Хајлигенграбе

Координати: 53°09′N 12°21′E / 53.150° СГШ; 12.350° ИГД / 53.150; 12.350
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајлигенграбе
Црква во Грабов
Црква во Грабов
Црква во Грабов
Грб на Хајлигенграбе
Хајлигенграбе во рамките на Германија
Хајлигенграбе
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Источен пригниц-Рупин
Месни единици 14
Градоначалник Егмонт Хамелов (Wählergruppe Heiligengraber Land)
Основни податоци
Површина 232,30 км2
Надм. височина 75 м
Население 4.379 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 19 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OPR
Пошт. бр. 16909
Повик. бр. 033962
Портал www.heiligengrabe.de
Местоположба на Хајлигенграбе во рамките на округот Источен пригниц-Рупин
Карта
Карта
Координати 53°09′N 12°21′E / 53.150° СГШ; 12.350° ИГД / 53.150; 12.350

Хајлигенграбе (германски: Heiligengrabe) — општина во округот Источен Пригниц-Рупин, во Бранденбург, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Општината се состои од 13 единици: Бладиков, Блезендорф, Блументал, Грабов кај Блументал, Херцшпрунг, Јабел, Кенигсберг, Либентал, Маулбервалде, Папенбрух, Розенвинкел, Верников и Цацке.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градина со ароматични треви, зградата на манастирот и капелата

Опатија[уреди | уреди извор]

Опатијата „Хајлигенграбе“ (Светиот Гроб; порано наречена „Техов“) била основана како цистецијански манастир во 1289 од Хајнрих, бискуп на Хафелберг и маркгрофот Отон, првично за 12 калуѓерки.

Опатијата се здобила со значително богатство и имот во областа, делумно преку приходот од поклонението и делумно преку парични прилози од благородничките семејства од областа, особено кога една од нивните ќерки ќе влегла во опатијата. Помеѓу калуѓерките биле членови и на семејствата Ганс цу Путлиц, Фон Квицов, Фон Рор, Фон Винтерфелд и Фон Блументал. Опатицата Хенриета фон Винтерфелт имала караница со војводата на Мекленбург, кој одбил да го плати долгот кон опатијата. Така, таа позајмила артилерија и му објавила војна на Мекленбург, напаѓајќи го преку блиската граница. Во време на Реформација, опатицата Ана фон Квицов не ја прифатила новата деноминација и одбила да плаќа данок.

По реформацијата, претходната функција на опатијата, обезбедување засолниште за немажените жени од локалните благороднички семејства, не прекинала со неговата секуларизација. Така, поранешната римокатоличка опатија станала лутерански женски манастир.

Друга инфраструктура[уреди | уреди извор]

Во Хајлигенграбе е кулата за набљудување Блументал, потполно изградена од дрво и отворена за јавноста во 2004.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]