Филип Рот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од Филип Рот

Филип Милтон Рот (англиски: Philip Milton Roth, 19 март 1933 — 22 мај 2018) — американски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Филип Рот во 1973 г.

Филип Рот е роден на 19 март 1933 година во Њуарк, Њу Џерси. Починал во Менхетн, на 22 мај 2018 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Рот е добитник на повеќе значајни награди и признанија: Букеровата награда (2011); Пулицеровата награда (1997) за романот „Американска пасторала“; Националниот медал за уметност (1998); Златниот медал за фикција (2001), највисокото признание на Американската академија за уметност и книжевност; Медалот на Националната книжевна фондација (2002) за „истакнатиот придонес кон американската книжевност“; Националната книжевна награда (двапати); Националната награда на кругот на книжевните критичари (двапати); наградата ПЕН/Фокнер (трипати); наградата на Здружението на американските историчари (2005) за романот „Завера против Америка“; наградата ПЕН/Набоков (2006) за „опусот со неминлива оригиналност и исклучителна уметничка вештина“; ПЕН/Сол Белоу (2007), награда која се доделува на писателот кој „со своето уметничко делување во текот на целата кариера се вбројува во највисокиот домет на американската книжевност“ итн. Тој е единствениот американски писател чие творештво уште за време на неговиот живот било објавено во сеопфатната и дефинтивната едиција на Американската библиотека.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поважни дела на Филип Рот се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Filip Rot, Američka pastorala. Beograd: Paidea, 2015.