Убавица (пештера)

Координати: 41°42′8.28″N 20°55′7.32″E / 41.7023000° СГШ; 20.9187000° ИГД / 41.7023000; 20.9187000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Убавица
Поглед кон отворот на пештерата
МестоГорна Ѓоновица, Гостиварско
Координати41°42′8.28″N 20°55′7.32″E / 41.7023000° СГШ; 20.9187000° ИГД / 41.7023000; 20.9187000
Должина1.300 м
Карта

Убавица или Ѓоновица[1]пештера на планината Буковиќ, над стариот пат Гостивар - Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица.

Име[уреди | уреди извор]

Името „Убавица“ е дадено поради изразитиот сталагмит во облик на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси[2].Другиот назив на пештерата доаѓа од самата месност, по која се наречени и двете блиски села.

Геморфологија[уреди | уреди извор]

Пештерата е настаната е вдолж раседна линија, во правец север - југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Убавица е ретка со својот раскош, со безбројните фигури од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, неколку галерии, столбови, ишарани тавани, разновиден пештерски накит, канал со вода, езерца, водопад висок седум метри, пет врела и уште облици и во должина од над петстотини метри[2].

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. За време на пролетните месеци при топењето на снегот и висок водостој, водите од подземниот водотек се излеваат и истекуваат од пештерата течејќи како силна река и поплавувајќи го патот и околината. Покрај многубројните и разновидните пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10×13 м), во која се наоѓа подземен водопад висок 5 - 6 метри.

Животински свет[уреди | уреди извор]

Покрај лилјаците, во пештерата е застапен ендемскиот вид Ceuthophilus bukoviki од семејството на пештерските штурци (Rhaphidophoridae).

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). „Буковиќ“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 118. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. 2,0 2,1 Милевски, Ивица (15 септември 2012). „Пештерата Убавица, една од најубавите во Македонија“. ИГЕО портал. Посетено на 3 декември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]