Франсиско Писаро

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Франциско Пизаро)
Франсиско Писаро
Francisco Pizarro
Роден 1471 или 1476
Трухиљо, Екстремадура, Шпанија
Починал 26 јуни 1541
Лима, Перу
Националност Шпанец
Познат освојувањето на Јужна Америка
Занимање конквистадор

Франсиско Писаро, често наречен Франциско Пизаро (шпански: Francisco Pizarro González, 1st Marqués de los Atabillos) — шпански конквистадор, освојувач на империјата на Инките и основач на Лима, денешниот главен град на Перу. Роден е во Трухиљо, Шпанија. Во 1502 година заминува кон новите земји со цел да си ја проба среќата. Некое време живее на островот Хиспаниола (денешни Хаити и Доминиканската Република) потоа се приклучува на колонијата Дариен во Панама. Околу 1520 година во Панама пристигнале гласини за некоја земја на југот која била богата со злато и сребро. Во 1522 година била пратена првата експедиција на југ кон инките, а неа ја предводел Паскуал де Андагоља. Оваа земја го заитересирала Писаро кој формирал своја експедизција и отпловил кој југ.

Прва експедиција[уреди | уреди извор]

Од Панама отпловил на 13 септември 1524 година, со 80 луѓе и 40 коњи. Оваа експедиција завршила со неуспех бидејќи допатувал само до Колумбија, каде не можел да го снабди екипажот со доволно храна, поради тоа тој одлучил да се врати во Панама.

Втора експедиција[уреди | уреди извор]

Две години по првата експедиција Писаро формирал нова и се упатил кон југ. На почетокот не му било дозволувано да отпатува но успеал да го убеди гувернерот на Панама. Од Панама Писаро отпатувал со 160 луѓе и неколку коњи. Пристигнал до реката Сан Хуан многу појужно од првиот пат. Тука се разделил со Алмагро. Писаро продолжил да го испитува брегот а додека Алмагро отпатувал кон Панама во потрага по повеќе луѓе. Истражувајќи забележал сплав на некој индијанец полн со ткаенини и злато, и го заробил сплавот. Пловејќи сè повеќе на југ на брегот забележувал сè повеќе индијанци, поради несигурноста не го напуштал бродот.

Во меѓу време во Панама го смениле гувернерот. Новиот гувернер на Алмагро не му одобрувал ново патување и му наредил на Хуан Тафур да го врати Писаро во Панама. Писаро ја одбива таа наредбата и со 13 свои војници 6 месеци престојува во Перу каде гостопримливо бил примен од доморотците. По некое време Писаро се вратил во Панама повторно да го замоли гувернерот да му даде одобрение за поход кон новата земја на југ. Гувернерот го одбил тоа барање и Писаро се упатил кон Шпанија да го замоли кралот да му одобри истражување и освојување на новата земја. Кралот му го одобрил тоа и Писаро се упатил кон таа земја.

Освојувањето на Земјата на Инките[уреди | уреди извор]

Во 1532 година Писаро се истоварил на брегот на Еквадор каде собрал голема количина на злато. Тука се судрил со доморотците во таа битка загинале 3 шпанци и 400 доморотци. Од таму се упатил кон внатрешноста на земјата. При неговото навлегување во новата земја се сретнал со Атахуалпа (цар на Инките) и му наредил да се предаде. Откако овој не се предал Писаро го нападнал и го заробил. Од Атахуалпа добил големо богатство и покрај тоа што му ветил дека ќе го пушти тој го убил. По освојувањето на Куско му пишал на кралот дека ја освоил земјата на Инките. Во 1535 година во земјата на Инките го основал градот Лима кој денес претставува главен град на Перу. Во 1541 година Писаро бил убиен од страна на поддржувачите на Диего Алмагро II.

Наводи[уреди | уреди извор]