Трета македонска ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трета македонска ударна бригада
Третата македонска ударна бригада во строј
Активна26 февруари 1944мај 1945
МаршКо челик сме ние
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Сремски фронт
Команданти
Истакнати
команданти
Тихомир Милошевски
Формирање на III македонска ударна бригада.

Третата македонска ударна бригада била формирана во село Жегљане, Кумановско на 26 февруари 1944 година. Била формирана од баталјонот „Стив Наумов“ и кумановските баталјони „Јордан Николов - Орце“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“.

Команден состав[уреди | уреди извор]

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Почетни дејствија[уреди | уреди извор]

Штабот на Третата македонска ударна бригада. Од лево кон десно: Златко Билјановски, Тихомир Милошевски, Кирил Михајловски и Боро Милески

Во својот борбен пат бригадата го разбила Вардарскиот четнички корпус од околу 800 четници во нападите кај село Сејац (29 февруари) и Ново Село (3 март), водела успешни борби кај Билјача, Буштрање, Свињиште и Ристовац (23 март), ги уништила рудничките постројки во Добрево и Пробиштип (3 април), а при нападот на Кратово заробила 120 бугарски војници.

Во времето на Пролетната офанзива (25 април - 20 јуни) во содејство со други народноослободителни единици водела успешни борби во Македонија и Поморавјето со напад на Кратово (25 април), борби кај Побиен Камен, Црноок (5 мај), Станикин Крст (12 мај), Знеполе (13 мај), Лисец, Косматица, Голак, Костурино (1 јуни), Кушкули (5 јуни), планината Круша, Пониква, Чупино Брдо (15 јуни) и Петрова Гора (19 јуни).

Нарасната со прилив на нови борци, од дел на нејзините и дел на борците на Втората македонска бригада, била формирана Четвртата македонска бригада (на планината Лисец, 24 јули 1944). Потоа продолжила со успешни напади и диверзии по должината на патот Куманово-Крива Палана, со ноќен напад против бугарските сили во селата Страцин, Младо Нагоричане и Клечевце, нанесувајќи им загуби од околу 50 убиени, ранети и заробени војници и рушејќи два моста на реките Пчиња и Петрошница (24 јули), извршила напад на железничката станица во Табановце (28 јули) и неколку диверзии на истата железничка пруга (30 јули), а потоа имала значајна улога во обезбедувањето на работата на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ (2 август).

По заседанието, кај Голема Глава го разбила бугарскиот полициски одред од 120 полицајци (ноќта меѓу 9 и 10 август), заедно со Кумановскиот одред пак извршила напад на железничката станица во Ристовац и Табановце (ноќта меѓу 12/13 август), во содејство со Осмата прешевска бригада го нападнала рудникот Лојане (ноќта меѓу 23/24 август), при што биле заробени 28 бугарски војници, го организирала ослободувањето и прифатот на околу 300 политички затвореници од скопскиот затвор Идризово (29 август), вршела постојани напади на железничката пруга Велес-Скопје.

Завршни операции за ослободување на Македонија[уреди | уреди извор]

Приказ на борбениот пат на третата македонска ударна бригада

При формирањето на Четириесет и втората дивизија на Петнаесеттиот (македонски) корпус во НОВЈ (с. Лисиче, Велешко, 7 септември), заедно со Осмата македонска (велешка) бригада и Дванаесеттата (скопска) бригада, влегла во нејзиниот состав. Во составот на оваа дивизија учествувала во борбите против балистичките сили на Сува Гора, Каршијак, нападите на железничката пруга и во ослободувањето на Велес (9 ноември), Скопје (13 ноември) и Тетово (19 ноември).

Сремски фронт[уреди | уреди извор]

Потоа, од Бујановац, со марширање до Врање и транспортен воз за Земун, била упатена на Сремскиот фронт (почеток на јануари 1945) и низ борби и марш преку Илинци, Шид (12 април), Товарник, Стризивојна, Врполе (17 април), Славонска Пожега (21 април), реката Илова (25-30 април), Криж, Дуго Село и други места пристигнала во слободниот Загреб (7 мај). На враќање преку Бања Лука и Крагуевац, пристигнала во Краљево.

Од составот на Третата македонска ударна бригада загинале околу 287 борци и старешини на Сремскиот фронт и при чистењето на теренот во Босна и Херцеговина. Бригадата била одликувана со Орден братство и единство и Орден народно ослободување.[1]

Маршот на Бригадата[уреди | уреди извор]

Панче Пешев припадник на оваа Бригада, ја компонира музиката на популарната македонска борбена песна од НОВ, која станува и Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“, текстот го напишал од Ацо Шопов.[2]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Дане Цеков, „Трета Македонска бригада и Косовскиот одред до средината на мај 1944 година“ (1969)
  • Златко Биљановски, „Од Козјак до Загреб: Трета македонска народноослободителна ударна бригада“ (1971)
  • Методија Котевски, Боро Митровски, „Трета македонска народноослободителна ударна бригада“ (1995)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​89-95
  2. „„Ко челик сме ние" — Wikibooks“. mk.wikibooks.org.