Треј Сонгз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Треј Сонгз
Животописни податоци
Познат(а) и какоПринцот од Вирџинија
Роден(а)28 ноември 1984(1984-11-28)(39 г.)
Петербург, Вирџинија, Сад
ЖанровиРнБ, Соул, Хип-Хоп
ЗанимањаПејач, автор на песни, продуцент, глумец
ИнструментиВокали, клавијатури
Период на активностод 2004 - па наваму
ИздавачиАтлантик Рекордс, Songbook
СоработнициDrake,Troy Taylor
Мреж. местоwww.treysongz.com

Тремаин Алдон Неверсон познат како Треј Сонгз е американски изведувач, продуцент и глумец. Неговиот деби албум „I gotta make it“ излезе во 2005, додека го снимаше и неговиот втор албум „Trey day“ кој пак излезе во 2007. Неговиот трет албум „Ready“ беше објавен во 2009, а четвртиот албум „Passion, Pain & Pleasure“ го објави на 14 Септември 2010.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

1984–2004[уреди | уреди извор]

Сонгз е роден на 28 Ноември 1984 во Петербург, Вирџинија. Израснат како воено дете, Сонгз немал аспирации за музичка кариера како дете кое поради својата срамежливост велел:„Пеењето не беше реалност за мене, сè додека другите луѓе почнаа да забележуваат дека звучам добро“. Тој ги препозна неговите вокални способности на неговата 14 година. Не подготвен, тој почна да пее со охрабрување од неговите пријатели и фамилијата во средно училиште. Продуцентот Трој Тејлор го откри Сонгз за време на едно талент шоу во 2000 година, што го доведе до потпишување на договор со „Antlantic Records“ во 2002 година. После дипломирањето од средно училиште во 2002 година, Сонгз се пресели во Њу Џерси за да почне со снимањето на неговиот деби албум, иако снимањето не започна сè до 2003 година.

2004-2006: „I gotta make it“[уреди | уреди извор]

Додека го снимаше неговиот деби албум во 2004 г. Сонгз објави повеќе микс-траки под псевдонимот „Принцот од Вирџинија“. Една од овие песните е еден вид „одговор на песна“ на траката „Trapped in the Closet“ од Р.Кели чие име е „Open the Closet“. Оваа песна му овозможи да биде забележан.

Неговиот деби албум „I gotta make it“ е објавен на 26 Јули 2005 година. Ова го дигна на 20. место на „Billboard 200“ со продадени 40 000 копии во првата недела од излегувањето на албумот. Продаде 300 000 копии во САД, но никогаш не доби сертификат од RIAA.

Неговата деби песна „Gotta make it“ во дует со Твиста, излезе во март 2005 година и го достигна 87. место на „Billboard Hot 100“ и 21. место на „Hot R&B/Hip-Hop Songs“ листите. Тоа му донесе успех во РнБ/ урбаната заедницата, но не успеа да остави трага во тренд заедница. Последната песна од албумот „Gotta go“ излезе во јули 2005 и го достигна 67.место на Hot 100 и 11. место на Hot R&B/Hip-Hop Сонгз листите, со што му донесе уште поголем успех од неговата деби песна во РнБ/урбаната заедница и во мејнстрим заедницата. После промоцијата на неговиот завршен деби албум, Сонгз влезе во дует со Tвиста за песната „The day after“. Песната „Girl tоnite“ го достигна 14. место на Hot 100 и 3. место на Hot R&B/Hip-Hop листите со што стана голем хит.

2007–2008: „Trey Day“[уреди | уреди извор]

Треј Сонгз 2007.

Во средината на 2006 година, Сонгз почнува да работи на неговиот следен албум за неговиот настап со долгогодишниот соработник Трој Тејлор и ги ангажира Брајан-Мајкл Кокс, Даниа и Р.Кели за да му помогнат околу албумот.

Неговиот втор албум „Trey Day“ излезе на 2 Октомври 2007 година. Албумот достигна 11. место на „Billboard 200“ со продадени 73 000 копии во првата недела. Продадени се 400 000 копии во САД со што станува втор албум кој исто така нема добиено сертификат од RIAA. Албумот требаше да излезе на 8 Мај 2007 година, но постојано беше одложувано со цел албумот да го најави со успешна песна како водечка песна на топ листите.

Неговиот албум се претходи на водечката песна „Wonder Woman“ која се промовираше во февруари 2007та. Оваа песна го достигна 54. место на Hot R&B/Hip-Hop листите но падна на списокот на Hot 100. Поради неуспехот на песната, излегувањето на неговиот албум од Мај 2007та се одложи за октомври истата година. Втората песна од албумот „Can’t help but wait“ е објавена во август 2007 г. со што го промовираше неговиот втор албум и песната за филмот „Step Up 2 the Streets“. Песната достигна 14. место на Hot 100 и 2. место на Hot R&B/Hip-Hop листата. Оваа песна е прва негова песна која е во Топ 20те хитови на „Hot 100“, со што го зголеми бројот на продадени копии на неговиот втор албум. Песната е номинирана за најдобра машка РнБ изведба во 2008. година на Греми наградите.

