ФК Јанг Бојс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанг Бојс
Основан14 март 1898
СтадионСтад де Свис
Берн, Швајцарија
Капацитет32,000
СопственикШвајцарија Вернер Мулер
ТренерШвајцарија Герардо Сеоане
ЛигаШвајцарска Супер лига
2022–231.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Бернер Шпорт Клуб Јанг Бојс или ФК Јанг Бојс е швајцарски професионален фудбалски клуб од главниот град, Берн. Клубот е основан во 1898 година и се натпреварува во највисокото ниво на швајцарскиот клупски фудбал, Швајцарска Супер лига. Тие се моментални шампиони на Швајцарија, откако триумфирале во сезоната 2017-2018 освојувајќи ја титулата првпат по 32 години чекање.

Со 12 наслови во швајцарското првенство Јанг Бојс е на делба на четвртото место по успешност со ист број на титули со Цирих а зад Грасхопер, Базел и Сервет. Освен тоа тие имаат и 6 наслови во Купот на Швајцарија. Јанг Бојс исто така е еден од најуспешните швајцарски клубови и во европските натпреварувања, а најголемиот успех им е полуфиналето во Европскиот куп во сезоната 1958-59, каде биле поразени од францускиот претставник Ремс.

Од 2005, Јанг Бојс ги игра својте домашни натпревари на Стад де Свис кој има капацитет од 32.000 места, а изграден е на местото на некогашниот стадион Ванкфорд.

Бои и амблеми[уреди | уреди извор]

Официјалните бои на клубот се црна и жолта ().

Титули[уреди | уреди извор]

1902-03, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1919-20, 1928-29, 1956-57, 1957-58, 1958-59, 1959-60,10 титули
1985-86, 2017-18, 2018-19, 20219/20, 2020/21, 2022/23.

1929-30, 1944-45, 1952-53, 1957-58, 1976-77, 1986-87, 2019/20, 2022/23

1976.

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Швајцарија ГМ Марко Велфли
4 Гвинеја ОД Мохамед Али Камара
5 Швајцарија ОД Стив вон Берген
7 Србија СР Миралем Сулејмани
8 Швајцарија ОД Џибрил Со
11 Германија СР Џанлука Гаудино
14 Камерун СР Муми Нгамале
16 Швајцарија НП Кристијан Фаснахт
17 Брег на Слоновата Коска НП Рожер Асале
18 Швајцарија НП Жан-Пјер Нсаме
19 Австрија СР Торстен Шик
20 Швајцарија СР Мишел Ебишер
Бр. Позиција Играч
21 Швајцарија ОД Улисес Гарсија
22 Швајцарија ОД Грегори Вутрих
23 Швајцарија ОД Лорис Бенито
26 Швајцарија ГМ Давид вон Балмос
29 Швајцарија ОД Џордан Лотомба
30 Швајцарија СР Сандро Лаупер
39 Швајцарија СР Лео Сејду
40 Швајцарија ГМ Дарио Марцино
43 Швајцарија ОД Кевин Мбабу
51 Швајцарија ОД Јан Крониг
99 Франција НП Гијом Оаро

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]