Филип Костиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Костиќ
Лични податоци
Полно име Филип Костиќ
Роден на 1 ноември 1992(1992-11-01)(31 г.)
Роден во Крагуевац, Србија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 11
Младинска кариера
Раднички Крагуевац Раднички Крагуевац
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2012 Раднички Крагуевац Раднички Крагуевац 61 (5)
2012-2014 Гронинген Гронинген 43 (11)
2014-2016 Штутгарт Штутгарт 59 (8)
2016-2018 Хамбургер Хамбургер 61 (9)
2018-2022 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 129 (18)
2022- Јувентус Јувентус 55 (3)
Репрезентација
2010-2011 Србија Србија 19 4 (1)
2013-2014 Србија Србија 21 8 (2)
2015- Србија Србија 60 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 јануари 2024
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 21 јануари 2024

Филип Костиќ (роден на 1 ноември 1992 во Крагуевац) — српски фудбалер, крило на Јувентус и на српската репрезентација.

Технички карактeристики[уреди | уреди извор]

Како левак, тој ја започнал својата кариера како лево крило, но потоа бил преместен во улога на играч кој ја покрива целата лева страна во тимот за време на неговиот престој во Ајнтрахт Франкфурт.[1][2] Опремен со подвижност, бризна и физичка подготвеност, тој е играч кој подобро се снаоѓа во офанзивната отколку во дефанзивната фаза, каде е умешен пред се во давањето асистенции.[1][2] Со преку 50 асистенции во Бундеслигата, тој еден од најдобрите 30 играчи во овој статистички показател во историјата на лигата.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Роден во Крагуевац, својте први фудбалски чекори ги направил на шестгодишна возраст во фудбалската школа "Фитнес", а потоа преминал во најстариот клуб во градот Шумадија 1903 каде што ги поминал следните 3-4 години. Кога имал петнаест години, дошол во Раднички Крагуевац, клуб за кој дебитирал за првиот тим на 2 мај 2009 година против Будуќност Ваљево во третата лига на Србија. Во трите сезони во кои настапувал за првиот тим на Раднички, тој играл во три различни лиги освојувајќи две промоции со клубот кој стигнал од третата лига до Суперлигата на Србија.

Своето деби во Суперлигата на Србија го направил на 13 август 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Војводина, а својот прв гол го постигнал четеринаесет дена подоцна во победата со 4-2 на гостувањето кај Јавор Ивањица. Во сезоната 2011-2012, Костиќ одиграл 27 натпревари во првенството и постигнал 3 гола.

Гронинген[уреди | уреди извор]

Во летото 2012 година, Костиќ го напуштил Раднички Крагуевац после 64 настапи и 5 гола за клубот. Неговиот трансфер во холандскиот Гронинген бил пропратен со еден од најголемите скандали во српскиот фудбал: холандскиот клуб објавил дека трансферот изнесувал 1,25 милиони евра, практично демантирајќи ги челниците на Раднички, кои преку соопштение истакнале дека 19-годишниот фудбалер си заминал од клубот за сума од 700.000 евра,[3] па српската полиција потоа ги привела потпретседателот, генералниот секретар и агентот на играчот под сомнение дека го оштетиле клубот за половина милион евра.[4] Своето деби за Гронинген го направил на 21 октомври 2012, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Херенфен.[5]

Откако добил мала минутажа, Костиќ конечно почнал да покажува ветувачки потенцијал на почетокот на сезоната 2013-2014; тој го привлекол вниманието на медиумите откако одиграл брилијантен натпревар во кој имал една асистенција против НЕК,[6] а потоа на 25 август тој ја зголемил својата репутација на одличен додавач со двете асистенции против Го Ахед Иглс.[7] Конечно, на 20 октомври 2013 година, Костиќ го постигнал својот прв гол за Гронинген во победата со 1–0 против ПСВ Ајндховен.[8] Вкупно за Гронинген, Костиќ одиграл 41 натпревари и постигнал 12 голови.

