] За време на негиот престој во Кадис, тој бил под влијание на идеите на шпанската преродба.[8]

Кога избила Полуостровската војна во 1808 година, Сан Мартин бил именуван како аѓутант на Франсиско Марија Ортиз де Росас. За Росас тогаш се посомневало дека е франкофил (афрансесадо, afrancesado) и бил убиен од страна на општонародните бунтовници и неговото тело било влечено низ улиците. Подоцна, Сан Мартин бил испратен во редовите на војската во Андалусија и предводел баталјон волонтери. Во јуни 1808 година неговата единица била приклучена во герилските борби предводени до Хуан де ла Круз Моурхеон. За време на битката во Архонилја Сан Мартин за многу малку ќе погинел во борбите, но сепак него го спасил наредникот Хуан де Диос. На 19 јули 1808 година шпанските и француските сили влегле во битката на Баилен, каде шпанските сили забележале победа и со тоа се овозможил напад и опсада на Мадрид. За неговите дејства за време на таа битка, Сан Мартин добил златен медал и неговиот ранг бил унапреден на ниво на командант. На 16 мај 1811 година Сан Мартин учествувал во битката на Албуера под команда на генералот Вилијам Кар Бересфорд. До тоа време француските сили го имале под контрола поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, освен Кадис.[9]

Сан Мартин дал отказ од шпанската армија, поради контроверзни причини, и се преселил во Јужна Америка, каде се приклучил на јужноамериканските војни за независност. Историчарите дале неколку предлози за таквата одлука: најчесто поставената теорија е дека му недостасувала неговата татковина, а потоа се предложувала и теоријата дека тој бил британски агент. Според првата теорија се поставува и објаснувањето дека кога увидел дека во Јужна Америка отпочнала војната за независност тој почувствувал должност да служи на татковината. Според втората теорија се предлага објаснувањето дека Британија би имала свои придобивки од независноста на шпанските колонии.[10]

Јужна Америка[уреди | уреди извор]

Аргентина[уреди | уреди извор]

Сабјата на Сан Мартин. Таа била неодвоив елемент од униформата на Сан Мартин.

Неколку дена откако Сан Мартин пристигнал во Буенос Аирес во тогашна Обединети Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина), тој бил на испитување од Првиот триумвират. Тие го назначиле него за командир на коњаницата и побарале од него коњаничка единица, бидејќи Буенос Аирес немал коњаница. Сан Мартин започнал да го организира Полкот на коњанички гренадиери со Алвеар и Запиола. Бидејќи Буенос Аирес нема професионални воени водачи, на Сан Мартин му ја довериле задачата на заштита на целиот град, но сепак тој се фокусирал на градењето на воената единица.[11]

Сан Мартин, Алвеар и Запиола основале локален оддел на ложата Лаутаро, заедно со поранешните поддржувачи на Маријано Морено. Ложата се стремела да ги промовира либералните идеи. Поради нејзината таинственост, не е познато дали таа била масонска ложа или ложа со политички цели. Истата немала врски со Првата голема ложа на Англија. Во септември 1812 година, Сан Мартин се оженил со Марија де лос Ремедиос де Ескалада, 14 годишна девојка од локално богато семејство.[12]

Ложата ја организирала Револуцијата од 8 октомври 1812 година, кога завршиле мандатите на Мануел де Саратеја и Фелисијано Чиклана. Хуан Мартин де Пуејредон ги претставил антиморенистите Мануел Облигадо и Педро Медрано. Воедно, со блокада на гласовите на три членови, тој добил мнозинство. Ова предизвикало незадоволство кај Сан Мартин и Алвеар и тие интервенирале со воена сила и така Ратхаусот (градското собрание) на Буенос Аирес го распуштил триумвиратот. Тој бил заменет со Вториот триумвират составен од Хуан Хосе Пасо, Николас Родригес Пења и Антонио Алварез Хонте.[13] Овој нов триумвират го свикал Собранието од 13 година и го унапредиле Сан Мартин во чин полковник.[14]

Битката во Сан Лоренцо[уреди | уреди извор]

Сцена од битката во Сан Лоренцо.

Додека во Буенос Аирес се разбранувало движењето против монархијата, на другата страна од Рио де ла Плата, Монтевидео бил сè уште монархиско упориште. Хосе Рондо почнал опсада, но монтевидејската морнарица го избегнала тоа со тоа што ги ограбиле околните градови. Во меѓувреме, Сан Мартин бил испратен со новиот полк за да ги набљудува активностите на брегот на реката Парана.[15][16]

Полкот ја следел морнарицата од далеку, избегнувајќи директен контакт. Тие се сокриле во манастирот Сан Карлос во Сан Лоренцо. За време на ноќите, Сан Мартин ги набљудувал непријателските бродови од кровот на манастирот. Монархистите се истовариле во зорите и биле спремни за грабеж, но полкот се спротивставил со борба. Сан Мартин употребил приклештен напад за да ги зароби монархистите. Еден крај од нападот го предводел тој, а другиот Хусто Бермудез.[15][17]

Коњот на Сан Мартин бил убиен за време на битката, и неговата нога била заробена под телото на коњот. Во тој момент, некој од монархистите, најверојатно самиот Забала[18][19] се обидел да го убие Сан Мартин. Истовремено, покрај тоа што бил заробен под коњот, Сан Мартин имал и повреда од сабјата во неговото стапало, како и рана од куршум на неговата рака. Хуан Баутиста Кабрал и Хуан Баутиста Баигорија, членови на полкот, интервенирале и го спасиле животот на Сан Мартин. Кабрал бил смртно ранет во тој обид на спасување.[18]

Битката немала значајно влијание на целокупната војна и не го спречила понатамошниот грабеж. Монтевидео бил конечно заземен од страна на Адмирал Вилијам Браун за време за Втората кампања за Банда Ориентал.[19] Антонио Забала, водачот на монтевидејската војска, служел под команда на Сан Мартин во подоцнежното преминување на Андите.[20]

Армијата од Северот[уреди | уреди извор]

Средба на Мануел Белграно и Хосе де Сан Мартин во Јатасто.

Сан Мартин повторно дошол во Буенос Аирес. Во Буенос Аирес, заедно со неговата сопруга, присуствувал на првата службена изведба на националната аргентинска химна на 28 мај 1813 во театарот Колисео. Според усната традиција оваа изведба се одвила на 14 мај 1813 година во домот на аристократот Марикита Санчес, но сепак за ова нема пишани документи.[21] Текстот на новата химна вклучувала неколку наводи за сецесионистичката желба во тогашното време.[22]

Иако сè уште биле сојузници, Сан Мартин почнал да се оддалечува од Алвеар, кој пак го контролирал Собранието и ложата. Алвеар се спротивставил на трговците и уругвајскиот каудиљо Хосе Хервасио Артигас. За ова Сан Мартин сметал дека е ризичен конфликт особено кога монархистите сè уште биле опасност. Армијата од Северот, или Северната Армија, која оперирала во Горно Перу, била поразена во битката на Вилкапухио и битката на Ајохума, па така триумвиратот го назначил Сан Мартин како водач, заменувајќи го Мануел Белграно.[23][24]

