Хаким Олајџувон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаким Олајџувон


Лични информации
Роден на 21 јануари 1963(1963-01-21)(61 г.)
Роден во Лагос, Нигерија
Националност Нигерија Нигерија
САД САД
Висина 1,83 м
Тежина 75 кг
Позиција центар
Информации за кариерата
Колеџ Хјустон (1981–1984)
Драфт 1984 / Рунда: 1 / Пик: 1
Избран од:
Хјустон Хјустон Рокетс
Проф. кариера 1984–2002
Сениорски клубови
Години: Клубови:
1984–2001
2001–2002
Хјустон Хјустон Рокетс
Торонто Торонто Репторс
Репрезентација
1996 САД САД


Хаким Абдул Олајџувон (21 јануари 1963 во Лагос) — пензиониран американско-нигериски професионален кошаркар кој настапувал за екипите на Хјустон Рокетс (1984–2001) и Торонто Репторс (2001–2002) во НБА. Олајџувон играл на позицијата центар и има освоено два последователни шампионски прстени во НБА со екипата на Хјустон во 1994 и 1995. Во 2008 бил примен во НБА куќата на славните, а во 2016 влегол и во ФИБА куќата на славните. Со своите 213 см висина, Олајџувон се смета за еден од најдобрите центри на сите времиња кои настапувале во НБА.[1] Неговиот прекар „The Dream“ го добил бидејќи забивал толку лесно што личело „како во сон“.[2]

Роден во Лагос, Нигерија, Олајџувон заминал во САД да настапува за универзитетот во Хјустон под водство на тренерот Гај Луис. Олајџувон бил одбран како прв пик на драфтот во 1984 од страна на Хјустон Рокетс, пред играчи како Мајкл Џордан, Чарлс Баркли, и Џон Стоктон, кои исто така учествувале на драфтот таа година. Дуото Олајџувон и неговиот соиграч Ралф Самсон (2,24 м) биле познати како „кулите близначки“ и ја однеле екипата на Хјустон во финалето од 1986, каде загубиле од Бостон Селтикс со 4–2. Откако Самсон заминал во Голден Стејт Вориорс, Олајџувон станал предводник на Рокетс и бил двапати најдобар скокач во НБА (1989 и 1990) и трипати со најмногу блокади (1990, 1991, и 1993).

Иако Олајџувон за малку ќе бил разменет во друга екипа поради разликите околу продолжување на неговиот договор со управата, тој останал во Хјустон и во сезоната 1993–94 станал најкорисен играч на сезоната, МВП на финале, и одбранбен играч на годината во НБА. Следната сезона ја одбранил шампионската титула во НБА, а во финалињата неговата екипа славела победи против Њујорк Никс и Орландо Меџик. Олајџувон бил член на кошаркарската репрезенрација на САД со која освоил злато на олимпијадата во 1996. Бил избран помеѓу 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА, а кариерата ја завршил како играч со најмногу блокади во историјата на НБА (3,830) и еден од четворицата кошаркари што забележал кводрупл-дабл (преку 10 бода, скокови, асистенции, и блокади на натпревар).

Титули и признанија[уреди | уреди извор]

  • 2× НБА шампион (1994, '95)
  • МВП на финале (1994, '95)
  • Најкорисен играч (1994)
  • 2× Одбранбен играч на годината (1993, '94)
  • 6× Прва НБА петорка (1987, '88, '89, '93, '94, '97)
  • 3× Втора НБА петорка ('86, '90, '96)
  • 3× Трета НБА петорка (1991, '95, '99)
  • 5× Прва одбранбена НБА петорка ('87, '88, '90, '93, '94)
  • 4× Втора одбранбена НБА петорка ('85, '91, '96, '97)
  • 12× Ол-Стар
  • Златен олимписки медал (1996)
  • Еден од 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА (1996).

