Трета мајка
Трета мајка — музички албум на македонскиот гитарист Влатко Стефановски и американскиот гитарист Мирослав Тадиќ, со учество на бугарскиот музичар Теодосиј Спасов (кој свири на кавал). Албумот е објавен од дискографската куќа „Авалон продукција“, во 2004 година.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Албумот содржи 10 композиции, со вкупно времетраење од 47 минути и две секунди, кои претежно претставуваат инструментални верзии на македонски народни песни:[1]
- Саноќ седам Трено (Sanoc sedam Treno), 3:38
- Не си го продавај Кољо... (Ne si go prodavaj Koljo...), 5:43
- Море сокол пие (More sokol pie), 6:06
- Анадолу ојун хаваси (Anadolu oyun havasi), 3:45
- Калеш Анѓо (Kalesh Andjo), 4:33
- Касапско оро (Kasapsko oro), 5:09
- Опа-иха (Opa-iha), 3:48
- Кираџиче, јабанџиче (Kirajdzice, jabandzice), 4:43
- Еј ти момче охриѓанче (Ej ti momce ohridjance), 4:29
- Елено моме (Eleno mome), 4:22
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Албумот бил сниман во текот на март и април 2004 година, во студиото „Езотерија“, а снимател бил Влатко Стефановски. Уредник на албумот бил Мирослав Тадиќ, а миксер бил Јанез Крижај од Љубљана, Словенија. Фотографиите се дело на: Румен Камилов (на предната страница на албумот), El Gvojos (на задната страница) и Мирослав Тадиќ (на внатрешната страница). Автор на нацртот на обвивката на албумот бил Ладислав Цветковски.[1]
Критички осврт
[уреди | уреди извор]Во својот осврт во „Expose Magazine“, Мајк Езо (Mike Ezzo) напишал дека Стефановски и Тадиќ ги опфаќаат сите стилови: џез, рок, блуз и традиционалната музика кои се испреплетуваат во мајсторско и значајно дело, а чудните ритми ги развиваат како да свират 4/4 во сонот. Исто така, тој истакнува дека двајцата гитаристи свират неверојатно брзо при што ги споредува со проектите на Џон Меклафлин и Пако Де Лусија, само што тие се помалку конвенционални, поегзотични, но подеднакво инспиративни. Во приказот објавен во онлајн гитарското списание „Minor 7th“ се наведува дека Стефановски и Тадиќ се емоционално поврзани мајсторски музичари кои создале ремек-дело на границата меѓу класичната, фолкот и прогресивниот акустичен рок. Роберт Дојч (Robert Deutch) од „Stereophile“, исто така, ги нарекува Стефановски и Тадиќ брилијантни музичари, кои се технички совршени и едно со музиката.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Трета мајка - критика Архивирано на 17 октомври 2017 г. на мрежното место All about jazz (англиски)