Сан Мартин и Белграно се сретнале во месноста Јатасто. Армијата била во лоша состојба и Сан Мартин првично одбил да го отстрани Белграно од армијата, бидејќи сметал тоа ќе го наруши моралот на војниците. Како и да е, врховниот директор Хервасио Посадас (кој го заменил триумвиратот во владата) инсистирал, па така Сан Мартин делувал како што му било наредено. Сан Мартин останал само неколку седмици во Тукуман, ја реорганизирал армијата и го проучувал теренот. Тој, исто така, имал позитивно влијание врз герилската војна предводена од Мартин Мигел де Гуемес која се борела против монархистите.[25] Таа била одбранбена војна и Сан Мартин сметал дека тие можеби ќе го спречат напредувањето на монархистите во Хухуј.[26][27]

Сан Мартин имал здравствени проблеми во април 1814 година, најверојатно предизвикани од хематемеза. Тој привремено ја предал командата на армијата на Франсиско Фернандес де ла Круз и побарал одмор за да закрепне. Тој дошол во Сантјаго дел Естеро, а потоа во Кордоба, каде полека закрепнувал. За тоа време, кралот Фернандо VII се вратил на престолот, започнал апсолутистичка обнова и започнал со организација на напад на колониите. По едно интервју со Томас Гуидо, Сан Мартин дошол со еден план: организирање армија во Мендоса, да ги преминат Андите, да дојдат во Чиле, потоа во Перу преку море, а сето тоа додека Гуемес ги бранел северните краишта. Овој план би го одвел него во Перу без да ги преминува непогодните предели на Горно Перу, каде две кампањи веќе биле поразени. За да се реализира овој план, тој побарал да биде на чело на гувернаријата на покраината Кујо, што и се случило. Тој станал гувернер на Кујо на 6 септември.[28][29]

Гувернер на Кујо[уреди | уреди извор]

Хосе де Сан Мартин на коњ, покрај својата придружба, ја проверува Армијата на Андите.

Апсолутистичката обнова на Шпанија и растечкото влијание на Артигас создале политичка криза во Буенос Аирес и со тоа Посадас бил принуден да даде оставка. Новиот Врховен директор бил Алвеар, но и тој морал да даде отказ после три месеци. Планот на Сан Мартин бил дополнително искомпликуван со ужасот од Ранкагва, монархистичка победа која го вратила апсолутизмот во Чиле и со тоа се ставил крајот на периодот именуван „Патрија Вјеха“ (Patria Vieja) или „Стара татковина“. Првично, Сан Мартин предложил армија со стандардна големина, за да прати засилување во Чиле, но сепак се премислил и направил поголема армија сè со цел да се ослободи државата.[30] Чилеанците Бернардо О'Хигинс, Хосе Мигел Карера, Луис Карера и Мануел Родригес Ердоиза, водачите на отпорот, побарале прибежиште во Кујо, заедно со нивните армии. О'Хигинс и Родригес биле примени, но браќата Карера имале намера да дејствуваат како влада во егзил. Тие ги игнорирале локалните закони на Кујо и нивните војници извршиле дејствија на вандализам. Сан Мартин ги заробил и ги испратил во Буенос Аирес. Тие предложиле план за ослободување на Чиле, различен од тој на Сан Мартин, кој пак го одбил со мислење дека не е практичен. Ова предизвикало соперништво помеѓу браќата Карера и Сан Мартин.[31][32]

Сан Мартин веднаш започнал со организација на Армијата на Андите. Тој ги мобилизирал сите граѓани кои биле способни за носење и ракување на оружје и сите робови на возраст од 16 до 30. Исто така, тој побарал помош од Буенос Аирес и ја реорганизирал економијата во состојба на производство за војна. Четири месеци откако стапил на функција повторно отишол на рехабилитација поради кревкото здравје, а како негова замена бил назначен Грегорио Пердриел. [33][34]

Владата на Сан Мартин ги употребила некои од идеите на операциониот план на Маријано Морено на почетокот на војната. Комбинацијата на стимулации, конфискации и планирана економија ѝ овозможила на државата да ја снабдува армијата со артилерија, барут, мулиња и коњи, храна, облека и слично. Истовремено се зајакнало и рударството, со зголемен ископ на бакар, сулфур и боракс. Жените биле ангажирани во ткаењето на облека за војниците. Хосе Луис Белтран управувал со воена фабрика од 700 луѓе, која произведувала пушки и потковици. Сан Мартин бил во добри односи и со владата во Буенос Аирес и со каудиљосите, без да стапи во целосно сојузништво со ниту една страна. Така, тој можел да прима помош од двете страни. Според идеологијата на Сан Мартин, војната за независност била поважна од граѓанската војна во Аргентина.[35][36]

Зградата каде се одржал Конгресот од Тукуман. Денес оваа зграда е реставрирана и истата е музеј.

Армијата не била спремна до летото 1815 година, па така преминувањето на Андите било одложено. Имајќи ги предвид лошите услови на планините, преминувањето можело да се реализира само во летниот период, кога имало помалку снег. Откако Алвеар стапил на функција, помош од Буенос Аирес веќе не пристигнала. Сан Мартин предложил да даде отказ на позицијата и да служи под раководство на Балкарке, ако тие ја поддржат кампањата. Сан Мартин и Гуидо напишале извештај во есента 1816 година, со што му ги напишале деталите на операциониот план на врховниот директор Антонио Гонсалес де Балкарке.[37]

Сан Мартин предложил државата (Обединети Покраини на Рио де ла Плата) прво и веднаш да прогласи целосна независност, а потоа да се реализира преминувањето на Андите. На тој начин, тие би дејствувале како независна нација, а не како некој локален бунт.[38] Тој имал големо влијание врз конгресот во Тукуман, конгрес на кој присуствувале претставници од сите покраини и истиот бил основан во март 1816 година. Тој се противел на назначувањето на Хосе Молдес, војник од Салта кој бил против политиката на Буенос Аирес, и се плашел дека Молдес ќе го уништи националното единство. Исто така се противел на предлозите да го назначат Сан Мартин како Врховен директор. Сан Мартин го поддржал неговиот пријател и член на ложата Хуан Мартин де Пуејредон. Пуејредон продолжил со воената помош на Кујо. Тукуманскиот конгрес ја прогласил аргентинската независност на 9 јули 1816 година, под тогашното име Обединети Покраини на Рио де ла Плата.[39] Исто така на конгресот се разговарало за политичкиот систем на новата држава. Генералот Мануел Белграно, кој остварил дипломатски односи со Европа, ги информирал делегатите и државниците дека европските држави побрзо ќе ја прифатат независноста на Аргентина ако истата е монархија. За таа цел, Белграно се појавил со Планот според Инка, односно да се круниса благородно лице од Империјата на Инките како крал (кралското семејство на Сапа Инка владееле до 16 век, односно до моментот кога Империјата на Инките се распаднала).[40] Сан Мартин го поддржал овој план, како и Гуемес и некои други делегати, но не и тие од Буенос Аирес, кои го поткопале проектот и не овозможиле истиот да заживее.[41]

Во потреба од уште повеќе војници, Сан Мартин ја проширил еманципацијата на робовите на возраст од 14 до 55, и дозволил истите да бидат промовирани во повисоки воени рангови. Слична мерка предложил и за национално ниво, но на тоа се противел Пуејредон. Тој исто така вклучил и Чилеанци кои избегале од Чиле за време на ужасот од Ранкагва и ги организирал во целосни единици, секој составен од пешадија, коњаница, артилерија. Кон крајот на 1816 година, Армијата на Андите имала 5000 мажи, 10000 мулиња и 1500 коњи. Сан Мартин организирал воено разузнавање, пропаганда и дезинформации за да ги збуни монархистичките армии.[42][43]

Преминување на Андите[уреди | уреди извор]

Генералите Хосе де Сан Мартин (лево) и Бернардо О'Хигинс (десно) ги поминуваат Андите.