Третата песна од албумот „Last Time“ беше објавена во јануари 2008 г. и го достигна 69. место на „Hot 100“ листата и 9. место на Hot R&B/Hip-Hop листите. Четвртата и последната песна од албумот „Missing you“ излезе во мај 2008 година но постојано паѓаше на листите. Во средината на 2008 г. Сонгз е номиниран на BET наградите за најдобар машки РнБ изведувач, но не ја доби наградата.

2009–2010: „Ready“[уреди | уреди извор]

Крајот на 2008та, Треј почна со работа на неговиот следен албум со Брајан-Мајкл Кокс, Шон Гарнет и Tрој Тејлор со цел да го снимат албумот кој треба да биде по зрел од првите два албума. Пред да го објави неговиот трет албум Tреј излезе со песната „Anticipation“. Летото 2009 година Tрej објавува нова песна наречена „Genesis“. „Genesis“ е колекција од првите песни на Tрej кога имал само 15 години и целта на објавувањето на „Genesis“ е да им покаже на неговите обожаватели неговата посветеност која ја имал додека бил сè уште мал.

Trey го издаде и својот трет албум „Ready“ на 31 август 2009 г. Албумот го достигна третото место на „Billboard 200“ со продадени 131 000 копии уште во првата недела. Ова се неговите најдобри први недели за продажба и албумот достигна прво место на Top 10 списокот на „Billboard 200“. Албумот издаде 800 000 копии во САД и заслужи сертификат од RIAA во февруари 2010, со што станува првиот албум со сертификат од RIAA.

Водечката песна од албумот „I need a girl“ која излезе во април 2009 го достигна петтото место на Hot R&B/Hip-Hop листата и станува урбан хит. Подоцна се промовира песната „Successful“ во дует со раперот Дрејк која се објави во јуни 2009 година и го достигна 19. место на Hot 20 хитови.

Втората официјална песна од третиот албум е „LOL smiley face“ во дует со раперите Солџа Бој Тел Ем и Гучи Мен, која излезе во август 2009 година и го достигна 51. место на Hot 100 и 12. место на Hot R&B/Hip-Hop листата. Трета песна од албумот „I invented sex“ во дует со Дрејк се објави во октомври 2009 со што го постигна 42 место на Hot 100, но првото место на Hot R&B/Hip-Hop листата, и оваа песна е негова прва песна на врвот на листата. Како првите две песни од албумот постигнаа успех во РнБ урбаната заедница но главниот успех го достигна на „Билборд 100“, а беше на врвот на РнБ листата. Четвртата песна од албумот „Say ahh“ во дует со раперот Фабулос се објави во јануари 2010 и го достигна деветтото место на Hot 100 на Hot R&B/Hip-Hop листата. Оваа песна се издигнува највисоко до сега, а листите на Хот 100 и станува една од најуспешните песни на Hot R&B/Hip-Hop листата. Шестата песна „Yo side of the bed“ требало да излезе во јуни 2010, но објавувањето се откажало порани непознати причини.

Сонгз ја имаше честа да ја отвори турнејата на Џеј-Зи на крајот на 2009 г. Овој албум е номиниран за најдобар современ РнБ албум на Греми наградите во 2010 год но изгуби од Бијонсе. На 1 април истата година сними епизода на МТV Unplugged. Документарната серија за Треј Сонгз: „Мојот момент“, почна во јуни и помина со позитивни критики и висок ранг. Првите десет серии завршија во август 2010 и го следеа Tреј додека ја отвораше турнејата на Џеј-Зи во 2009.

2010: „Passion, Pain & Pleasure“[уреди | уреди извор]

Четвртиот албум на Треј „Passion,Pain & Pleasure“ е објавен на 14 септември 2010 година. Сонгз почна да работи на албумот на почетокот од 2010 година со Шон Гарнет, Tрој Тејлор и Старгејт. Албумот се комплетираше во јули 2010 г. Водечката песна од албумот „Buttoms up“ во дует со Ники Минаж, беше објавена на 27 јули и го достигна 24. место на R&B/Hip-Hop листата. Се сними видео запис за оваа песна на 31 јули. Исто така се сними видео запис и за втората песна „Can’t be friends“ на 1 август.

Треј се оддаде на „Passion,Pain & Pleasure“ на 6 август со пејачката Моника.

Оваа турнеја е негова прва турнеја која се состои од емисии со секогаш потполнети од 3 000 до 5 000 седишта.

Дискографија[уреди | уреди извор]