Фогтланд (округ)

Координати: 50°26′N 12°16′E / 50.433° СГШ; 12.267° ИГД / 50.433; 12.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фогтланд
Landkreis Vogtlandkreis

округ
Знаме на Фогтланд Landkreis VogtlandkreisГрб на Фогтланд Landkreis Vogtlandkreis
Карта
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
СедиштеПлауен
Површина
 • Вкупна1,412 км2 (545 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно223.905
 • Густина160/км2 (410/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.V, AE, OVL, PL, RC
Мреж. местоhttp://www.vogtlandkreis.de

Фогтланд (германски: Vogtlandkreis) — округ во југозападниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија, на границата со Тирингија, Баварија и Чешка. Соседни окрузи се (од југ надесно) Хоф, Зале-Орла, Грајц, Цвикау и Рудни Планини. Плауен е административен центар на округот.

Историја[уреди | уреди извор]

Фогтланд станал дел од Светото Римско Царство во XII век. Во 1209 година, владејачката династија ја поделила областа на три дела, Вајда, Грајц и Гера-Плауен. Кога централната власт се намалила врз овие области, наречени на латински advocatus или на германски Vögte можеле администраторите да стекнат право на водачи на областите. 1354-1357 година завршило таквото владеење и областа преминала во посед на Бохемија.

Во 1546 година Хајнрих Четврти од Плауен ја добил областа од бохемискиот крал и подоцна император Фердинанд Први. Неговите не ја наследиле само земјата, туку и многу голем долг, па така областа била купена од Саксонија од Хајнрих Шести, а во 1569 година првпат се создал округот Фогтланд (Voigtländischen Creiß).

Во 1657-1718 година, Саксонија била поделена на делови, па така Фогтланд припаѓал на Саксо-Цајц. Во 1835 година новата уставна монархија ја променила администрацијата и го укинала стариот округ и наместо него бил создаден Amtshauptmannschaft Плауен. Во 1907 година градот Плауен излегол од округот и станал урбан округ.

Во времето на Источна Германија, владата во 1952 година спровела голема административна реформа и го преименувала областите во Kreise (окрузи) и ги создала новите окрузи Клингентал и Рајхенбах, притоа намалувајќи ја големината на претходниот округ. По повторното обединување на Германија, промените со реформата од 1952 година биле укинати и во 1996 година биле споени 5 окрузи во Фогтланд.

Со реформата на окрузите на 1 август 2008 година, градот Плауен бил вклучен во округот.

Географија[уреди | уреди извор]

Фогтланд е именуван по географската област која ја покрива, Фогтланд. Се наоѓа на Рудните Планини и има големи површини на шуми. Главна река во округот е Вајсе Елстер.

Луѓе[уреди | уреди извор]

Првиот германски космонаут, Зигмунд Јен е роден во Фогтланд. Во неговото родно место Моргенрете-Раутенкранц, во општината Мулденхамер, се наоѓа мала изложба Изложба на вселената.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Лавот на левата страна на грбот е традиционалниот симбол на Vögte од Вајда, Гера и Плауен, кој бил донесен во 1294. Орелот на десната страна ја претставува Светото Римско Царство, бидејќи Фогтланд припаѓал на Царството.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Адорф
  2. Ауербах
  3. Бад Елстер
  4. Елстерберг
  5. Фалкенштајн
  6. Клингентал
  7. Ленгенфелд
  8. Маркнојкирхен
  9. Нечкау
  10. Елсниц
  11. Пауза-Милтроф
  12. Плауен
  13. Рајхенбах во Фогтланд
  14. Родевиш
  15. Шенек
  16. Тројен
  1. Бад Брамбах
  2. Берген
  3. Безенбрун
  4. Ајхигт
  5. Елефелд
  6. Гринбах
  7. Хајнсдорфергрунд
  8. Лимбах
  9. Милентал
  10. Мулденхамер
  11. Нојензалц
  1. Нојмарк
  2. Нојштат
  3. Пел
  4. Розенбах
  5. Штајнберг
  6. Тојма
  7. Тирперсдорф
  8. Трибел
  9. Вајшлиц
  10. Верда

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

50°26′N 12°16′E / 50.433° СГШ; 12.267° ИГД / 50.433; 12.267