Фернандо Алонсо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Fernando Alonso 2006

Фернандо Алонсо Диаз (роден на 29 Јули 1981) е двократен Светски Формула Еден Шампион. Моментално е пилот на тимот Aлпин. на 25 Септември 2005 ја освои титулата Светски Формула Еден Шампион на возраст од 24 години и 58 дена, што во тоа време го правеше најмладиот Светски Шампион. Следната година тој ја брани титулата и со тоа Алонсо станува најмладиот Двократен Шампион. Во неговото родно место Астурија познат е по неговиот прекар Ел Нано. Исто така Алонсо е и Амбасадор на Добрата волја во УНИЦЕФ.

ЛИЧЕН ЖИВОТ[уреди | уреди извор]

Фернандо Алонсо е роден во Овиедо, Астурија во Северна Шпанија. Неговата мајка работела во жстоковна кукја а неговиот татко работел како механичар во фабрика за експлозиви близу Овиедо. Алонсо има постара сестра, Лорена. Таткото на Алонсо, Хосе Луис, аматерски возач на картинг сакаше неговата пасија да ја префрли и на неговите деца. Тој изгради картинг специјално за неговата осумгодишна ќерка Лорена, но таа не покажа интерест за тој спорт.

Алонсо се ожени за Ракел дел Росарио, шејачка во Шпанската поп група Ел Суењо де Морфео, на 17 Ноември 2006. Тие ја објавија својата намера за развод во декември 2011.

Живееа во Оксфорд, Англија сè додека не се преселија во својот дом во Швајцарија во 2006. Алонсо поседуваше куќа во Монт сур Рол близу Женевското езеро, од 2006 до 2010, и во февруари 2010 тој се пресели во Лугано со цел да биде поблиску до Ферари, неговиот нов тим. Тоа е многу честа појава кај Формула Еден ѕвездите да се преселат во Швајцарија поради ниските даночни такси. Зимата 2010- 2011, Алонсо повторно се вратив во Овиедо за да биде поблиску до пријателите и семејството, коштајки го околу 50 милиони фунти данок. Тој е страствен љубител на триковите со карти и честопати знае да покаже некои трикови за време на тркачки викенд. Тој исто така е заинтересиран и за други спортови, како што е велосипедизам, фудбал и тенис. Алонсо најави водење на велосипедскиот тим во 2011 година на Тур Де Франс заедно со Алберто Контадор.

Освен Шпански, тој зборува Англиски и Италијански.

РАНА КАРИЕРА[уреди | уреди извор]

Како дете Алонсо учествува на картинг натпревари низ целата Шпанија, поддржан од неговиот татко кој исто така беше и негов механичар. Неговата фамилија имаше недостаток на финансиски средства, неопходни за развојот на неговата кариера во мотоспортот, но неговите победи привлекоја спонзори коишто им ги овозможија потребните средства. Алонсо е четирикратен Шпански првак во јуниор категоријата помеѓу 1993 и 1996, а во 1996 го освои и Светскиот Јуниор куп. На двапати ја освои Шпанската и Италијанската Интер А титула во 1997 и 1998. Исто така беше и Европски вицепрвак.

Поранешниот Минарди F1 возач Адријан Кампос му даде за првпат шанса да вози тест болид во октомври 1998. После три дена тестирање на патеката во Албасете, Алонсо ги постигна истите резултати со претходниот возач на Кампос, Марк Жене. Алонсо потпиша да вози за Кампос во 1999 Spanish Euro Open MoviStar by Nissan series. Во неговата втора трка, повторно во Албасете, Алонсо победи за првпат. Ја освои шампионската титула за еден бод од неговиот директен соперник Мануел Џао со победа и поставување на најбрзиот круг во последната трка на сезоната. Алонсо исто така тестираше за Минарди F1 тимот, возејќи за 1,5 секунди побрзо од останатите тест возачи.

Следната сезона Алонсо се префрла во Формула 3000, која најчесто е последниот чекор пред преселба во Формула Еден. Алонсо се приклучи во тимот на Астромега и стана најмладиот возач во класата таа година со единаесет месеци помлад од најмадиот возач дотогаш. Алонсо не успеа да земе ниту еден бод сè до седмата трка во годината, но во последните две рунди го освои второто место и победа, доволно за да го заземе четвртото место позади Бруно Жунќера, Николас Минасиан и Марк Вебер.

ФОРМУЛА ЕДЕН КАРИЕРА[уреди | уреди извор]

2001: Минарди[уреди | уреди извор]

Алонсо беше третиор најмлад возач на сите времиња, кога дебитирасе за Минарди на Австралиското Гранд При. Тоа беше прва сезона за тимот под палката на новиот сопственик Паул Стоддарт и нивниот нов болид PS01, не беше ниту брз ниту стабилен.

