ФК Болтон Вондерерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англија Болтон Вондерерс
Целосно имеФудбалски Клуб Болтон Вондерерс
Bolton Wanderers Football Club
ПрекариThe Trotters, The Wanderers
Основан1874 како Christ Church FC
СтадионСтадион Макрон,
Хорвич, Голем Манчестер
(Капацитет: 28,723[1])
СопственикЕди Дејвис
ПретседателФил Гартсајд
МенаџерФил Паркинсон
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2017-2018Чемпионшип, 21-ви
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Фудбалскиот Клуб Болтон Вондерерс (англиски: Bolton Wanderers F.C.) или попознат како ФК Болтон, Болтон, е професионален англиски фудбалски клуб со седиште во градот Болтон во областа Голем Манчестер. Клубот се натпреварува во Англиската Лига Еден, третото ниво на англискиот лигашки систем.

Болтон е еден од клубовите основачи на Англиската Прва Дивизија во 1888 година. Најголеми успеси клубот постигнал во дваесеттите години од минатиот век кога клубот успеал да го освои Англискиот ФА Куп 3 пати, во 1923, 1926 и во 1929 година. Болтон успеал да го освои Англискиот ФА Куп и по четврти пат во 1958 кога во финалето го поразил Манчестер Јунатед со 2-0. Од 1964 до 1978 Болтон не бил дел од прволигашката конкуренција и играл во втората англиска лига. Потоа во 1978 се вратил во Англиската Прва Дивизија, но по 2 години повторно излегол. Во 1987 за првпат во својата историја Болтон испаднал во четвртата англиска дивизија, во која останал само една сезона. Конечно во 1995 Болтон се вратил во Премиер Лигата. Првиот настап во Европските купови клубот го имал во сезоната 2005/06 кога стигнал во најдобрите 32 во УЕФА купот. Во сезоната 2007/08 клубот повторно се квалификувал за УЕФА купот каде стигнал во најдобрите 16.

Болтон своите натпревари ги игра на Рибок кој е со капацитет од 28,723 седишта. Претходно до 1999 клубот 102 години играл на стадионот Бурнден Парк.

Болтон во Премиер Лигата е рекордер во поминати години (вкупно 72; 2010/11) без освојувајќи го трофејот. Највисоко постигнато место на клубот е третото место и тоа во 1892 , 1921 и 1925 година.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Рана историја (1877–1929)[уреди | уреди извор]

Болтон Вондерерс е основан од страна на свештеникот Томас Огден во 1874 година во црквата Christ Church, под името Christ Church F.C.. Потоа во 1877 година клубот го променил името во ФК Болтон Вондерерс. Во 1888 Болтон бил еден од дванаесетте клубови основачи на Англиската Прва Дивизија.

Во 1894 Болтон стигнал до финалето на најстарото фудбалско натпреварување, Англискиот ФА Куп каде загубил од Нотс Каунти so 4-1. Една деценија подоцна Болтон повторно играл во финалето на Англискиот ФА Куп каде загубил од Манчестер Сити со резултат 1-0. Конечно на 28 април 1923 Болтон успеал да го освои својот прв трофеј од постоењето на клубот, освојувајќи го Англискиот ФА Куп со победата над Вест Хем Јунајтед од 2-0. Мечот се играл на стадионот Вембли а го проследиле 127,000 гледачи. Болтон успеал да го освои Англискиот ФА Куп и во 1926 и 1929 година победувајќи ги Манчестер Сити[3] и Портсмут.[4]

Фудбал во елитата и успех во купот (1929–1958)[уреди | уреди извор]

Од 1935 до 1964 година, Болтон уживал во прволигашката елита. Од страна на навивачите овој перод е прогласен за златна ера на клубот. За време на Втората светска војна играчите од клубот повеќе биле на бојното поле отколку на терен. Тие биле вклучени во 53та Артилерија на Болтон како волонтери. Единствен загинат фудбалер бил тогашниот капитен на тиомот Хари Гослин.

Во 1958 година Болтон го освоиле својот четврти трофеј во Англискиот ФА Куп, каде пред 100,000 гледачи го поразиле Манчестер Јунатед со 2-0. Потоа во 1964 година клубот испаднал во втората дивизија.

