Фоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фоча
Foča
Панорама на градот
Панорама на градот
Местоположба во БиХ.
Местоположба во БиХ.
Координати: 44°30′N 18°47′E / 44.500° СГШ; 18.783° ИГД / 44.500; 18.783
ДржаваБосна и Херцеговина
Управа
 • ГрадоначалникЗдравко Крсмановиќ
Површина
 • Вкупна1.180 км2 (460 ми2)
Население (2008)
 • Вкупно40,513
 • Municipality?
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.58
Мреж. местоwww.opstinafoca.rs.ba

Фоча (босански, српски, хрватски: Foča) е град и општина во југоисточна Босна и Херцеговина. Градот се наоѓа на реката Дрина во Република Српска. Во периодот од 1992 до 2004 година градот го нарекувале Србиње.

Име[уреди | уреди извор]

На местото на денешна Фоча некогаш се наоѓало српското село Радовина. Во средниот век, Фоча се нарекувала Хоча или Хотча. По решението на Народното собрание на Република Српска од 30 декември 1993 година (Сл. гласник РС 25/93) името на градот било сменето во Србиње, а во 2004 година градот повторно го добил името Фоча.

Историја[уреди | уреди извор]

Според пишаните документи, овој град со развиена трговија постоел уште во 1368 година, и низ него минувал караванскиот „Дубровнички пат“, кој го поврзувал Јадран со северниот дел на земјата. Во тој период до 1376 година населбата била во состав на Рашка, а потоа преминала во состав на Босна, за време на кралот Твртко I.[1] Како трговска населба, за време на херцегот Шќепан, се нарекувала „Хотча“ (Chozza на италијански, или Gotzei, а Фуџа - на турски јазик). Од Дубровник до Фоча се стигнувало за пет дена.

По освојувањето од Турците во 1465 година, овој реон бил нарекуван „Босанско Краиште“, чиј главен град бил Фоча. Според еден попис од 1477 година, во Фоча имало: 277 семејства, 33 самци и пет вдовици, од кои само тројца биле муслимани, од кои двајца биле занаетчии. Се знае дека во средниот век имало две цркви во ФОча, едната на местото на Царевата џамија, а другата на десниот брег на реката Ќеотина. Во 1501 година била изградена Царевата џамија врз темелите на црква од 13 век. Археолошките истражувања на тоа наоѓалиште се одвивале во 2013 година.[2][3]

Фоча во 17 век станала златарски центар со име Хоча, и во тој период постоела во Фоча Виша турска школа.[4] Во својата збирка на српски анродни песни, Вук Караџиќ ја објавил песната „Фоча и Фочанките“, во која ја опишува убавината на девојките од Фоча.[5]

Во Мостарскоиот санџак, во Фочанската нахија според попис од 1865 година имало 798 куќи или семејства кои биле православни, со 3.945 машки.[6] Сепак, во Фоча во 1888 година имало 17 џамии, од кои најубава била Алаџа, украсена со шари одвнатре, и шадрван надвор, а наоколу биле муслиманските гробишта, заградени со низок камен ѕид.[7] Римокатоличката црква во Фоча била изградена во 1901 година, а скицата на катедралата била објавена во германски весник истата година.[8]

За време на Првата светска војна, во август 1914 година биле уапсени 180 Срби во Фоча од страна на австроунгарската војска, од кои биле стрелани 71 лице, а 24 од нив биле интернирани во Арад. Старците, жените и децата во текот на летото 1914 година се повлекле заедно со црногорската војска. Во логорите во Австрија умреле околу 2.000 Срби кои биле интернирани, главно жени и деца, од студ, глад и болести.[9] Српските трупи на кралската војска на Србија и на Црна Гора го ослободиле градот на 9 септември 1914 година.[10]

За време на Втората светска војна, во септември 1941 година во Фоча биле уапсени и некаде одведени студенти и ученици гимназијалци, за чија судбина не се дознало понатаму.

За време на граѓанската војна во Босна, првите борби на подручјето на општина Фоча почнале на 8 април 1992 година.[11] Загинале стотина цивили, од кои триесет и девет мажи, педесет и пет жени и шест деца. Биле запалени 27 српски села и сите српски куќи во мешовитите села; биле уништени 13 џамии меѓу кои и џамијата Алаџа, а 22.500 муслимани избегале од реонот на Фоча.[12]

Географија[уреди | уреди извор]

Храм на Свети Сава во Фоча

Фоча е сместена во југоисточниот дел на земјата, во близина на границата со Црна Гора, недалеку од Рашката област во Србија, на север од данашната Источна Херцеговина, на изворот од реката Дрина. До пред стотина години, овој реон се нарекувал Стара Херцеговина, а после Берлинскиот конгрес, и посебно после Втората светска војна, имало тенденција цел тој простор да припадне на Босна.

Во општината Фоча се наоѓа највисокиот врв во Република Српска, на планината Маглиќ, (2.386 m), единствената прашума во БиХПеруќица која се наоѓа во рамките на Националниот парк Сутјеска.

Клима[уреди | уреди извор]

Клима у Фочи је умјерено континентална. Одликују је топла љета и хладне зиме. Просјечна јануарска температура је 1 °C , док је јулска 19 °C. Просјечна годишња температура се креће око 10 °C.

Население[уреди | уреди извор]

Според последните податоци и пописот од 2013 година, во Фоча живеат 10.831 лица.[13]

1971[уреди | уреди извор]

48,741 вкупно

  • Бошњаци- 25,766 (52,86%)
  • Срби- 21,458 (44,02%)
  • Хрвати- 218 (0,44%)
  • Југословени- 102 (0,20%)
  • друго- 1,197 (2,48%)

1991[уреди | уреди извор]

Во 1991 општина Фоча имала 40,513 жители, и тоа:

Само градот имал 16,628 жители:

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Републикс Српска - градови и општине", Требиње 2003. године
  2. Црква или џамија („Вечерње новости“, 12. април 2013)
  3. „Стопирана истраживања — џамија на темељу цркве? (Танјуг, 11. април 2013)“. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 2019-03-18.
  4. "Београдске општинске новине", Београд 1899. године
  5. Вук Ст. Караџић: "Српске народне пјесме", трећи део, Беч 1846. године
  6. "Гласник српског ученог друштва", Београд 1866. године
  7. "Босанска вила", Сарајево 1888. године
  8. "Der Bautechniker", Wien 1901.
  9. "Попис интернираних умрлих Срба у аустријском логору Шопроњек/Некенмаркт 1915-1918. године".
  10. Политика, бр. 3.806 од четвртка 28. августа 1914, насловна страна
  11. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-04-17. Посетено на 2019-03-18.
  12. Charter, David (28 May 2009). „World Agenda: US hopes for Bosnia rest on town mayor's shoulders“. London, UK: The Times.
  13. Попис становништва, домаћинстава и станова у Републици Српској 2013, РЕЗУЛТАТИ ПО НАСЕЉЕНИМ МЈЕСТИМА

Надворешни врски[уреди | уреди извор]