Хавиер Ернандес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мексико Хавиер Ернандес
Лични податоци
Роден на 1 јуни 1988
Роден во Гвадалахара, Мексико
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број 17
Младинска кариера
Гвадалахара
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Гвадалахара 64 (26)
2011- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 68 (31)
2014–2015Реал Мадрид Реал Мадрид 23 (7)
2015–2017 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 54 (28)
2017- Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 0 (0)
Репрезентација
2009- Мексико Мексико 99 (49)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 16 јануари 2012

Хавиер Ернандес Балкасар (шпански изговор: [ xaβjer ernandes]; роден на 1 јуни 1988) — мексикански фудбалер, напаѓач на Вест Хем Јунајтед и на мексиканската репрезентација. Познат е по неговиот прекар, Чичарито (превод на мак. мал грашок), кој го носи на дресот.

Тој ја започнал својата кариера во мексиканскиот клуб Гвадалахара, пред да стане првиот мексикански играч што му се приклучил на Манчестер Јунајтед во јули 2010 година. По четири сезони со Јунајтед во кој освоил два наслова во Премиер лигата, Ернандес бил позајмен во Реал Мадрид во сезоната 2014-2015, пред да биде продаден на Бајер Леверкузен во август 2015.

Ернандес го направил своето деби за Мексико во септември 2009 година во натпреварот против Колумбија, тој исто така, настапил и на Светското првенство 2010 во Јужна Африка и КОНКАКАФ Голд Купот 2011. Тој бил најдобар стрелец на Голд купот со 7 гола и бил прогласен за најкорисен играч на турнирот. Тој е најдобриот стрелец на мексиканската репрезентација на сите времиња со 49 постигнати гола.

Кратка биографија и раните години од живот[уреди | уреди извор]

Ернандес е роден во Гвадалахара и за првпат играл во рекреативната лига кога имал седум години. Неговиот татко, Хавиер Ернандес Гутиерез, и самиот претходно репрезентативен напаѓач на Мексико, изјавил дека никогаш не помислил дека неговиот син, всушност, ќе го направи тоа како професионалец. Ернандес и се приклучи на Гвадалахара на возраст од девет години и го потпишал својот прв професионален договор кога имал 15 години. Тој бил избран да игра на Светско првенство на ФИФА за играчи под 17 години, но повредата го отстранила од тимот што на крајот го освои првенството.

Чичарито е син на Хавиер Ернандес Гутиерез, кој играл за мексиканскиот тим Текос и за Мекико на Светското првенство во фудбал 1986. Ернандес е исто така и внук на Томас Балказар кој исто така играл за Гвадалахара и за Мекико, но на Светското првенство 1954. Балказар на тоа првенство во 1954 имал 22 години и постигнал погодок против Франција, додека Хавиер Ернандес на Светското првенство 2010 постигна гол против Франција исто така на 22 години.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гвадалахара[уреди | уреди извор]

Ернандес почнал да игра во пониската екипа на Чивас, Chivas Coras во сезоната 2005-06. Тој го направил своето деби за Чивас Гвадалахара во Апертура 2006 во победата над Некакса на Естадио Халиско. При резултат од 3-0, Чичарито влегол како замена за Омар Браво во 82 минута, пред да го постигне четвртиот гол во мечот пет минути подоцна. Тоа бил неговиот единствен гол во седумте настапи во сезоната 2006-07. Тој настапил на уште шест натпревари во сезоната 2007-08 без погодок.

Ернандес настапил десет пати во Апертура 2008 без да постигне гол, но тој постигнал четири гола во петнаесет настапи во Клаусура 2009. Во Апертура 2009, Ернандес го завршил првенството како најдобар стрелец , заедно со уште двајца други играчи со по единаесет гола, во седумнаесетте мечеви во кој настапи. На стартот на првенството 2010 година тој постигнал осум гола на пет натпревари. Тој завршил како заеднички-водач на списокот на стрелците во првенството 2010 година, со десет гола во единаесет меча по пропуштените 5 натпревари поради повреда.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Трансфер[уреди | уреди извор]

Ернандес на своето деби за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед за првпат беа заинтересирани за Ернандес во октомври 2009 година; Скаутот отиде во Мексико подоцна во декември и изјави дека мислењето му е позитивно по гледањето на неколку меча. Поради возраста на Ернандес, клубот првично планираше да причека пред да потпише со играчот, но неговиот потенцијал и придонесот за репрезентацијата на Светското првенство беа пресудни во Јунајтед да побрзаат со правење на понудата. Главниот скаут на Јунајтед, Џим Лаулор, беше испратен во Мексико за три недели во февруари и март за да го прати Ернандес и поднесе уште еден позитивен извештај за него, пред клупскиот адвокат да замине во Мексико да ја финализира документацијата.

На 8 април 2010 година, Ернандес склучи договор и потпиша за Манчестер Јунајтед за непозната сума, а повод за трансферот во овој период беше поднесувањето апликација за работна дозвола. Претходниот ден, Ернандес бил присутен на мечот на Манчестер Јунајтед во четврт-финалето на Лигата на шампионите,кога беше победен Баерн Минхен на Олд Трафорд. Договорот беше спроведен во целосна тајност; агентот на Ернандес беше чуван во темница, како што беше и неговиот дедо Томас Балказар. Како дел од договорот, Јунајтед требаше да одигра пријателски натпревар против Чивас за да го отворат нивниот нов стадион на 30 јули. На 27 мај, работната дозвола му беше доделена, што му овозможи трансферот да му биде официјализиран на 1 јули.