Неколку издигнувања и многу падови (1958-1995)[уреди | уреди извор]

По многуте години играње во втората дивизија, очекувањата биле големи кога клубот успеал да влезе во Англиската Прва Дивизија во 1978 година. Како и да е Болтон останал во првата дивизија само две сезони и потоа повторно испаднал од лигата. Откако во следните две-три години не успеале да влеат во првата дивизија, во 1983 година Болтон испаднал во третата англиска дивизија. Следните две сезони тимот бил подмладен, но тоа било безуспешно бидејќи клубот испаднал во четвртата дивизија, за првпат во историјата на клубот. Но во четвртата дивизија тие останале само една сезона и веќе во следната сезона се промовирале во третата дивизија. Подоцна клубот се вратил во втората дивизија но не успеал да влезе во Премиер Лигата сè до 1995 година.

Ерата на Колин Тод (1995–1999)[уреди | уреди извор]

По пауза од 15 години, конечно во 1995 под раководство на Брус Риок, Болтон успеал да влезе во Премиер Лигата благодарение на победата над Ридинг во финалната плејоф рунда. Истата сезона Болтон стигнал до финалето на Англискиот лига куп каде загубил со резултат 2-1 од Ливерпул. По заминувањето на менаџерот Риок во Арсенал, за негова замена бил назначен неговиот асистент Колин Тод. Во првата сезона од неговото раководење клубот не успеал да остане во Премиер Лигата и испаднал во втората лига. Но одборот на Болтон имал целосна доверба во Брус Риок, па така оваа доверба била возвратена следната сезона кога Болтон со 98 бода и со постигнати 100 голови завршил прв во втората лига и повторно се вратил во елитата. Во таа сезона вреди да се спомене и преселбата на клубот од стадионот Бурнден Парк на новиот стадион Рибок.

Во сезоната 1997/98 Болтон повторно несреќно илзегол од Премиер Лигата поради гол разлика. Во 1999 клубот имал шанса повторно да се врати во првата лига но во плејоф натпреварот загубил со 2-0 од Ватфорд. Следната есен тренерот Тод си поднел оставка и не негово место бил назначен Сем Алардајс.

Ерата на Сем Алардајс(1999–2007)[уреди | уреди извор]

Под раководство на Сем Алардајс, Болтон успеал да се врати во Премиер Лигата во сезоната 2000/01. Во следните две сезони клубот едвај успевал да опстане во Премиер Лигата. Во сезоната 2010/11 Болтон го направил еден од најдобрите свои почетоци во Премиер Лигата. Во првото коло тие го победиле тимот на Лечестер со извонредни 5-0, а потоа во наредното коло Болтон го поразил и Ливерпул. Во оваа сезона вреди да се спомене и големата победа над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Иако ги загубил последните три натпревари сепак Болтон опстанал во лигата завршувајќи на 16то место. Пристигнувањето на искусни играчи како Јури Џоркаев, Кевин Нолан и Мајкл Рикетс било од пресудно значење за клубот.

Следната сезона клубот го обезбедил својот опстанок во Премиер Лигата во последното коло, откако го победил Мидлзборо со 2-1. Во оваа сезона клубот успеал повторно да го победи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Ѕвезда на сезоната бил играчот Џеј Џеј Окоча кој се покажал како одлично засилување.

Во 2004 година Болтон играл во финалето на Англискиот лига куп каде загубил од Мидлзборо. Во 2005 клубот го забележал својот најдобар пласман во Премиер Лигата завршувајќи 6ти на табелата. Овој пласман за Болтон значел излез во УЕФА купот каде стигнал до најдобрите 32 и бил елиминиран од францускиот Олимпик Марсеј со вкупни 2-1. Во април 2007 Алардајс поднел оставка од клубот.[5]

Ерата на Гери Мегсон (2007–2009)[уреди | уреди извор]

По заминувањето на Сем Алардајс, неговото место го заземал неговиот помошник Семи Ли кој го обезбедил играњето на Болтон во УЕФА купот во сезоната 2007/08. Но откако во Премиер Лигата забележал само една победа на 11 натпревари, Ли го напуштил клубот во октомври 2007 година, а на негово место дошол Гери Мегсон.[6] Тој направил промени во составот на Болтон, и го продал фудбалерот Никола Анелка на Челзи за 15 милиони фунти, а парите ги искористил за купување на 4 нови играчи.