Иако со Конгресот од Тукуман знамето на Аргентина веќе се утврдило, сепак Армијата на Андите не го користела истото. Тие избрале банер со две колони, светлосина и бела, а во средината имало грб кој бил сличен на грбот на Аргентина. Ова бил намерен потег бидејќи армијата не била само аргентинска, туку регионална.[44]

Спротивно на општото мнение, преминувањето на Андите не била првата воена експедиција што ги преминала планините. За разлика од минатите воени експедиции, оваа експедиција имала значајно поголема армија и овој пат армијата требала да биде спремна за борба само што ќе се спуштеле од планините. Армијата била поделена на шест краци, секој крак одел по одредена рута.

Полковник Франсиско Зелада во Ла Риоха одел кон Копијапо преку преминот Коме-Кабалјос. Хуан Мануел Кабот одел од Сан Хуан до Кокимбо. Рамон Фреире и Хосе Леон Лемос предводеле два крака кон југ. Армиите кренале од Мендоса. Сан Мартин, О'Хигинс и Солер предводеле краци преку преимот Лос Патос, а Хуан Грегорио де лас Херас преку преминот Успалјата.[45][46]

Целата операција се одвивала скоро еден месец. Армијата имала сушена храна за војниците, а за стоката имале фуражни култури, поради непријатните околности. Тие, исто така, конзумирале лук и кромид за да спречат висинска болест.[47] Само 4,300 мулиња и 511 коњи преживеале, нешто помалку од половина од првичната бројка.[48]

Мануел Родригес Ердоиза се вратил во Чиле пред да се одвива преминувањето и започнал герилска војна во Сантјаго против монархистите. Тој го извел тоа како поддршка за армијата што доаѓала. Неговата стратегија била да ги окупира околните села, да го заплени оружјето и спречи бегството на монархистите.[49][50]

Чиле[уреди | уреди извор]

Битката на Чакабуко[уреди | уреди извор]

Сцена од битката на Чакабуко помеѓу Армијата на Андите и Шпанската Армија во 1817.

Групите кои ги преминале Андите започнале веднаш со воени дејствија. Северните групи на армијата предводени од Кабот ги поразиле монархистите во Салала, го зазеле Кокумбо и Копијаго. На југ, Фреире го зазел Талка, Лас Херас ги поразил монархистите во Хункалито и Потретилјос.[51] О'Хигингс ги поразил непријателските упоришта во Лас Коимас.[52] Со таквите успеси, групите на Армијата на Андите се собрале во долината на Аконкагва, на падините на Чакабуко. Монархистичкиот командир Рафаел Марото ги пренасочил своите војници кон таа локација кога разбрал за Армијата. Марото имал 2450 војници и 5 парчиња артилерија, додека пак Сан Мартин имал 3600 војници и девет парчиња артилерија. Намерните лажни информации за правецот на движење на Сан Мартин се покажале како предност, така што остатокот од монархистичката армија била расштркана низ регионот.[53][54]

Битката започнала на 12 февруари. Сан Мартин организирал раздвоен напад, каде Солер предводел група војници на западната страна, а О'Хигинс на источната. О'Хигингс, кој бил желен за победа, избрзал со нападот и не се координирал со Солер. Тој потег им дал на монархистите мала предност. Во меѓувреме, Сан Мартин му наредил на Солер да нападне исто така. Комбинираниот напад бил успешен и групата на Сан Мартин забележала победа во битката. Битката завршила со 600 мртви монархисти и 500 заробени лица, а само 12 мртви и 120 повредени на страната на Армијата на Андите.[55][56]

Армијата триумфално влегла во Сантјаго следниот ден.[57] Гувернерот Франсиско Марко дел Понт се обидел да избега во Валпараисо и со намера да отплови кон Перу, но тој бил заробен на 22 февруари и вратен бил во Сантјаго.[58] Уште неколку други службеници биле исто така заробени и испратени во затвор во Сан Луис во Аргентина.[59] Сан Мартин го пратил Марко дел Понт во затвор во Мендоса.[60]

„Патрија Нуева“[уреди | уреди извор]

Бернардо О'Хигинс, најголем поддржувач и соработник на Сан Мартин во Чиле.

Три претсавници од Кокимбо, Сантјаго и Консепсион организирале нова влада и го предложиле Сан Мартин како Врховен директор на Чиле, со што би почнал новиот период на „нова татковина“ или „Патриjа Нуева“ (Patria Nueva). Тој ја одбил оваа понуда и го предложил О'Хигинс како негова замена. Тој сметал дека позицијата Врховен директор треба да ја има некој од Чиле. Наместо да ја извршува таа позиција, Сан Мартин ја организирал морнарицата за да биде спремна за битките во Перу.[61] Тој основал месен оддел на Ложата Лаутаро, именувана по мапучеанскиот водач Лаутаро.[62]

Победата во Чакабуко не го ослободила Чиле целосно. Монархистичките сили сè уште давале отпор во јужно Чиле, кои пак биле во сојузништво со староседелците, Мапучејанците. Лас Херас го окупирал Консепсион за време на битката на Кирапалихуе,[63] но не успеал да го заземе Талкахуано.[64] Отпорт на монархистите траел неколку месеци,[65] и Талкахуано бил заземен кога повеќето од континетот веќе бил ослободен од колонијалната власт.[66]

Сан Мартин го оставил О'Хигинс како главен на новата чилеанска армија и се вратил во Буенос Аирес за да побара ресурси за кампањата во Перу. Во тој период тој не наишол на добар прием. Пејредон сметал дека Чиле треба да изврши компензација на Буенос Аирес за парите кои биле инвестирани во ослободувањето на Чиле, а како причина се навела и опасноста од португалско-бразилската инвазија на Источниот Брег. Поради неможноста финансиски да поддржува, Буенос Аирес го испратил правникот Мануел Агире во САД за да побара помош и да апелира за признавање на независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (односно, Аргентина). Сепак, оваа мисија била неуспешна бидејќи САД во тој момент решиле да бидат неутрални поради нивните тогашни актуелни преговори со Шпанија за купување на Флорида. Чилеанецот Хосе Мигел Карера сам нашол бродови по ужасот во Ранкагва, со кои имал намера да го ослободи Чиле, но поради тоа што Сан Мартин веќе го направил истото, тој не се согласил неговата флота да ја стави под команда на Армијата на Андите. Карера бил непријател на О'Хигинс и барал да управува со Чиле, но Пуејредон го затворил него и му ги конфискувал бродовите.[67]

Во меѓувреме, Сан Мартин побарал помош од британскиот адмирал Вилијам Боуелс. Тој му испратил писмо од Чиле и очекувал да се сретне со него во Буенос Аирес, но Боуелс слегол во Рио де Жанеиро, наместо во Буенос Аирес. Боуелс сметал дека Сан Мартин бил човек на кого повеќе може да му се верува за разлика од Алвеар и го ценел неговиот монархизам. Сан Мартин не се стекнал со бродовите и комуникацијата со Боуелс била прекината неколку месеци. Тој се вратил во Чиле, а неговата сопруга и ќерка останале во Буенос Аирес поради здравствени проблеми. Поради неможноста да добие помош ниту од Буенос Аирес ниту од странство, се ангажирал за финансирање на морнарицата од Чиле.[68]

Битката на Канча Рајада[уреди | уреди извор]

Чилеанците ја објавуваат независноста. 18 февруари 1818 година е денот кога Чиле се оддвоил од Шпанската Империја.