Штутгарт и Хамбургер[уреди | уреди извор]

Костиќ со Штутгарт во 2015 година

На 9 август 2014 година, Костиќ се преселил во Германија каде потпишал за екипата на Штутгарт.[9] Сумата на трансферот изнесувала 6 милиони евра плус 1 милион бонуси, а Гронинген освен овие средства добил право на 15% од следната продажба на играчот.[10] Дебитирал во Првата Бундеслига на 24 август, во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах, заменувајќи го Александру Максим во последните 10-тина минути од тој натпревар. Својот прв гол за швабите го постигнал на 13 декември 2014, во ремито 1-1 на гостувањето кај Мајнц 05. По испаѓањето на Штутгарт од Првата Бундеслига во сезоната 2015-2016, Костиќ го напуштил клубот после две сезони поминати во него во кои одиграл 63 натпревари и постигнал 8 голови.

Во летото 2016 година, Хамбургер го купил Костиќ за 14 милиони евра, со што тој станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.[11] Во својата прва сезона, србинот бил еден од клучните играчи на клубот. Тој постигнал 4 гола во текот на сезоната и му помогнал на клубот да стигне до четвртфиналето во Купот на Германија, каде што биле елиминирани од Борусија Менхенгладбах, додека во првенството каде Хамбургер грчевито се борел за опстанок, целта била постигната во последниот натпревар со победата со 2-1 на домашен терен против Волфсбург, во која Костиќ го постигнал израмнувачкиот гол за 1-1.[12] Следната сезона, Костиќ продолжил да игра добро и повторно бил еден од најдобрите играчи на Хамбургер, но овој пат клубот испаднал од Првата Бундеслига.

Ајнтрахт Франкфурт[уреди | уреди извор]

Откако изразил желба да го напушти Хамбургер бидејќи не сакал да се натпреварува во Втората Бундеслига,[13] на 20 август 2018 година, Костиќ се преселил на двегодишна позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.[14][15] По добрата сезона со клубот (кому му помогнал да стигне до полуфиналето на Лига Европа со 4 гола), тој бил откупен на 17 мај 2019 година за 6 милиони евра.

Костиќ со Ајнтрахт Франкфурт во 2019

Во сезоната 2020-2021, Костиќ бил втор најдобар асистент во Бундеслигата со 14 асистенции, 4 помалку од Томас Милер од Бајерн Минхен.[16]

На 14 април 2022 година, Костиќ постигнал два гола во победата на Ајнтрахт над Барселона со 3–2 на Камп Ноу, со што им помогнал на германците со вкупни 4–3 да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа.[17] На 18 мај истата година, тој го започнал финалето на Лига Европа против Ренџерс кое завршило нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата, по што се стигнало до изведување пенали, каде Костиќ бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. Последователно, како резултат на неговите одлични игри тој бил прогласен за играч на сезоната во Лига Европа.[18]

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 12 август 2022 година, Костиќ потпишал четиригодишен договор со Јувентус.[19]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Костиќ со Србија на Мундијалот 2018.

Костиќ играл за Србија во селекциите под 19 години и под 21 година.[20] Во баражот од квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2015, тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение против Шпанија со кој ја одвел својата земја на првенството кое се одиграло во Чешка.[21] Сепак, тој не настапил на тоа првенство, бидејќи добил повик во сениорската репрезентација

На 7 јуни 2015 година, Костиќ го направил своето деби за сениорска репрезентација на Србија против Азербејџан во пријателски натпревар во Санкт Пелтен, Австрија, во кој орлите победиле со 4–1.[22] Тој го одигра својот прв натпреварувачки натпревар за Србија на 13 јуни 2015, против Данска во квалификациите за Европското првенството 2016.[23] На 5 септември 2016 година, го постигнал својот прв гол за својата земја во ремито 2–2 против Ирска.

Во јуни 2018 година, тој бил избран во составот на српската репрезентација за Светското првенство 2018,[24] каде ги одиграл сите три натпревари од групната фаза по која неговата репрезентација била елиминирана.[25][26][27]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-2015 Сант Пелтен Србија Србија 4 – 1 Азербејџан Азербејџан Пријателска - заменет 56'
13-6-2015 Копенхаген Данска Данска 2 – 0 Србија Србија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 65'
4-9-2015 Нови Сад Србија Србија 2 – 0 Ерменија Ерменија Квал. за Евро 2016 - заменет 84'
7-9-2015 Бордо Франција Франција 2 – 1 Србија Србија Пријателска - влегол во игра 56'
13-11-2015 Острава Чешка Чешка 4 – 1 Србија Србија Пријателска - влегол во игра 59'
23-3-2016 Познањ Полска Полска 1 – 0 Србија Србија Пријателска - влегол во игра 78'
29-3-2016 Талин Естонија Естонија 0 – 1 Србија Србија Пријателска - заменет 75'
25-5-2016 Ужице Србија Србија 2 – 1 Кипар Кипар Пријателска - заменет 46'
5-6-2016 Монако Србија Србија 1 – 1 Русија Русија Пријателска - заменет 79'
5-9-2016 Белград Србија Србија 2 – 2 Ирска Ирска Квал. за СП 2018 1 заменет 81'
6-10-2016 Кишињев Молдавија Молдавија 0 – 3 Србија Србија Квал. за СП 2018 1 заменет 69'
9-10-2016 Белград Србија Србија 3 – 2 Австрија Австрија Квал. за СП 2018 - заменет 65'
12-11-2016 Кардиф Велс Велс 1 – 1 Србија Србија Квал. за СП 2018 - заменет 70'
24-3-2017 Тбилиси Грузија Грузија 1 – 3 Србија Србија Квал. за СП 2018 - заменет 81'
11-6-2017 Белград Србија Србија 1 – 1 Велс Велс Квал. за СП 2018 - заменет 67'
2-9-2017 Белград Србија Србија 3 – 0 Молдавија Молдавија Квал. за СП 2018 -
5-9-2017 Даблин Ирска Ирска 0 – 1 Србија Србија Квал. за СП 2018 - заменет 72'
9-10-2017 Белград Србија Србија 1 – 0 Грузија Грузија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 89'
10-11-2017 Гуангжу Кина Кина 0 – 2 Србија Србија Пријателска - заменет 60'
23-3-2018 Торино Србија Србија 1 – 2 Мароко Мароко Пријателска -
27-3-2018 Лондон Нигерија Нигерија 0 – 2 Србија Србија Пријателска - заменет 88'
4-6-2018 Грац Србија Србија 0 – 1 Чиле Чиле Пријателска - влегол во игра 64'
9-6-2018 Грац Србија Србија 5 – 1 Боливија Боливија Пријателска -
16-6-2018 Самара Костарика Костарика 0 – 1 Србија Србија СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 70'
22-6-2018 Калининград Србија Србија 1 – 2 Швајцарија Швајцарија СП 2018 - Прва фаза - заменет 64'
27-6-2018 Москва Србија Србија 0 – 2 Бразил Бразил СП 2018 - Прва фаза - заменет 82'
7-9-2018 Вилниус Литванија Литванија 0 – 1 Србија Србија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 90'
10-9-2018 Белград Србија Србија 2 – 2 Романија Романија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 63'
7-6-2019 Лавов Украина Украина 5 – 0 Србија Србија Квал. за Евро 2020 -
10-6-2019 Белград Србија Србија 4 – 1 Литванија Литванија Квал. за Евро 2020 - заменет 71'
7-9-2019 Белград Србија Србија 2 – 4 Португалија Португалија Квал. за Евро 2020 - заменет 83'
14-10-2019 Вилниус Литванија Литванија 1 – 2 Србија Србија Квал. за Евро 2020 - заменет 46'
3-9-2020 Москва Русија Русија 3 – 1 Србија Србија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
6-9-2020 Белград Србија Србија 0 – 0 Турција Турција УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - добил жолт картон во 62-рата минута 62'
12-11-2020 Белград Србија Србија 1 – 1 прод.
(4 – 5 пен.)
Шкотска Шкотска Квал. за Евро 2020 - заменет 59'
24-3-2021 Белград Србија Србија 3 – 2 Ирска Ирска Квал. за СП 2022 - влегол во игра 46'
27-3-2021 Белград Србија Србија 2 – 2 Португалија Португалија Квал. за СП 2022 1 заменет 72'
30-3-2021 Баку Азербејџан Азербејџан 1 – 2 Србија Србија Квал. за СП 2022 - заменет 64'
4-9-2021 Белград Србија Србија 4 – 1 Луксембург Луксембург Квал. за СП 2022 -
7-9-2021 Даблин Ирска Ирска 1 – 1 Србија Србија Квал. за СП 2022 - заменет 87'
9-10-2021 Луксембург Луксембург Луксембург 0 – 1 Србија Србија Квал. за СП 2022 - заменет 70'
12-10-2021 Белград Србија Србија 3 – 1 Азербејџан Азербејџан Квал. за СП 2022 - заменет 75'
14-11-2021 Лисабон Португалија Португалија 1 – 2 Србија Србија Квал. за СП 2022 - заменет 89'
24-3-2022 Будимпешта Унгарија Унгарија 0 – 1 Србија Србија Пријателска - заменет 46'
29-3-2022 Копенхаген Данска Данска 3 – 0 Србија Србија Пријателска -
2-6-2022 Белград Србија Србија 0 – 1 Норвешка Норвешка УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - заменет 69'
9-6-2022 Солна Шведска Шведска 0 – 1 Србија Србија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 63'
12-6-2022 Љубљана Словенија Словенија 2 – 2 Србија Србија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 56'
Вкупно Настапи 48 Голови 3