Со Гери Мегсон Болтон во УЕФА купот успеал да остане непоразен на теренот на Баерн Минхен и успеал да ја победи Црвена Ѕвезда во Белград со што станал првиот британски клуб кој победил во Белград, а потоа во шеснаесетфиналето го елиминирал тимот на Атлетико Мадрид. Во осминафиналето Болтон загубил со вкупен резултат 2-1 од Спортинг Лисабон.

На 30 декември 2009 година било објавено дека Гери Мегсон го напуштил клубот поради лоши резултати. На 8 јануари 2010 Овен Којл бил назначен за нов тренер на Болтон.

Ерата на Овен Којл (2010–сега)[уреди | уреди извор]

На првиот натпревар под раководство на Овен Којл, Болтон загубил со 2-0 од Арсенал, но во вториот натпревар успечно го победил поранешниот прволигаш Барнли. За време на јануарскиот преоден рок Којл го засилил составот на Болтон со купувањето на Стујарт Холден, како и со позајмувањето на Џек Вилшер од Арсенал и Владимир Вајс од Манчестер Сити. Во својата прва сезона Којл успеал да обезбеди опстанок во Премиер Лигата завршувајќи на 14то место.

Во сезоната 2010/11 Болтон успеал да стигне во полуфиналето на Англискиот ФА Куп каде загубил со огромни 5-0 од Стоук Сити на натпревар што се одиграл на стадионот Вембли.[7] За овој пораз Болтон му се реванширал на Стоук Сити и го победил со истиот резултат 5-0 во Премиер Лигата. Иако во поголем дел од сезоната Болтон се наоѓал во првиот дел од табелата, по серијата од 5 порази по ред на крајот завршил повторно на 14то место.

Грб и бои[уреди | уреди извор]

Грбот на Болтон се состои од иницијалите на клубот во форма на топка со црвени и сини панделки под неа.

Домашните бои на клубот се бели маици со темносини лепенки и црвени рабови, заедно со темносини шорцеви и бели чорапи. Гостинските бои на клубот се црни маици со жолти лепенки, заедно со црни шорцеви и чорапи. Но овој дизајн не бил отсекогаш прв избор на клубот. Во 1884 боите на клубот биле бели маици со црвени точки. Претходно во седумдесеттите клубот експериментирал со целосно бела опрема.

Играчи[уреди | уреди извор]

Од 1 февруари 2017.

Прв тим[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
2 Англија ОД Луис Бакстон
3 Англија ОД Дин Мокси
4 Франција ОД Дориан Дервит
5 Англија ОД Марк Биверс
6 Англија СР Џош Вела
8 Англија СР Џеј Спиринг (капитен)
13 Англија ГМ Бен Алнвик
14 Англија НП Гари Мејдин
15 Шпанија ОД Дерик
16 Англија СР Марк Дејвис
17 Англија СР Лијам Тротер
19 Англија НП Макс Клајтон
Бр. Позиција Играч
20 Англија ОД Ендрју Тејлор
21 Англија СР Дарен Пратли
23 Англија ОД Лори Вилсон
24 Англија СР Џејмс Хенри
31 Англија ОД Дејвид Витер
32 Англија ОД Том Торп
33 Англија ГМ Марк Хауард
35 Ирска НП Конор Вилкинсон
- Англија НП Крис Лонг
- Англија НП Адам Ле Фондр
- Англија СР Вив Соломон-Отабор

Најмногу Настапи[уреди | уреди извор]

Само официјални натпревари. Натпревари играни до 31 декември 2011.

# Име Кариера Настапи
1 Англија Хопкинсон, ЕдиЕди Хопкинсон 1952–1970 578
2 Англија Гривс, РојРој Гривс 1965–1980 575
3 Англија Фини, АлексАлекс Фини 1922–1937 530
3 Финска Јаскелаинен, ЈусиЈуси Јаскелаинен 1997–сега 530
5 Англија Ример, ВарвикВарвик Ример 1960–1975 528
6 Англија Едвардс, БрајанБрајан Едвардс 1947–1965 518
7 Велс Визард, ТедТед Визард 1910–1931 512
8 Англија Jones, Пол ЏонсlПол Џонсl Jones 1970–1983 506
9 Англија Лофтхаус, НетНет Лофтхаус 1946–1960 503
10 Англија Хартл, РојРој Хартл 1952–1966 499

Најмногу голови[уреди | уреди извор]

Само официјални натпревари.