Неуспехот при ослободувањето на Талкахуано бил проследен со морнаричко засилување од север. Вицекралството Перу го испратило Маријано Осорио во обид да го освои Чиле. Монархистите при таквата ситуација би напредувале конпнено кон северно Чиле. Сан Мартин мислем дека не можно да се одбрани Консепсион, па така му наредил на О'Хигинс да го напушти градот. 50.000 Чилеанци тргнале северно заедно со стоката и храната, а сè друго запалиле, сè со цел да не остават ништо за монархистите кога ќе влезат во градот. Како и за време на Тукуманскиот Конгрес, така и сега Сан Мартин побрзал да ја објави независноста на Чиле, да ја легитимизира владата и воените дејствија. Чилеанската декларација на независноста се случила на 18 февруари 1818 година, една година по битката на Чакабуко.[69][70]

Сан Мартин, Лас Херас и Балкарке се сретнале во Курико, а монархистите во Талка, на висорамнината наречена „Канча Рајада“. Патриотите имале бројчена предност, односно 7000 наспроти 4600. Поради тоа Осорио се обидел да избегне отворена битка, и наместо тоа сакал да примени притајна операција. Еден шпион го информирал Сан Мартин дека Осорио не направи ненадеен напад ноќе, но иако бил информиран сепак војската не можела веднаш да се подготви. Илјада војници избегале, 120 умреле, меѓу кои и помошникот на Сан Мартин. О'Хигинс се обидел да се спротивстави со неговата единица, но се повлекол кога бил погоден во раката. Лас Херас успеал се повлече со неговата единица и со тоа спасил 3500 војници. Патриотите избегале во Сантјаго.[71][72]

И покрај поразот, војниците биле пречекани како херои во Сантјаго. Благодарејќи на Лас Херас, потенцијалната катастрофа за патриотите се претворила во мало повлекување.[73] Армијата била повторно реорганизирана, но поради умрените и повредените војници бројката се намалила на 5000 војници, што било приближно со бројката на монархистите. Тие се позиционирале во близина на реката Махпо, во близина на Сантјаго.[74]

Битката на Маипу[уреди | уреди извор]

Portrait of the battle of Maipu
Прегратката од Маипу - симбол на победата во Битката за независност.

Сан Мартин, според дотогашниот контакт, направил првичен увид на монархистичката армија, и забележал дека истата има неколку пропусти од организациски аспект. Така, тој бил посамоуверен во победа над монархистите и тврдел дека Осорио бил потрапав одошто мислел и дека победата е нивна.[75] Битката започнала во 11 часот. Патриотската артилерија на десно пукала кон монархистичката пешадија на лево. Мануел Ескалада предводел коњанички гренадиери за да ги заробат монархистичките артилеријци, со цел да ги пренасочат кон нивните претпосавени. Полкот на Бургос сериозно го нарушил левото крило на патриотите, воглавно составено од поранешни робови, удар во кој умреле околу 400 борци. Сан Мартин наредил коњаничките гренадиери предводени од Хиларион де ла Кинтана да го нападне полкот. Битката наеднаш прекинала и монархистите започнале да се борат со мечеви извикувајќи „Да живее кралот“ и „Да живее татковината“. По некое време монархистите се разбегале.[76][77]

Кога полкот на Бургос сфатил дека нивната линија е пробиена, тие прекинале со отпор и борците започнале да се разбегуваат. Коњаницата гонела и ги убила повеќето од нив. На крајот на битката, монархистите биле заседнати од единиците на Лас Херас на запад, Алварадо во средина, Кинтана на исток и коњаницата на Запиола и Фреире. Осорио се обидел да се повлече кон хасиендата „Ло Еспохо“, но не можел да ја достигне, па така избегал кон Талкахуано. Ордоњез и неговите луѓе ја имале последната битка кај хасиендата и умреле 500 монархисти.[78][79]

Битката завршила попладнето. О'Хигинс, кој сè уште бил повреден во раката, пристигнал кон крајот на битката на Маипи. Кога завршила битката тој извикал „Слава му на спасителот на Чиле!“, мислејќи на Сан Мартин. Како знак на триумф тие се прегрнале седејќи на коњите, и таа сцена денес е позната меѓу историчарите како „прегратката од Маипу“.[78]

Битката на Маипу ја обезбедила чилеанската независност.[80] Освен Осорио и неговите 200 луѓе кои побегнале, сите други монархистички воени лица биле уапсени. Успехот бил поздравен од тогашната патриотска елита, меѓу кои и самиот Боливар.[81]

Тихоокеанска флота[уреди | уреди извор]

Сан Мартин за време на конгресот во Буенос Аирес.

Сан Мартин испратил повторно барање до Боуелс за испорака на бродови, но не добил одговор. Повторно заминал за Буенос Аирес, за да достави слично барање. Тој пристигнал во Мендоса неколку дена по погубувањето на Чилеанците Луис Карера и Хуан Хосе Карера, браќа на Хосе Мигел Карера.[82] Точната иницијатива за тие погубувања е контроверзна. Чилеанскиот историчар Викуња Макена го посочува Сан Мартин, додека пак Х. К. Рафо де ла Рета го обвинува О'Хигинс. Мануел Родригес исто така бил заробен, а подоцна и убиен. За таа смрт можеби дала наредба самата ложа Лаутаро. Сан Мартин нема учество во тоа бидејќи бил на пат за Буенос Аирес.[83]

Сан Мартин не бил добро пречекан во Буенос Аирес. Пуејредон првично одбил да му даде помош, повикувајќи се на конфликтите со федералните кауилјоси и организацијата на огромната монархистичка армија во Кадис која би се обидела повторно да ја освои долината Рио де ла Плата. Тој сметал дека Чиле треба да ја организира морнарицата против Перу, не Буенос Аирес. Сан Мартин разговарал со него и конечно добил 500.000 пезоси. Се вратил во Мендоса со неговата сопруга и ќерка и примил писмо од Пуејредон кој рекол дека Буенос Аирес може да достави само една третина од ветеното. Ова го искмоплицирал проектот, бидејќи ниту Мендоса ниту Сантјаго немале доволно средства. Сан Мартин дал отказ од армијата, но денес не се знае дали отказот е искрен или намерен тактички потег за да се даде притисок врз поддржувачите. Како и да е, Буенос Аирес сè уште го сметал Сан Мартин клучен за националната одбрана, и поради тоа му биле исплатени помош од 500.000 пезоси и го убедувале Сан Мартин да го повлече отказот.[84]

Сан Мартин предложил да биде медијатор помеѓу Буенос Аирес и „Лига федерал“ (Liga Federal, воглавно уругвајски активисти) предводена од Артигас. Тој сметал дека граѓанската војна е контрапродуктивна за националното единство и крајот на насилството ќе овозможи слободни ресурси кои биле потребни за морнарицата. Тој сметал дека Артигас може да го стави мирот под услов, а условот би бил заедничка објава на војна на Бразил (Уругвај се бореле и против бразилската империјалистичка окупација). Така, Сан Мартин предложил прво да се поразат монархистичките сили во Рио де ла Плата, а потоа да се насочат кон ослободување на Банда Ориентал (тогашно име на Уругвај) од бразилска контрола. За ова О'Хигинс сметал дека е ризичен потег во кој Сан Мартин можел да биде фатен. Пуејредон го одбил медијаторството бидејќи не го сметал Артегас на рамниште со него.[85]

Ранкагвански акт[уреди | уреди извор]

Армијата на Андите парадира во Ранкагва.