Сепак перформансите на квалификациите на Алонсо беа добри, ОУТКФАЛИФАИНГ тимски колега Тарсо Маркез со 2.6 секунди на дебитирањето. Во четвртата рунда во Имола тој ги outqualified двата болида на Бенетон, подвиг кој подоцна го повтори подоцна во истата сезона. Со Забележителните прформанси што ги направи преку сезоната, успеа да им го сврти вниманието на побрзите тимови. Тоа беше објавено во септември 2001 од страна на некои Европски печати дека тимот на Заубер бараат замена за нивниот пилот во заминување Кими Раиконен со Алонсо иако на тоа место имаше конкуренција за местото од Бразилецот Фелипе Маса, а подоцна и од тест возачот на Јагуар Андре Лотерер. Само еден месец подоцна беше потврдено дека Фелипе Маса ќе го заземе слободното место во Заубер за 2002.

Во Септември неговиот менаџер Флавио Бриаторе почна да планира да го смести Алонсо во Бенетон. Бриаторе го планираше промовиранјето на Алонсо за 2002, на место од неговиот возач Џејсон Батон, но наместо тоа реши да го земе Алонсо во Рено како тест возач за истата година. На последната трка од сезоната во Сузука тој заврши единаесетти – пет места оддалечен од освојување на бодови , но пред Хеинз – Харалд Френзеновиот Прост, пред БАР на Оливер Панис, двата болиди на Ароус и неговиот колега Алекс Јанг. Четири години подоцна, тимскиот шеф од деновите во Минарди, Пол Стодарт како 53 квалифицирачки круга. Таа сезона не освои ниту еден бод, негов најдобар пласман беше десетти на Германското Гранд При.



2002–2006 Рено[уреди | уреди извор]

2002–2003[уреди | уреди извор]

Алонсо стана тест возач за Рено во 2002 (Рено го преземаат тимот од Бенетон) и извоза 1,642 тест кругови таа година. Во 2003 Бриаторе го исфрли Батон и го постави Алонсо како втор возач на тимот покрај Јарно Трули. За овај потег Бриаторе претрпе големи критики од Британските медиуми, но техничкиот директор Мајк Гаскоњ изјави дека оваа одлука била исправна, дека тимот е задоволен и импресиониран од Алонсо и неговиот талент за време на неговите тест возења.

Шпанецот стана најмладиот возач што освоил пол позиција на Големата Награда на Малезија. Алонсо доживеа сообраќајна несреќа за време на Бразилското гранд при , како резултат на недостатотк од дупло жолто знаменце и безбедносно возило. Тој со брзина од 180 км/ч налета на остатоците од сударот на Марк Вебер еден круг порано. Трката беше означена со црвено знаме/ Алонсо заврши како второпласиран на домашното гранд при, две трки подоцна и. На Унгарското Гранд При успеа да победи, а со тоа стана и најмладиот пилот кој победил на Формула Еден трка. Таа сезона ја заврши како шестопласиран во првенството со 55 бода и 4 подиуми.


2004[уреди | уреди извор]

Алонсо вози и во 2004 година за Рено, освојувајќи подиуми во Австралија, Франција, Гермнаија и Унгарија. Во Индијанополис тој претрпе голем судир со огромна брзина поради голема оштетеност на пнеуматикот. Во Франција ја освои полпозицијата и заврши втор, позади Михаел Шумахер. Кон крај на сезоната, перформансите на неговиот тимски колега Јарно Трули значително опаднаја до степен тој да мора да потпише за Тојота во 2005, и беше заменет во последните три трки од страна на пораниешниот светски шампион Жак Вилнев. Алонсо ја завршува сезоната како четврти со 59 освоени бодови.


2005[уреди | уреди извор]

За тековната 2005, Алонсо доби нов тимски колега, италијанецот Џанкарло Фисиќела. На првата трка во Австралија, Алонсо тргна од последните редови порари врнежите за време на квалификациите, но успеа некако да се избори и да стаса до третото место. Следните две трки, во Малезија и Бахреин тој се искачи на првото место од тргнувајќи од пол-позицијата, а на Големата Награда на Сан Марино ја освои и третата победа после битката што ја водеше против Шумахер 13 круга.

Возачот на Мекларен, Кими Раиконен се подобрува и победува на трките во Шпанија и Монако додека Алонсо завршува како второпласиран и како четвртопласиран, соодветно. Раиконен беше на вистинскиот пат да победи и на Европското Гранд При на патеката во Nürburgring кога откажаа амортизерите на предното десно тркало ( поради дупка на гимата предизвикана од блокирање на тркалата поради кочење во моментот кога го претекнуваше Јакус Виленеу) во последниот круг, што на Алонсо му донесе победа.

