Феликс Хофман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Феликс Хофман

Феликс Хофман (21 јануари 1868 - 8 февруари 1946) бил германски хемичар, заслужен за првите синтетизирани корисни форми на хероин и аспирин.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден на 21 јануари 1868 во Лудвигсбург и студирал хемија во Минхен. Во 1894, тој се придружил во фармацевтската истражувачка установа Бајер во Елберфилд.

На 10 август 1897, Хофман синтетизирал ацетилсалицилна киселина (ASA) за првпат во устојчив облик употрблив за медицински потреби. Бајер ја продава оваа супстанца како аспирин.

Хофман исто така бил првиот кој создал устојчива варијанта од диацетилморфин или хероин, но тој не бил оригиналниот пронаоѓач, и покрај тврдењата на компанијата Бајер.

По синтезата за аспирин, Хофман се преселил во фармацевтскиот оддел за маркетинг, каде што останал сè до неговото пензионирање во 1928 година.

Умрел на 8 февруари 1946 година.

По неговата смрт[уреди | уреди извор]

  • Во 1949, Артур Ајхенгрин објавил лист, во кој тој тврдел дека ја планирал и насочил синтезата за Аспиринот заедно со синтезите за неколку други сродни соединенија.Тој исто така тврдел дека е одговорен за почетните скришни клинички испитувања за Аспиринот. Конечно, тој тврдел дека улогата на Хофман била ограничена на почетната лабораториска синтеза користејќи го неговиот (Ајхенгриновиот ) процес.[1]
  • Ајхенгриновата верзија била ингнорирана од страна на историчарите и хемичарите сè до 1999, кога Валтер Снидер од Одделот за фармацевтски науки во Универзитетот на Стратклајд во Глазгоу го преиспитал предметот и заклучил дека Ајхенгриновиот предвид е убедлив и точен и дека Ајхенгрин заслужува признание за пронаоѓањето на Аспиринот.[2] Бајер веднаш ја негирал оваа теорија во соопштението за печатот, тврдејќи дека пронаоѓањето на Аспиринот се должи на Хофман.
  • Во 2002, тој бил примен во Американски Национални Пронаоѓачи - Салата на славните.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eichengrün A. 50 Jahre Aspirin. Pharmazie 1949;4:582-4. (in German)
  2. Sneader W. The discovery of aspirin: a reappraisal. BMJ 2000;321:1591-4. doi:10.1136/bmj.321.7276.1591 PMID 11124191