Од Википедија — слободната енциклопедија
Флеминг Расмусен (роден на 1 јануари 1958 во Копенхаген ) — дански музички продуцент. Тој живее во својот роден град, а работи во сопственото студио кое се вика Sweet Silence .
Во текот на својата повеќегодишна кариера, Расмусен претежно продуцирал плочи од жанрот на хеви метал музиката. Прв албум кој го аранжирал бил Difficult to Cure (1981) од рокерите Реинбоу . Потоа следела работата со Металика на три нивни студиски албуми, и тоа Ride the Lightning (1984), Master of Puppets (1986) и ...And Justice for All (1988).[1] По ова имал кратко партнерство со бендови како Морбид Енџел и Блајнд Гардијан .[2] [3]
Обележје на целокупната негова музичка кариера е освоената Греми награда за нумерата „One “ во изведба на Металика (1989).