Хаџи Маала
Хаџи Маала Πέντε Βρύσες | |
---|---|
Координати: 40°48′N 23°9′E / 40.800° СГШ; 23.150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Богданска Планина |
Надм. вис. | 322 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 302 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Хаџи Маала (грчки: Πέντε Βρύσες, Пенде Врисес; до 1927 г. Χατζή Μαχαλέ, Хаѕи Махале[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 302 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 452 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Хаџи Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 80 жители Турци[3][4].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 178 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 328 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Пенде Врисес.[6]
Население
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 134 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 260 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 288 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 318 жители, во 1971 година имало 28 жители, во 1981 година имало 317 жители, додека во 1991 година имало 344 жители[8]. Денеска, населението на селото е 322 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 288 | 318 | 218 | 317 | 344 | 322 | 332 | 302 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Манастир „Св. Троица“ од 1969 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Πέντε Βρύσες
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 117.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.
|