# Име Години Вкупно
1 Англија Лофтхаус, НетНет Лофтхаус 1946–1960 285
2 Англија Смит, ЏоиЏои Смит 1908–1927 277
3 Англија Џек, ДејвидДејвид Џек 1920–1928 161
4 Англија Милсом, ЏекЏек Милсом 1930s 153
5 Англија Вествуд, РејРеј Вествуд 1928–1947 144
6 Шкотска Моир, ВилиВили Моир 1945–1955 134
7 Англија Бајром, ЏонЏон Бајром 1966–1976 130
8 Англија Блекмур, ХаролдХаролд Блекмур 1927–1932 122
9 Англија Ватмор, НилНил Ватмор 1973–1981
1982–1984
1987–1988
121
10 Шкотска МекГинлеј, ЏонЏон МекГинлеј 1992–1997 118

Освојувачи на титули[уреди | уреди извор]

Шампиони на Европа

Историја во менаџментот[уреди | уреди извор]

година Име Белешки
1874–1885 Англија Том Рафтхорн Како секретар
1885–1886 Англија Џон бентли Како секретар
1886–1887 Англија Вилиам Струерс Како секретар
1887 Англија Фицрој Норис Како секретар
1887–1895 Англија Џон Бентли Како секретар
1895 Англија Хари Даунс Како секретар
1896–1898 Англија Франк Бретел Како секретар
1898–1910 Англија Џон Сомервил
1910–1915 Англија Вил Сетл
1915–1919 Англија Том Метер
1919–1944 Англија Чарли Фоурејкер Менаџер со најдолф стаж во клубот.
1945–1950 Англија Валтер Роули
1951–1968 Англија Били Ридинг
1968–1970 Англија Нет Лофтхаус
1970 Северна Ирска Џими МекИлрој Прв менаџер надвор од Англија
1970 Англија Џими Медоус
1971 Англија Нет ЛофтХаус
1971–1974 Англија Џими Армфилд
1974–1980 Англија Ијан Грејвс
1980–1981 Англија Стан Андерсон
1981–1982 Шкотска Џорџ Мулхал
1982–1985 Шкотска Џон МекГоверн
1985 Англија Чарли Рајт
1985–1992 Англија Фил Нил
1992–1995 Шкотска Брус Риок
1995–1996 Англија Рој МекФарланд
Англија Колин Тод
Први ко-менаџери во историјата на клубот.
1996–1999 Англија Колин Тод
1999–2007 Англија Сем Алардајс
2007 Англија Семи Ли
2007–2009 Англија Гери Мегсон
2010–2012 Ирска Овен Којл
2012–2014 Шкотска Даги Фридман
2014–2016 Северна Ирска Нил Ленон
2016– Англија Фил Паркинсон

Стадион[уреди | уреди извор]

Стадионот Рибок

Болтон натпреварите на домашен терен ги игра на стадионот Рибок. Стадионот се наоѓа во градот Хорвич во областа Голем Манчестер. Стадионот е со капацитет од 28,723 седишта. Стадионот има хотел изграден во внатрешноста на стадионот од кои од неколку соби може да се види и теренот. Стадионот е модерен и е изграден во 1997 година заменувајќи го претходниот стадион Бурнден Парк. Стадионот бил отворен на 1 септември 1997 година од страна на тогашниот заменик премиер на лабуристите Џон Прескот. Името Рибок стадионот го добил по главниот спонзор на клубот Рибок. Рекордната посетеност од 28,353 гледачи била поставена на 28 декември 2003 година во натпревар од Премиер Лигата против тимот на Лестер Сити.

Успеси[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Complete Handbook HI RES.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-20. Посетено на 19 August 2011.
  2. „Табела на Премиер Лигата на сите времиња“. Англиска фудбалска архива. Архивирано од изворникот на 2008-01-29. Посетено на 22 февруари 2008.
  3. „Финале ФА Куп 1926“. fa-cupfinals.co.uk. Архивирано од изворникот на 2008-02-26. Посетено на 11 април 2011.
  4. „Финале ФА Куп 1929“. fa-cupfinals.co.uk. Архивирано од изворникот на 2009-02-10. Посетено на 11 април 2011.
  5. Алардајс го напушта Болтон – ББС Спорт
  6. „Мегсон ја презема контролата на Рибок“. ФК Болтон. 25 октомври 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-27. Посетено на 25 октомври 2007.
  7. „Болтон 0 – 5 Стоук“. ББС Спорт. 17 април 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]