2010-2011 сезона[уреди | уреди извор]

Ернандес во акција за Јунајтед

Ернандес го направи своето деби за Јунајтед на 28 јули, кога влегол како замена во 63-тата минута на местото на Нани во натпреварот против МЛС ол-стар тимот 2010; тој го постигнал својот прв гол за клубот 18 минути подоцна, лобувајќи го голманот Ник Римандо, по долгиот пас на Дарен Флечер. Два дена подоцна, Ернандес постигнал гол против Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар за неговиот стар клуб, Чивас; тој почнал да игра во дресот на Чивас и постигнал гол по само осум минути. Тој ја сменил страната на полувремето, но не бил во можност да го спречи поразот од 3-2 за Манчестер Јунајтед. Тој постигнал гол и во третиот пред-сезонски меч кога тој бил прецизен во победата од 7-1 против Лига на Ирска XI на новоизградениот Авива стадион на 4 август.

Чичарито го направил своето официјално деби на 8 август и веднаш го постигна својот дебитантски погодок во фантастичната победа на Јунајтед во ФА Комјунити Шилд, против актуелниот шампион на Англија во тој момент Челзи од 3-1. Својот првенец го постигнал на почетокот на второто полувреме по пробивот на Антонио Валенсија, каде што Ернандес погодил со глава. На 16 август, Ернандес го направил своето деби во Премиер лигата откако тој го заменил Вејн Руни во 63-тата минута на натпревар дома против Њукасл во првото коло што завршило 3-0 за Јунајтед. Тој го постигнал својот прв гол и во Лигата на шампионите набргу потоа, на 29 септември, кога влегол од клупата за да го постигне единствениот гол во победата на гости против Валенсија од 1-0. Ернандес го постигнал својот прв гол за Јунајтед во лигата во 2-2 ремито дома против Вест Бромвич Албион на 16 октомври. Осум дена подоцна тој запрвпат постигнал два гола на еден меч за новиот клуб, воедно, постигнувајќи ги своите први голови во премиер лигата надвор од Олд Трафорд, помагајќи му на Јунајтед да дојде до 2-1 победа против Стоук Сити.

Два дена од овој меч во кој тој бил херој, тој влегол од клупата за да го постигне победеносниот гол, односно својот прв гол во Лига купот, во победата со 3-2 над Вулвс со што го испратил својот тим во четврт-финалето каде што потоа биле елиминирани од страна на Вест Хем Јунајтед. На 1 јануари 2011 година, тој повторно влегол од клупата за резерви за да постигне уште еден победоносен погодок, овој пат во лигашкиот меч со Вест Бромвич Албион за гостинска победа од 2-1. Три дена подоцна Ернандес станал најефикасниот мексиканец во историјата на Премиерлигата, откако го отвори резултатот во победата над Стоук Сити на 4 јануари со 2-1. На 25 јануари, Ернандес го постигнал изедначувачкиот погодок во враќањето на Јунајтед, за кој придонел и Димитар Бербатов (со два гола) за гостинска победа од 3-2 над Блекпул со пресврт во второто полувреме. Четири дена подоцна го постигнал својот прв гол во ФА Купот кога бил прецизен во 2-1 победата над Саутемптон. Следен меч во кој популарниот Чичарито се впишал во списокот на стрелците бил двобојот со Виган во кој тој постигнал два гола, а Манчестер Јунајтед победил со 4-0 на гости. Осум дена подоцна, тој постигнал гол на Енфилд Роуд во последните секунди за да го ублажи поразот од лутиот соперник Ливерпул. Ернандес бил инволвиран со два гола во реванш мечот од нокаут фазата во Лигата на шампионите на домашен терен во победата над Марсеј праќајќи го Јунајтед меѓу осумте најдобри (четврт-финале) во Европа. На 2 април, тој го постигнал последниот гол против Вест Хем Јунајтед, кога црвените ѓаволи дојдоа до пресврт од два гола негатива до 4-2 победа на Аптон Парк што беше голем чекор напред кон рекордната 19-та титула за Манчестер Јунајтед во англискиот фудбал. На 8 април, Чичарито беше селектиран како кандидат за наградата PFA млад играч на годината заедно со соиграчот Нани. Тој го отворил резултатот и во 2-1 реванш четврт-финале победата над Челзи во Лигата на шампионите, но бидејќи вкупниот резултат од двата меча бил 3-1 , Ернандес и неговите соиграчи се пласирале во полуфиналето. Тој ја продолжил својата одлична сезона и импресивна форма, со уште еден важен гол на 23 април во победата дома со 1-0 против Евертон во 81-та минута. И можеби најважниот гол во сезоната за него бил на 8 мај, кога Ернандес го постигнал првиот гол во 2-1 победата дома над Челзи, по само 36 секунди игра тој го отворил резултатот и му го осветли патот на својот тим кон освојувањето на титулата. Голот против Челзи го направи првиот играч по Руд Ван Нистелрој во сезоната 2001-2002 (тогаш тој заврши со 34), успеал да постигне 20 гола за клубот во неговата дебитантска сезона. Ернандес за својата фантастична деби сезона во Манчестер Јунајтед ја добил наградата Сер Мат Базби играч на годината на 18 мај која бил изгласана од страна на навивачите.

На 5 јули 2011 година, Ернандес беше избран за "Светски Голгетер 2011", со 13 гола, пред други играчи како што се Кристијано Роналдо, Џузепе Роси и Лионел Меси.

Титули[уреди | уреди извор]

Гвадалахара[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Мексико[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]