Иако Артигас бил поразен од лузо-бразилската војска, неговите сојузници Естанислао Лопес и Франсиско Рамирес продолжиле со насилства против Буенос Аирес поради неговата неактивност во борбата против инвазијата на Банда Ориентал. Пуејредон ги повикал Армијата на Андите и Армијата од Северот (предводена од Белграно) да му помогнат на Буенос Аирес. Гидо му напоменал на Сан Мартин дека ако двете армии го направеле тоа, северна Аргентина и Чиле би биле лесно повторно окупирани од монархијата. Сан Мартин исто така знаел дека повеќето од војниците од Армијата на Андите не сакале да му помогнат на Буенос Аирес во граѓанската војна, бидејќи повеќето биле од други покраини или од Чиле. Сан Мартин имал сомнежи и за претпоставеното пристигнување на голема воена експедиција од Шпанија, бидејќи идејата за апсолутна обнова на Империјата имала противници и во самата Шпанија. Сан Мартин на крај ја зачувал армијата во Чиле, во моментот кога поручникот на Белграно, Вијмонте, склучил примирје со Лопес и со тоа тој мислел дека конфликтот е завршен.[86]

Како и да е, министерот за војна Матијас де Иригојен уште еднаш наредил Армијата од Андите да се врати и го назначил Франсиско Фернандес де ла Круз како водич, заменувајќи го Сан Мартин. Тогаш Сан Мартин пак дал отказ и дал до знаење дека армијата нема да биде во можност да ги премине Андите од Чиле во Буенос Аирес бидејќи патот бил блокиран од снег. Сите водичи на воените единици на Армијата на Андите одбиле да одат во Буенос Аирес. Врховниот директор ја повлекол наредбата поради одбивањето на воените водичи и отказот на Сан Мартин, па така Армијата останала во Чиле. Наскоро на Пуејредон му завршил мандатот како Врховен директор и бил заменет од Хосе Рондо.[87]

Морнарицата била конечно оформена во Чиле и на челото на морнарицата бил назначен Томас Кокрејн. Сепак, морнарицата не била испратена веднаш во Перу поради гласините дека можно е да има напад врз Чиле и Аргентина од Шпанија, и во таков случај морнарицата би била испратена во Буенос Аирес. Граѓанската војна продолжила и Сан Мартин уште еднаш се обидел да биде медијатор, но без ефекти. Безуспешно Рондо повтроно побарал да се врати во Буенос Аирес Армијата на Андите.[88] Сан Мартин се вратил во Чиле и се подготвувал за учество во воените морнарички дејствија против Перу (кое сè уште било упориште на Империјата) и со тоа го игнорирал Буенос Аирес. Истото го направила и Армијата од Северот.[89] Без засилување, Рондо бил поразен од страна на федералистите во битката на Кепеда во 1820 година. Конгресот од Тукуман и позицијата Врховен директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата биле распуштени и Обединетите покраини станале конфедерација од 13 покраини без централна сојузна држава. Овој период е познат како Анархијата од 20 година.[90] Буната на шпанскиот генерал Рафаел дел Риего и појавата на жолтата треска во Кадис ставиле крај на опасноста за шпанското повторно освојување на басенот на Рио де ла Плата.[91] Со Ранкагванскот акт Сан Мартин се стекнал со целосна автономија врз Армијата на Андите бидејќи со новата политичка ситуација во Буенос Аирес немало национален авторитет врз армијата.[92]

Перу[уреди | уреди извор]

Перу, кое било тогаш упориште на Монархијата, имало вооружени сили скоро четири пати поголеми во однос на силите на Сан Мартин. Перу располагал со 6244 војници во Лима, 8000 војници во северните покраини, 1263 војници на перуанскиот брег, 1380 војници во Арекипа и 6000 војници во Горно Перу, сè вкупно скоро 23000 војници. Армијата на Андите имала 4000 војници, а морнарицата на Кокрејн имала 1600. Со таков сооднос на воените сили, Сан Мартин избегнувал битки. Наместо отворени битки, тој се обидел да ги подели непријателските сили на неколку локации, како што направил за време на поминувањето на Андите, засилен со Армијата од Северот која би пристигнала од југот и армијата на Симон Боливар од север. Тој, исто така, се обидел да промовира бунтови и негодувања во рамките на империјалната војска. Тој, исто така, ветил еманципација на робовите кои ќе ги напуштат перуанските господари и ќе им се приклучат на војската на Сан Мартин. Во меѓувреме се случила Либералната тригодишница (Trienio Liberal), либерален бунт во Шпанија кој дал отпор на шпанскиот устав од 1812 година и тој настан уште повеќе ги поткопал позициите на Империјата во Јужна Америка, особено лојалноста на монархистичките војници.[93]

Морнарицата запловила од Чиле на 20 август 1820 година. Таа била составена од осум воени бродови, единаесет топовници, 246 топови и екипаж од 1600 Чилеанци. Исто така, имало 12 фрегати и бригадир од 4000 војници на Армијата на Андите. Сан Мартин бил водич на воената експедиција. Тие се растовариле во заливот Паракас, 200 км јужно од Лима на 7 септември и го окупирале околниот град Писко, кој бил напуштен од монархистите.[94][95]

Перуански воени дејствија[уреди | уреди извор]

Баталјонот на Нумансија, поранешна монархистичка единица, се приклучува кон армијата на Сан Мартин.

Перуанскиот вицекрал Хоакин де ла Пезуела добил наредби од Мадрид да преговара со патриотите. Под примирје противниците славеле за време на средбата во Мирафлорес во Лима. Претсавниците на вицекралот предложиле да го усвојат либералниот шпански устав ако Сан Мартин ја напуштел државата, но неговите претставници барале Шпанија да даде целосна независност на Перу. Преговорите немале исход.[96][97]

Сан Мартин ја изолирал Лима од околните региони и го испратил Хуан Антонио Алварез де Ареналес да промовира бунови помеѓу староседелското население. Армијата на Андите се преместила северно од Лима, на крајбрежјето. Сан Мартин и Ареналес го опколиле градот од две страни, а Кокрејн го нападнал пристаништето Ел Калјао. Кокрејн го заробил бродот „Есмералда“ и кралскиот полк Нумансија. Скоро 700 војници на Вицекралството Нова Гренада дезертирале и им се приклучиле на патриотите. Неколку народи во северно Перу го поддржале Сан Мартин, а Ареналес ги поразил монархистите за време на битката на Паско. Повеќе од 300 монархисти им се приклучиле на патриотите, вклучително и Андрес де Санта Крус.[98][99]

Како и да е, плановите не функционирале како што било планирано. Староседелското население кое му се приклучило на Ареналес не можело да се спротивстави на мархистичкиот противнапад,[100] и робовите не се приклучиле на армијата во очекуваната бројка. Аргентинските покраини не можеле да му испратат помош на Сан Мартин и Армијата од Северот повеќе не постоела. Како резултат на тоа, тој му пишал на Симон Боливар, во обид да ги координира дејствата со него.[101]

Пезуела бил сменет со воено-либерален удар и Хосе де ла Серна е Инохоса станал нов вицекрал. Де ла Серна го повикал Сан Мартин за да преговара крај на насилството. Резултатот бил ист како и со Пезуела: Де ла Серна предложил да го воведе уставот на империјата од 1812 (каде Перу е дел од Шпанија), а Сан Мартин побарал независност на Перу (како независна држава). Одбивањето на шпанскиот устав било мотивирано од непропорционало претставување на Америка во Уставното собрание кое го составило уставот. Двете армии се согласите на привремено примирје. Сан Мартин предложил да се основа уставна монархија со европски монарх. Овој предлог бил одбиен со образложение дека Фернандо VII не би го прифатил овој предлог.[102][103]

Заштитник на Перу[уреди | уреди извор]

Прогласувањето на независноста на Перу. На 28 јули 1821 година во Лима Сан Мартин и останатите челници ја објавиле независноста на Перуанците.

Бидејќи немирите се обновиле, Сан Мартин организирал неколку герилски групи во државата, држел опсада на Лима, но не инсистирал да влезе во градот бидејќи не сакал месното население да го смета за освојувач. Сепак, Де ла Серна наеднаш го напуштил градот со неговата армија од непознати причини. Сан Мартин набрзо свикал „отворено кабилдо“ (отворен совет) за да се разговара за независноста на државата, за што веќе било договорено. Со овој предлог, со авторитетот во Лима, со поддршката од северните покраини и опсадата на пристаништето Ел Калјао, Сан Мартин ја објавил независноста на Перу на 28 јули 1821 година. Иако независноста била објавена, војната сè уште не завршила.[104][105]

За разлика од Чиле, во Перу немало месни политичари од рангот на О'Хигинс, па така Сан Мартин станал шеф на владата, иако не ја сакал таа функција. Тој бил назначен како „Заштитник на Перу“, денес функција позната како претседател на Перу. Бидејќи перуанското општество било многу конзервативно, Сан Мартин веднаш не ги реализирал либералните идеи. Провизорните статути содржеле мал број промени и ратификувале неколку веќе постоечки закони.[106] Сите видови ропства кои ги трпеле староседелците биле укинати и истите се стекнале со државјанство. Сепак тој не го укинал ропството целосно. Во Перу имало 40000 сопственици на робови, и Сан Мартин вовел закон со кој се еманципирале децата на робовите и робовите чии сопственици ја напуштиле Лима. Исто така тој ја укинал инквизацијата и вовел слобода на говор.[107] За време на неговиот престој во Перу, Сан Мартин имал романса со Роза Кампузано, жена од Гвајакил.[108]

Кралските армии кои останале на перуанско тло се упатиле кон Лима, предводени од Кантерак. При средбата на непријателските армии ниту една страна не започнала напад. Кантерак тогаш го променил правецот кон Ел Калјао, се снабдил со ресурси и се вратил во неговата база. Повторно немало битка кога се враќале. Без ресурси, Ел Калјао се предал неколку дена подоцна.[109] Двете страни презеле чудни мерки: Сан Мартин му дозволил на Кантерак засилување, а Кантерак оставил клучно воено место, неспособно да се одбрани. До денес нема јасни пишани докази за ваквата збунувачка и нерационална ситуација и настани.[110]

Конкрејн имал неколку спорови со Сан Мартин.[111] Тој разговорал со него за неколку негови дејства и пробувал да ги компромизира. За време на блокадата на Ел Калјао, тој предложил О'Хигинс да ја преземе контролата на мисијата. Бидејќи Сан Мартин бил назначен за Заштитник на Перу, Кокрејн сметал дека тој не е веќе под чилеанска контрола и ја одзел морнарицата. Во наредните години Кокрејн објавил неколку обвинувања против Сан Мартин во Чиле.[112]

Боливар ја презел контролата во Каракас со неговата победа во битката на Карабобо. Конгресор во Кукута усвоил слични закони како тие во Перу. Во меѓувреме и Еквадор во Гвајакил објавил независност и Боливар го испратил Антонио Хосе де Сукре да им помогне. Силите на Сукре не биле доволни и побарал помош од Сан Мартин. Перу испратил трупа од 1300 луѓе во Еквадор. Боливар влегол во градот еден месец подоцна и сметал дека поради историски причини Кито треба да биде главен град на Колумбија.[113]

Сан Мартин и Боливар барале да се генерира латиноамериканска интеграција, но не се согласиле за видот на владата: Боливар сакал републиканско државно уредување, а Сан Мартин уставна монархија бидејќи сметал дека со монархијата побрзо ќе се признаеле државите на меѓународен план.[114] Перу и Колумбија потпишале договор за интеграција, кој требало да се предложи и на Чиле, Обединетите Покраини на Рио де ла Плата и Парагвај, а подоцна и на Обединетите Покраини на Средна Америка и Империјата Бразил.[115]

Средбата во Гвајакил[уреди | уреди извор]

Средба помеѓу Боливар и Сан Мартин. Средбата била во затворени простории, но на сликата е прикажана надвор.

Сан Мартин мислел дека ако ги здружи силите со Боливар ќе биде во можност да ги порази и остатоците од кралските сили во Перу. Двајцата ослободувачи би се сретнале во Кито, па така Сан Мартин го назначил Торе Тагле да управува со владата во Лима додека бил отсутен. Боливар не бил во можност да се сретне со Сан Мартин на договорениот датум, па така Сан Мартин се вратил во Лима но и покрај тоа го оставил Тагле на чело на владата. Боливар се преместил од Кито во Гвајакил, кога се обезбедила независноста. Имало разговори за иднината на регионот: некои делови од Еквадор и поширокиот регион сакале да се спојат со Колумбија, други сакале да се спојат со Перу, а трети пак да се создаде нова нација. Боливар ги завршил разговорите со тоа што го анектирал Гвајакил во Колумбија. Слични притисоци постоеле истото да го направи Сан Мартин, со тоа што Гвајакил (и делови од Еквадор) би се припоиле со Перу.[116]

Средбата во Гвајакил се одржала на 26 јули 1822 година. Тие имале две приватни средби, тој ден и следниот. Бидејќи немало стенографски белешки и сведоци, содржината на средбите не е позната ниту за темата на разговорите. Сепак, според комуникацијата на учесниците со трети лица преку писма може да се претпоставува дека тие зборувале за заедничко делување, можност за создавање заедничка армија, каде командир би бил Боливар, а заменик Сан Мартин.[117][118]

Министерот Бернардо Монтеагудо бил отстранет од функција за време на перуанската побуна, во времето кога Сан Мартин бил отсутен. Сан Мартин дал отказ од позицијата Заштитник на Перу неколку дена подоцна и се вратил во Валпараисо во Чиле. Неколку причини влијаеле врз таквиот потег. Воената дисциплина на Армијата на Андите била нарушена, но Сан Мартин не сакал да преземе мерки против неговите офицери. Авторитетите на Боливар и Сан Мартин, локалното соперништво на нивните држави (Перу и Колимбија), ги ограничиле операциите за заедничка работа: Колумбијците не сакале Боливар да даде нивни луѓе на Сан Мартин, а Перуанците не сакале нивниот заштитник да биде под Боливар. За разлика од Боливар, кој бил поддржан од колумбиската влада, Сан Мартин немал многу ресурси бидејќи Буенос Аирес одбил да го поддржи, а другите покраински гувернери, иако сакале, сепак немале доволно ресурси, а пак Кокрејн заминал со морнарицата, а О’Хигинс ја губел моќта во Чиле. На крај Сан Мартин сметал дека само еден силен авторитет можел да ја спречи балканизацијата на новите јужноамерикански држави. Така тој престанал да ја врши должноста Заштитник на Перу и се повлекол.[119]

Доцнежен живот[уреди | уреди извор]

Портрет на Сан Мартин во подоцнежни години.

По неговото пензионирање, Сан Мартин имал намера да живее во Кујо, Аргентина. Иако војната за незавиност завршила во регионот, сепак граѓанската војна во Аргентина продолжила. Унитарците сакале да ја организираат државата како унитарна со центар во Буенос Аирес, додека федералистите сакале да ја организираат државата како федерална составена од покраини. Сан Мартин имал добри односи со федералистите, a несогласување со унитарецот Бернардино Ривадавија, но сепак се обидувал да биде неутрален. Сопругата на Сан Мартин, Марија де лос Ремедиос де Ескалада, умрела во 1823 година, па така тој се вратил во Буенос Аирес. Тој ја зел неговата ќерка Мерседес Томаса, која живеела со семејството на мајка ѝ, и отпловиле за Европа.[120]

По неуспешен обид да се насели во Франција, тој се преселил во Британија и подоцна во Брисел. Тој имал намера да живее таму сè додека неговата ќерка не го заврши нејзиното образование и потоа да се врати во Аргентина. Додека бил во Брисел, Ривадавија дошол во истиот град и имал намера да го предизвика Сан Мартин на двобој, но во тоа го разубедил Диего Пароасјен.[121]

Иако имал недоразбирања со Ривадавија, и кој воедно бил избран за претседател на Аргентина, сепак Сан Мартин ги понудил своите воени способности за време на војната со Бразил, но тој не добил одговор. Заминал за Аргентина кога претседател на Аргентина бил Мануел Дорего. Како и да е, додека патувал накај Јужна Америка унитарците пак се обидувале да ја заземат власта во Аргентина, така, додека бил во Рио де Жанеиро разбрал дека унитарците го заробиле Дорего, а кога пристигнал во Монтевидео ја примил веста дека Дорего бил погубен и унитарците започнале кампања против сите федералисти. Бродот пристигнал во Буенос Аирес, но Сан Мартин не слегол и се вратил во Моневидео. Подоцна Сан Мартин се вратил во Брисел.[122]

Федералецот Хуан Маниел де Росас започнал со обиди да ја смири граѓанската војна во Аргентина која била започната од Хуан Лавелје. Сан Мартин и Росас поради сличните ставови станале блиски пријатели. Во меѓувреме Сан Мартин го напуштил Брисел поради белгиската револуција и епидемијата од колера во 1831. Сан Мартин и ќерка му се доселиле во Париз и двајцата се разболеле. Во Париз биле пречекани од Маријано Балкарке, кој им пружил помош. Балкарке се оженил со Мерседес и имале ќерка - Марија Мерседес.[123]

Во 1837 година, Франција започнала со блокадата на Рио де ла Плата како контрамерка на Росас. Сан Мартин ги понудил своите воени вештини на Росас, но бил одбиен поради неговите поодминати години. Како знак на поддрршка, Сан Мартин му ја поклонил сабјата на Росас.[124]

За време на француската револуција од 1848 година, Сан Мартин го напуштил Париз и заминал за Булоњ-сур-Мер. Кога се преселил таму бил скоро слеп и имал многу здравствени проблеми. Сепак, тој продолжил да праќа писма во Јужна Америка. Хосе де Сан Мартин умрел во неговиот дом, на 17 август 1850 година, во 17 часот по месно време.[125]

Посмртни останки[уреди | уреди извор]

Мавзолејот на Сан Мартин во катедралата во Буенос Аирес. Гробот го чуваат трите персонификации на Чиле, Аргентина и Перу.

Хосе де Сан Мартин умрел на 17 август 1850 година, во неговата куќа во Булоњ-сур-Мер во Франција. Тој бил погребан во Базиликата Нотрдам де Булоњ и неговите останки останале таму до 1861 година. Во неговиот тестамент тој изјавил дека по смртта сака да биде одведен до гробиштата без никаков погреб, а подоцна да биде префрлен во Буенос Аирес. За ова Балкарке го известил Росас и министерот за надворешни работи Фелипе Арана. Балкарке го следел балсамирањето на Сан Мартин. Исто така, тој ја испратил сабјата на Сан Мартин во Росас.[126]

Сепак, поради бунтот на Хусто Хосе де Уркиза против Росас во 1851 година, поразот на Росас во битката на Касерос и хаосот што проследил, влијаело врз одложувањето на префрлањето на телото на Сан Мартин во Буенос Аирес. Во меѓувреме, Буенос Аирес се одделил од Аргентина (за време на граѓанската војна) на чело со унитарците, кои пак од другата страна го мразеле Сан Мартин. Така, во тоа време, преместувањето на телото на Сан Мартин се одложило за неопределено. Бидејќи бил свесен за сето ова, Балкарке наредил изградба на гроб на гробиштата во Булоњ-сур-Мер за телото на Сан Мартин.[127]

