Франц Шуберт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франц Шуберт

Франц Петер Шуберт (германски: Franz Schubert; 31 јануари 179719 ноември 1828) — австриски композитор, последниот мајстор на Виенската класична школа и еден од најраните поборници на музичкиот романтизам. И покрај тоа што умрел на возраст од 31 година, има напишано околу шест стотини романтични песни (композиции), како и многу симфонии, сонати, квартети, неколку опери и многу други дела. Со природен талент за мелодии и лирика, Шуберт се вбројува во најнадарените композитори на XIX век. Јавното признание за неговите дела, за време на неговиот живот било ограничено, сепак за време на неговата рана смрт повеќе од 100 негови композиции биле испринтани. Шуберт никогаш не бил во можност да обезбеди соодветно постојано вработување и за време на поголемиот дел од животот бил издржуван од пријателите и вработуван од страна на својот татко.

Животопис[уреди | уреди извор]

Франц Шуберт

Франц Шуберт е роден во 1797 г. во виенското Химелпфортгрунд (денес Алзергрунд), Виена како син на директор на основно училиште. Својот музички талент го покажува рано кога почнува да учи пијано, виолина и пеење. Во 1808 г. по успешно положениот испит пред А. Салиери, Шуберт влегува во дворскиот детски хор т.е школа каде учениците освен музичка добивале и општо образование. Настапувал како виолинист темелно запознавајќи многу дела од класичната музичка литература. Тука се раѓа она восхитување пред делото на Бетовен, восхит и почитување кои Шуберт Ќе ги задржи до крајот на животот. Во 1812 г. тој учи композиција со Салиери, иако најголем дел од своето композиторско знаење го стекнува како самоук со истрајно и темелно проучување на дела од музичкото минато. По мутирањето на гласот, го напуштил детскиот хор, а тие години доаѓа до судир со татко му и Шуберт почнува да живее самостојно. Живеејќи од тогаш еден живот полн со неизвесност Шуберт наоѓал утеха во работата и во несебичноста на неколку добри пријатели кои материјално го потпомагале сфајќајќи го неговиот талент. Скоро целиот живот го поминува во Виена, во напорна работа, но и во средби со верниот круг на пријатели во кој Шуберт играл централна улога т.н Шубертијади. Подолго време измачуван од кревкото здравје, Шуберт умира во Виена во станот на својот брат, во 1828 г. Композиторот врз чии дела издавачите стекнале богатство не оставил ништо зад себе освен облеката и купишта испишана хартија и партитури.

Творештво[уреди | уреди извор]

Неговиот опус припаѓа на скоро сите музички подрачја. Оставил симфонии, увертири, камерни творби, дела за пијано, опери и др. Меѓутоа една творба е симбол на неговото творештво, тоа е соло песната, т.е песна за вокал и пијано која Шуберт ја издигнал до врвот без без директни претходници единствено со силата на своите чувства. Квантитативно тој е најголемиот автор на соло-песната, оставајќи 600 творби од тој вид.

Шуберт напишал 9 симфонии, а во првите 6 се присутни траги од влијанијата на Хајдн, Моцарт и Бетовен. Меѓу нив се истакнуваат четвртата симфонија (т.н „трагична“) во ц-мол и петтата во Б-дур, која е одраз на ведрата страна на Шуберт, но неговото најзначајно симфониско дело е осмата симфонија (т.н „недовршена“) во ха-мол. Таа се нарекува недовршена бидејќи има само два става, а од третиот се принајдени само неколку такта. Музикологот Гроуд ова дело го нарекува „прв вистинска роман. Симфонија во која на генијален начин се изживуваат муз.инвенција, мелодичниот колорит и богатството на хармонијата. Значајна е и 9-тата во Ц-дур исполнета со ведрина и оптимизам иако потекнува од најтешкиот период од неговиот живот. Во камерната муз. Ш.остава 15 гуд. Квартети, во кои се истакнува оној во д-мол “Смртта на девојката “ според истоимената соло песна што ја компоира неколку год. порано. Од останататите дела се истакнуваат во А-дур за виолина, виола, чело и пијано т.н квинтет „Пастрмка“ по соло-песната како и два клавирски трија во Б-дур и во Ф-дур. Врвот на делата за пијано се наоѓа во минијатурите „Импромти“ и “Музички моменти” и во могубројните танци. Овие дела влијаеле врз низа композитори, како: Фредерик Шопен, Феликс Менделсон, Роберт Шуман и Едвард Григ.

Значајни се и сонатите за пијано што се напишани под влијание на Бетовен. Шуберт компонирал 20 опери од која најуспешна е „Розамунда“, а негови најзначајни циклуси на соло песни се: „Убавата воденичарка“, „Зимско патување“ и „Лебедова песна“ во кои се собрани најуспешните дела од овој вид. Од поединечните соло-песни најуспешни се: „Грехен со вретеното“, „Самовилскиот крал“ и „Аве Марија“. Сите овие подрачја Шуберт ги збогатил со нови изразени средства, отворајќи нови патишта и останувајќ близок до народната уметност во чии творби го наоѓал изворот на својот свеж и оригинален музички говор.

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Творештвото на Шуберт се споменува во романот „Волшебниот рид“ на германскиот писател Томас Ман, каде главниот лик Ханс Касторп со големо воодушевување ја слуша плочата на која е снимена изведбата на песната „Липа“.[1]

Една песна на германската група „Крафтверк“ (Kraftwerk) од 1977 година се вика „Франц Шуберт“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томас Ман, Чаробни брег. Београд: Просвета, 1956, стр. 796-797.
  2. DISCOGS, Kraftwerk ‎– Trans Europa Express (пристапено на 28.12.2020)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]