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 11 август 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009-2010 Србија Раднички Крагуевац СЛЗ 5 0 КС ? ? - - - - - - 5 0
2010-2011 ПЛ 30 2 КС 0 0 - - - - - - 30 2
2011-2012 СЛ 27 3 КС 2 0 - - - - - - 29 3
Вкупно Раднички Крагуевац 62 5 2 0 - - - - 64 5
2012-2013 Холандија Гронинген ЕД 5+2[28] 0 КХ 0 0 - - - - - - 7 0
2013-2014 ЕД 34+4[28] 9+2[28] КХ 3 1 - - - - - - 41 12
јул.-авг. 2014 ЕД 0 0 CO 0 0 ЛЕ 2 0 - - - 2 0
Вкупно Гронинген 39+6 9+2 3 1 2 0 - - 50 12
2014-2015 Германија Штутгарт 29 3 КГ 1 0 - - - - - - 30 3
2015-2016 30 5 КГ 3 0 - - - - - - 33 5
Вкупно Штутгарт 59 8 4 0 - - - - 63 8
2016-2017 Германија Хамбургер 31 4 КГ 4 0 - - - - - - 35 4
2017-2018 30 5 КГ 0 0 - - - - - - 30 5
Вкупно Хамбургер 61 9 4 0 - - - - 65 9
2018-2019 Германија Ајнтрахт Франкфурт 34 6 КГ 0 0 ЛЕ 12 4 - - - 46 10
2019-2020 33 4 КГ 3 3 ЛЕ 15[29] 5[30] - - - 51 12
2020-2021 30 4 КГ 0 0 - - - - - - 30 4
2021-2022 31 4 КГ 0 0 ЛЕ 12 3 - - - 43 7
јул.-авг. 2022 1 0 КГ 1 0 ЛШ - - СУ - - 2 0
Вкупно Ајнтрахт Франкфурт 129 18 4 3 39 12 - - 172 33
авг. 2022-2023 Италија Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - - -
Вкупно во кариерата 351 51 17 4 41 12 - - 409 67