Алонсо не успеа да освои бодови на Големата награда на Канада и на САД. Тој излета во пезнедносната ограда , а подоцна и сите болиди коишто ги користеа пневматици на Мишелин се повлекоа поради безбедноста во однос на нивните пневматици. Алонсо ја освои неговата трета пол позиција и петта негова победа на Француското Гранд При. Една недела подоцна на трката за Велика Британија тој повторно успева да тргне од пол позицијата но на оваа трка завршува како втор, зад Монтоја. Возачот на Мекларен, Кими Раиконен водеше на трката во Германија сè додека хидрауликата на неговиот болид откажа. Алонсо победува на оваа трка.

На Унгарското Гранд При тргна како шести, но заврши единаесеттопласиран поради судирот со Ралф Шумахер од тимот на Тојота. Кога сезоната влезе во последната фаза, Алонсо трипати последователно заврши на второто место, собирајќи значајни бодови. Раиконен победи во Турција и Белгија, но заврши како четвртопласиран во Монца после откачуванјето на неговиот мотор во квалификациите. Ова значеше дека предноста на Алонсо беше намалена само за еден бод.

Алонсо ја запечати титулата завршувајќи трет во Бразил, додека Монтоја победи пред Раиконен. Шпанецот стана најмладиот Шампион во Формула Еден на возраст од 24 години и 59 дена, рушејќи го дотогашниот рекорд на Емерсон Фитпалди. Исто така значајно е дека ја прекина и петгодишната доминација на Михаел Шумахер.

По неговата победа изјави: „Само сакам ова првенство да му го посветам на моето семејство, и на моите блиски пријатели коишто ме поддржаа низ мојата кариера. Шпанија не е земја којашто има традиција во F1 , па затоа моравме да се избориме сами, секој чекор од патот, за да успееме. Голема благодарност сакам да упатам и до мојот тим – тие се најдобриот тим во Формула Еден, и успеавме да го направиме ова заедно. Може да се рече дека јас сум светски шампион, но ние сите сме шампиони и тие го заслужуваат ова“. Во Мај 2007 на прашање од F1 Racing, Алонсо изјави дека Бразилското Гранд при во 2005 е негова најголема трка. Тој рече: ‘’ Тоа е кога сонот станува реалност.Беше мн емотивен ден. Во последните неколку кругови се вознемирив, мислејќи дека слушам звуци од моторот – од секаде! Но се беше во ред и можам да се сетам на моето олеснување кога ја поминав целната линија ‘’

Јапонското и Кинеското Гранд При видовме како Алонсо и Рено се откажуваат од конзервативниот стил, евидентно беше во Бразил каде што тој сè уште ја бркаше шампионската титула. Почнувајќи како 16-ти на патеката, тој заврши како трет веднаш зад Раиконен и Физиќела. На Кинеското Гранд При Рено и Алонсо победија, а со тоа се искачија на врвот и ја освоија шампионската титула во Конструктори.

Во 2005 година беше награден со наградата Принцот од Австрија.


2006[уреди | уреди извор]

Алонсо победи на првата трка од сезоната во 2006 во Бахреин, претекнувајќи го Михаел Шмахер по излегувањето од гаражите на 18 круга пред крајот откако ја започна трката како четврти. Се квалификува на седмото место на гран-прито во Малезија поради грешка со дополнувањето на гориво но заврши втор зад својот тимски колега Џанкарло Физикела. Победи на Австралијанското Гран-При по претекнувањето на Хондата на Џејмсон Батон, водач на трката.

По лошите кфалификации во Сан Марино, Алонсо не можеше да го претекне Михаел Шумахер во двобој што наликуваше на битката од претходната година. Шумахер го победи Алонсо уште еднаш на Европското Гран-При иако шпанецот стартуваше пол позицијата, Но Алонсо возврати станувајќи прв Шпанец кој победил на Шпанското Гран-При. Алонсо освои пол позиција на Гран-Прито во Монако по казната на Михаел Шумахер поради намерното сопирање на болидот на патеката во последните неколку минути од квалификациите, попречувајќи им на конкурентите меѓу кои и Алонсо да остварат најдобри квалификациски времиња. Алонсо победи на таа трка.

Тој ја зголеми својата победничка серија на четири трки со победите во Англија и Канада. И двете победи дојдоа од пол позициите а англиската трка беше за него прв хет-трик, прва победа,пол позиција и најбрз круг. Влезе во историјата како прв возач кој завршил како прв или втор во првите девет трки од сезоната, рекорд кој го постигна и Себастија Фетел во 2011та. Шумахер го возврати ударот со победа во Индианаполис каде Алонсо беше петти.

Алонсо доби казна поради прекршок на тренинг на Унгарското Гранд При. Кој го стави петнаесетти на почетната линија. Шумахер започна единаесетти по добивање на слична казна. како што ги претекнуваше повеќето на патеката како што ги претекнуваше повеќето на патеката Алонсо изгледаше спремен за неверојатна победа, како што ги претекнуваше повеќето на патеката, вклучувајќи го и Шумахер.

Наводи[уреди | уреди извор]