Филарет Шал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филарет Шал
Philarète Chasles
Роден/а6 октомври 1798(1798-10-06)
Менвилје (Ер-е-Лоар), Франција
Починат/а18 јули 1873(1873-07-18) (возр. 74)
Венеција, Италија
Занимањепоет
Националностфранцуска

Филарет Ефемон Шал (француски: Philarète Euphemon Chasles ), (Менвилје, 6 октомври 1798[1] - Венеција, 18 јули 1873) – француски писател и новинар, автор на бројни книжевни студии, особено за литературата на англиски јазик, за која многу придонел да се запознае во Франција во XIX век.

Животопис[уреди | уреди извор]

Портрет на Филарет Шал од Ежен де Миркур – 1857

Син на пратеникот Пјер жак Шал и братучед на математичарот Мишел Шал, дел од своето детство поминува во национален воен лицеј каде е воспитуван со култот на Наполеон.

Но неговиот татко премногу се компромитирал со Империјата, па семејството извесно време оди во егзил во Англија. Филатер таму работи различни работи, а една од нив е печатар. Тој ја открива британската култура која му станува страст.

По враќањето во Франција во 1818 година, издава литературни критики во различни ревии, меѓу кои во „Ревија на два света“ и „Британска ревија“.

Од 1837 до 1873 година тој е библиотекар во библиотеката Мазарин и професор на Колеж де Франс каде ја држи катедрата за јазици и литература од германско потекло и катедрата за странски европски јазици и литература од 1841 до 1873 година.

Филарет Шал е татко на филологот Емил Шал.

Признанија и почести[уреди | уреди извор]

  • Една улица во Менвилје го носи неговото име
  • Витез на Легијата на честа (1832) [2] на семрежното место на Министерството за култура на Франција

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]