НБА статистика[уреди | уреди извор]

Сезона во која Олајџувон освоил НБА првенство
* Најмногу во лига
Зацрнето Најмногу во кариера

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Сезона Возраст Екипа GP GS MIN FG% 3P% FT% OFF DEF REB AST STL BLK TOV PF PTS
1984–85 22 Хјустон 82* 82* 35.5 .538 .613 5.4 6.5 11.9 1.4 1.2 2.7 2.9 4.2 20.6
1985–86 23 Хјустон 68 68 36.3 .526 .645 4.9 6.6 11.5 2.0 2.0 3.4 2.9 4.0 23.5
1986–87 24 Хјустон 75 75 36.8 .508 .200 .702 4.2 7.2 11.4 2.9 1.9 3.4 3.0 3.9 23.4
1987–88 25 Хјустон 79 79 35.8 .514 .000 .695 3.8 8.3 12.1 2.1 2.1 2.7 3.1 4.1 22.8
1988–89 26 Хјустон 82* 82* 36.9 .508 .000 .696 4.1 9.4 13.5* 1.8 2.6 3.4 3.4 4.0 24.8
1989–90 27 Хјустон 82* 82* 38.1 .501 .167 .713 3.6 10.4 14.0* 2.9 2.1 4.6* 3.9 3.8 24.3
1990–91 28 Хјустон 56 50 36.8 .508 .000 .769 3.9 9.8 13.8 2.3 2.2 3.9* 3.1 3.9 21.2
1991–92 29 Хјустон 70 69 37.7 .502 .000 .766 3.5 8.6 12.1 2.2 1.8 4.3 2.7 3.8 21.6
1992–93 30 Хјустон 82 82* 39.5 .529 .000 .779 3.5 9.6 13.0 3.5 1.8 4.2* 3.2 3.7 26.1
1993–94† 31 Хјустон 80 80 41.0 .528 .421 .716 2.9 9.1 11.9 3.6 1.6 3.7 3.4 3.6 27.3
1994–95† 32 Хјустон 72 72 39.6 .517 .188 .756 2.4 8.4 10.8 3.5 1.8 3.4 3.3 3.5 27.8
1995–96 33 Хјустон 72 72 38.8 .514 .214 .724 2.4 8.4 10.9 3.6 1.6 2.9 3.4 3.4 26.9
1996–97 34 Хјустон 78 78 36.6 .510 .313 .787 2.2 7.0 9.2 3.0 1.5 2.2 3.6 3.2 23.2
1997–98 35 Хјустон 47 45 34.7 .483 .000 .755 2.5 7.3 9.8 3.0 1.8 2.0 2.7 3.2 16.4
1998–99 36 Хјустон 50* 50* 35.7 .514 .308 .717 2.1 7.4 9.6 1.8 1.6 2.5 2.8 3.2 18.9
1999–00 37 Хјустон 44 28 23.8 .458 .000 .616 1.5 4.8 6.2 1.4 0.9 1.6 1.7 2.0 10.3
2000–01 38 Хјустон 58 55 26.6 .498 .000 .621 2.1 5.3 7.4 1.2 1.2 1.5 1.4 2.4 11.9
2001–02 39 Торонто 61 37 22.6 .464 .000 .560 1.6 4.4 6.0 1.1 1.2 1.5 1.6 2.4 7.1
Просек 1,238 1,186 35.7 .512 .202 .712 3.3 7.8 11.1 2.5 1.7 3.1 3.0 3.5 21.8
Разигрување 145 140 39.6 .528 .222 .719 3.2 7.9 11.2 3.2 1.7 3.3 2.9 3.9 25.9
Ол-Стар 12 8 23.2 .409 1.000 .520 3.2 4.7 7.8 1.4 1.3 1.9 2.2 2.6 9.8

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ruley, Clayton. Top Five Centers in NBA History Архивирано на 7 март 2007 г., geoclan.com, accessed January 3, 2007.
  2. Hakeem Encyclopedia C-D

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: