Хенрик Шенкевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хенрик Шенкевич
Henryk Adam Aleksander Pius Sienkiewicz
Занимањероманописец
НационалностПолјак
ПериодXIX - XX век
Значајни наградиНобелова награда за литература во 1905
Споменик на Шенкевич, во Окрзеја. Лево е селото на семејството на писателот, Волја Акшејиска, каде што се родил.

Хенрик Адам Александар Пиус Шенкевич (полски: Henryk Adam Aleksander Pius Sienkiewicz, 5 мај 184615 ноември 1916) — полски новинар и романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1905 година. Бил еден од најпопуларните полски писатели на преминот од XIX кон XX век. Негово најпознато дело е романот „Кво вадис“ (Quo Vadis) од 1895 година, во кој се опишува ширењето на христијанството во Рим, како и палењето на Рим од страна на Нерон, за што ги обвинил христијаните.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шенкевич е роден на 5 мај 1846 година, во Волја Окшејска. Потекнува од земјопоседничко семејство, но татко му го продал имотот и се преселил во Варшава. Уште во детството, Хенрик ја засакал историјата, особено полската и за време на распустите ја посетувал баба си во селото, каде ги читал делата од постарата полска книжевност и ги слушал приказните за славните предци и за подвизите на полските јунаци. Шенкевич студирал медицина на Варшавскиот универзитет, кој тогаш се викал Главна школа, но набргу се префрлил на историско-филолошките студии. Во 1876 година заминал на долго патување низ Европа и САД, каде се задржал сѐ до 1878 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Првите книжевни творби на Шенкевич потекнуваат од времето на неговите студии во Варшава, кога пишувал книжевни и театарски прикази, книжевни студии, статии и хроники од општествениот живот, новели и раскази. Подоцна, за време на своето патување низ Европа и САД, тој пишувал интересни дописи, а во неговите тогашни раскази се чувствува далеку поголема зрелост. Инспириран од полската историја, во периодот 1883-1888 година ја напишал својата славна трилогија („Со оган и меч“, „Потоп„ и „Пан Волоѓовски“), по што објавил два романа со тема од полскиот општествен живот – неговиот најдобар психолошкиот роман „Без догми“ (1891) и неубедливиот роман „Семејството Полањецки“ (1893-1894). Потоа, кон крајот на 1894 година, во едно списание се појавува романот „Кво вадис?“, кој во 1896 година бил објавен како посебна книга. Во 1900 година се појавил уште еден негов голем историски роман, „Крстоносци“, а во 1911 година го објавил младинскиот роман „Низ пустината и прашумата“. Во 1905 година, Шенкевич ја добил Нобеловата награда.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Djordje Živanović, „Beleška o piscu i delu“, во: Henrik Sjenkjevič, Quo Vadis?, стр. 568-569.
  2. Djordje Živanović, „Beleška o piscu i delu“, во: Henrik Sjenkjevič, Quo Vadis?, стр. 568-569.