Останките на Сан Мартин конечно биле донесени во Аргентина на 29 мај 1880 година, за време на претседателскиот мандат на Николас Авелјанеда. Мавзолејот на Сан Мартин бил сместен во Метрополитската катедрала во Буенос Аирес.[128]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John Lynch, San Martin: Argentine Soldier, American Hero (2009)
  2. Galasso 2000, стр. 14–15.
  3. Galasso 2000, стр. 11–12.
  4. Galasso 2000, стр. 22–24.
  5. Galasso 2000, стр. 24.
  6. Galasso 2000, стр. 24–26.
  7. Galasso 2000, стр. 26–27.
  8. Galasso 2000, стр. 28.
  9. Galasso 2000, стр. 26–32.
  10. Galasso 2000, стр. 33–50.
  11. Galasso 2000, стр. 65–76.
  12. Galasso 2000, стр. 77–85.
  13. Abad de Santillán 1965, стр. 498–500, Vol. I.
  14. Galasso 2000, стр. 85–89.
  15. 15,0 15,1 Galasso 2000, стр. 91.
  16. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 73.
  17. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 74.
  18. 18,0 18,1 Galasso 2000, стр. 92.
  19. 19,0 19,1 Camogli & de Privitellio 2005, стр. 76.
  20. Galasso 2000, стр. 93–95.
  21. Galasso 2000, стр. 102.
  22. Galasso 2000, стр. 101–104.
  23. Galasso 2000, стр. 104–110.
  24. Abad de Santillán 1965, стр. 506–507, Vol. I.
  25. Abad de Santillán 1965, стр. 537, Vol. I.
  26. Galasso 2000, стр. 111–121.
  27. Abad de Santillán 1965, стр. 581, Vol. I.
  28. Galasso 2000, стр. 123–130.
  29. Abad de Santillán 1965, стр. 1–3, Vol. II.
  30. Galasso 2000, стр. 131.
  31. Galasso 2000, стр. 212.
  32. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 7.
  33. Galasso 2000, стр. 133–136.
  34. Abad de Santillán 1965, стр. 526, Vol. I.
  35. Galasso 2000, стр. 143–156.
  36. John Lynch, The Spanish American Revolutions 1808–1826 (2nd ed. 1986)
  37. Galasso 2000, стр. 157–163.
  38. Abad de Santillán 1965, стр. 548–549, Vol. I.
  39. Galasso 2000, стр. 165–178.
  40. Abad de Santillán 1965, стр. 549–550, Vol. I.
  41. Galasso 2000, стр. 179–189.
  42. Galasso 2000, стр. 191–202.
  43. Abad de Santillán 1965, стр. 9–10, Vol. II.
  44. Galasso 2000, стр. 203–206.
  45. Galasso 2000, стр. 206–208.
  46. Abad de Santillán 1965, стр. 12–13, Vol. II.
  47. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 13.
  48. Galasso 2000, стр. 209–210.
  49. Galasso 2000, стр. 214–217.
  50. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 10.
  51. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 76–79.
  52. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 81–82.
  53. Galasso 2000, стр. 219–220.
  54. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 84.
  55. Galasso 2000, стр. 220–221.
  56. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 85–92.
  57. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 92.
  58. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 91–92.
  59. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 18.
  60. Galasso 2000, стр. 221–222.
  61. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 19.
  62. Galasso 2000, стр. 224.
  63. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 92–93.
  64. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 98–101.
  65. Galasso 2000, стр. 224–226.
  66. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 101.
  67. Galasso 2000, стр. 227–234.
  68. Galasso 2000, стр. 235–246.
  69. Galasso 2000, стр. 247.
  70. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 102.
  71. Galasso 2000, стр. 247–248.
  72. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 102–107.
  73. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 107.
  74. Galasso 2000, стр. 248.
  75. Galasso 2000, стр. 250.
  76. Galasso 2000, стр. 250–251.
  77. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 108–115.
  78. 78,0 78,1 Galasso 2000, стр. 251.
  79. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 115–118.
  80. Camogli & de Privitellio 2005, стр. 118–119.
  81. Galasso 2000, стр. 251–254.
  82. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 32.
  83. Galasso 2000, стр. 265–267.
  84. Galasso 2000, стр. 269–277.
  85. Galasso 2000, стр. 279–286.
  86. Galasso 2000, стр. 287–293.
  87. Galasso 2000, стр. 293–299.
  88. Galasso 2000, стр. 301–308.
  89. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 52.
  90. Galasso 2000, стр. 309–320.
  91. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 44.
  92. Galasso 2000, стр. 321–327.
  93. Galasso 2000, стр. 334–336.
  94. Galasso 2000, стр. 337.
  95. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 50.
  96. Galasso 2000, стр. 338.
  97. Abad de Santillán 1965, стр. 49–53, Vol. II.
  98. Galasso 2000, стр. 339–340.
  99. Abad de Santillán 1965, стр. 53–55, Vol. II.
  100. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 55.
  101. Galasso 2000, стр. 341.
  102. Galasso 2000, стр. 342–347.
  103. Abad de Santillán 1965, стр. 58–59, Vol. II.
  104. Galasso 2000, стр. 349–353.
  105. Abad de Santillán 1965, стр. 59–63, Vol. II.
  106. Galasso 2000, стр. 353–358.
  107. Galasso 2000, стр. 359–368.
  108. Galasso 2000, стр. 381–383.
  109. Abad de Santillán 1965, стр. 64–66, Vol. II.
  110. Galasso 2000, стр. 369–371.
  111. Abad de Santillán 1965, Vol. II, p. 67.
  112. Galasso 2000, стр. 372–383.
  113. Galasso 2000, стр. 383–385.
  114. Galasso 2000, стр. 387–395.
  115. Galasso 2000, стр. 397–406.
  116. Galasso 2000, стр. 407–409.
  117. Galasso 2000, стр. 407–421.
  118. Abad de Santillán 1965, стр. 73–74, Vol. II.
  119. Galasso 2000, стр. 423–437.
  120. Galasso 2000, стр. 453–465.
  121. Galasso 2000, стр. 467–476.
  122. Galasso 2000, стр. 477–495.
  123. Galasso 2000, стр. 497–521.
  124. Galasso 2000, стр. 523–558.
  125. Galasso 2000, стр. 559–570.
  126. Galasso 2000, стр. 569–574.
  127. Galasso 2000, стр. 574–577.
  128. Galasso 2000, стр. 584.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Lynch, John. San Martin: Argentine Soldier, American Hero
  • Lynch, John. The Spanish American Revolutions 1808–1826 (2nd ed. 1986)
  • Abad de Santillán, Diego (1965). Historia Argentina (шпански). Buenos Aires: TEA (Tipográfica Editora Argentina).
  • Camogli, Pablo; de Privitellio, Luciano (2005). Batallas por la Libertad (шпански). Buenos Aires: Aguilar. ISBN 978-987-04-0105-6.
  • Galasso, Norberto (2000). Seamos libres y lo demás no importa nada [Let us be free and nothing else matters] (шпански). Buenos Aires: Colihue. ISBN 978-950-581-779-5.
  • Mayochi, Enrique Mario. „San Martín visto por los artistas“ [San Martín saw by artists] (шпански). San Martín National Institute. Архивирано од изворникот на 1 јуни 2012. Посетено на 14 јули 2012.
  • Documentos para la historia del Libertador General San Martín [Documents for the history of Liberator General San Martín] (шпански). Buenos Aires: Instituto Nacional Sanmartiniano and Museo Histórico Nacional. 1953.
  • Crow, John (17 January 1992). The Epic of Latin America. Berkeley, California: University of California Press. ISBN 978-0-520-07723-2.
  • Dellepiane, Carlos (1965). Historia militar del Perú [Military history of Peru] (шпански). Buenos Aires: Círculo Militar.
  • Espíndola, Adolfo (1962). San Martín en el Ejército Español en la península [San Martín in the Spanish Army in the peninsula] (шпански). Buenos Aires: Comisión Nacional Ejecutiva del 150 Aniversario de la Revolución de Mayo.
  • Harvey, Robert (2000). Liberators: Latin America's Struggle For Independence. New York: The Overlook Press, Peter Mayer Publishers. ISBN 978-1-58567-072-7.
  • Higgins, James (2014). The Emancipation of Peru: British Eyewitness Accounts. Online at https://sites.google.com/site/jhemanperu
  • Levene, Ricardo (1936). Historia de la Nación Argentina [History of the Argentine Nation] (шпански). Buenos Aires: Editorial El Ateneo.
  • Montes i Bradley, Ricardo Ernesto (1952). El agricultor José de San Martín [The farmer José de San Martín] (шпански). Mexico: Editorial Perspectivas.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
нема
Претседател на Перу
1821–1822
Наследник
Франсиско Хавиер де Луна Писаро
Претходник
Хосе Мигел Карера
Генерал
1817–1819
Наследник
Бернардо О'Хигинс
Претходник
Маркос Гонсалес де Балкарке
Гувернер на Кујо
1814–1816
Наследник
Торибио Лузуријага
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Хосе де Сан Мартин“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).