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Германија Ајнтрахт Франкфурт[уреди | уреди извор]

2021-2022

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Juve su Kostic: tutto sul miglior crossatore della Bundesliga“. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)
  2. 2,0 2,1 „Inter, occhi su Kostic: l'esterno sinistro ideale per il 3-5-2 di Conte“. Посетено на 2021-06-10.
  3. Гронинген демантује Раднички: Костић је плаћен 1,25 милиона
  4. КРАГУЈЕВАЦ: Приведено пет особа, међу њима и двојица градских функционера
  5. B92 Sport (Serbian): Filip Kostić debitovao za Groningen 21 October 2012
  6. [1] Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Živković strelac, Kostić asistent – 4 August 2013 (на српски)
  7. [2] Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Kostić asistirao, Groningen do boda – 25 August 2013 (на српски)
  8. [3] Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Kostić srušio PSV! (на српски) 20 October 2013
  9. „Званично - Филип Костић је нови играч Штутгарта“. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2022-08-11.
  10. „Transfer Kostic naar VfB Stuttgart afgerond“. fcgroningen.nl (холандски). FC Groningen. 9 August 2014. Архивирано од изворникот на 10 August 2014. Посетено на 9 August 2014.
  11. Busy summer fuels expectations for Hamburg. Deutsche Welle, 18 August 2016
  12. „2:1-Sieg gegen Wolfsburg - HSV hält die Klasse!“. hsv.de. 20 мај 2017. Посетено на 12 август 2022.
  13. „VN- Kostic vuole lasciare Amburgo, Firenze piazza molto gradita - Viola News“. 2018-06-01. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 2018-10-04.
  14. „Filip Kostic auf Leihbasis zu Eintracht Frankfurt“ (германски). Посетено на 2021-06-10.
  15. „Eintracht Frankfurt sign Filip Kostić“ (германски). 20 август 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-21. Посетено на 4 октомври 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Thomas Müller crowned 2020/21 Bundesliga's assist king“. Bundesliga.
  17. „Frankfurt's Filip Kostic doubles up to dump Barcelona out of Europa League“. The Guardian. 14 April 2022. Посетено на 15 April 2022.
  18. Filip Kostić igrač sezone!
  19. Juventus.com. „Official | Filip Kostić signs for Juventus! - Juventus“. Juventus.com (англиски). Посетено на 2022-08-12.
  20. Filip Kostić at Srbijafudbal
  21. „Superb Serbia end Spain reign“. uefa.com. UEFA. 14 October 2014. Посетено на 14 October 2014.
  22. „Ubedljiva pobeda: Srbija – Azerbejdžan 4:1 (1:1)“. fss.rs (српски). Football Association of Serbia. 7 June 2015. Посетено на 7 June 2015.
  23. „Poulsen and Poulsen score as Denmark see off Serbia“. uefa.com. UEFA. 13 June 2015. Посетено на 13 June 2015.
  24. „World Cup 2018: All the confirmed squads for this summer's finals in Russia“. BBC Sport. 4 June 2018. Посетено на 25 June 2018.
  25. Timothy Abraham (17 June 2018). „Costa Rica 0–1 Serbia“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2018.
  26. Matthew Henry (23 June 2018). „Serbia 1–2 Switzerland“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2018.
  27. Andrew Das (27 June 2018). „World Cup: Brazil cruises into next round with easy victory“. The New York Times. Посетено на 27 June 2018.
  28. 28,0 28,1 28,2 Во плејофот.
  29. 5 настапи во квалификациските кола
  30. 3 гола во квалификациските кола

Надворешни врски[уреди | уреди извор]