Тринли Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тринли Ѓацо
Дванаесеттиот далај-лама
ПретходникКедруп Ѓацо
НаследникТубтен Ѓацо
ДинастијаДалај-лама

Тринли Ѓацо или Тринле Ѓацо,а некаде и Тинле Ѓацо(26 јануари 1857-25 април 1875) — дванаесеттиот далај-лама.Некаде неговото име е запишано дека било Је-цун Нга-ванг Ло-занг Тен-пај Ѓал-цен Ќен-раб Трин-ли Ѓат-со Пал-занг-по, но попознато е дека неговото име било Је-цун Ло-занг Тен-пај Ѓал-цен Трин-ли Ѓа-цо Пал-занг-по.

Неговиот краток живот не се одликувал со мир,напротив тој многу често бил во политички немири и борби со соседите.Тибет особено страдал со слабеењето на Ќинг во Кина што им овозможило на Британците да го зголемат своето влијание и на овој простор по освојувањето на Индија.

Тој бил прeпознаен како реинкарнација на далај-ламата во 1860 година,а на 14 јануари истата година бил и прогласен за далај-лама.За време на неговото детство,Тибет го забранил навлегувањето на Европејците во земјата поради војните коишто ги воделе Британците во Сиким и Бутан коишто биле под власт на далај-ламата во Ласа.На овие војни се гледало како војни за колонизација на Тибет што било крајно неприфатливо за ламите.Кон Тибет имало и закани преку реките Меконг и Салуен, па Тибет престанал да го признава авторитетот на Манџурците за тие цели.

Тринли Ѓацо целосно бил прогласен за далај-лама на 11 март 1873 г., но не останал долго на таа позиција бидејќи умрел од мистериозна болест на 25 април 1875.

Претходник
Кедруп Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Тубтен Ѓацо