Термопили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон Термопилите. Во античко време, брегот бил многу поблиску до планината.
Цртеж на кој се прикажани линиите на брегот во античко време и денес.

Термополите (Старогрчки и Катаревуса грчки: Θερμοπύλαι, Демотика: Θερμοπύλες: „врели порти“) е место во Грција каде во античко време постоел тесен пат крај брегот. Името го добило поради врелите сулфурни извори.[1] „Врелите порти“ се место на „врели извори“, кои за старогрчката митологија биле влезови во Адот".[2]

Термопилите станале познати низ светот поради Битката која се случила на тоа место меѓу грчките (посебно Спартанците) и персиските сили. Ова е единственото место на копно каде може да се одвива сообраќај меѓу Локрида и Тесалија. Овој премин од север кон југ на источниот брег на Балканскиот Полуостров е неизбежен, па поради тоа, Термопили биле место на неколку битки.

Во античко време ова место се нарекувало „Малис“ според името на племето што живеело тука (старогрчки: Μαλιεῖς), денес тоа е градот Ламија кај делтата на реката Сперхеј во Грција. Малијакскиот Залив е наречен според нив, исто така.

Опис[уреди | уреди извор]

На просторот доминира реката Сперхеј, и стрмните пошумени варовнички планини. Постојаните наноси од реката како и травертинските наноси од врелите извори довеле до промена на земјиштето во теот на последните неколку илјади години. Тлото на кое се водела познатата битка во 480 година п.н.е., денес е покриена со 20 метри земја. Брегот со текот на вековите се зголемил поради седиментните наноси. Нивото на заливот било значително повисоко, а реката Сперхеј била пократка. Најтесниот дел, каде што најверојатно се одвивала битката бил широк помалку од 100 метри.

Меѓу 480 г. п.н.е. и 21 век, брегот се проширил на места и до 9 километри.[3]

На главниот автопат од источната страна денес се наоѓа споменик посветен на кралот на Спарта Леонид I, наспроти ридот на кој е изгравиран епитафот на Симонид за паднатите воини.

Врелите извори според кои овој премин го носи името, сè уште постојат во подножјето на ридот.

Врелите извори според кои е наречено местото.

Битки[уреди | уреди извор]

Грчко-персиски војни[уреди | уреди извор]

Термопилите се главно познати по битката која се водела во 480 г. п.н.е., во која се бореле грчки и персиски војски.[4] Во текот на трите дена од битката, значително побројната персиска војска го освоила теснецот, според Херодот, по цена од 20.000 персиски жртви.

Трета света војна[уреди | уреди извор]

Во 353 - 352 г. п.н.е. за време на Третата света војна, кој главно се одвивала меѓу силите на Амфиктиоската лига на чело со Теба, и подоцна Филип II Македонски, и Фокида. Војната била водена поради големите казни наметнати врз Фокијците во 357 г. п.н.е. заради тоа што го обработувале светото земјиште. Фокијците одбиле да платат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Thermopylae" in: S. Hornblower & A. Spawforth (eds.) The Oxford Classical Dictionary, 3rd ed. (Oxford, 1996).
  2. L.H. Jeffery (1976) Archaic Greece: The City States c. 700–500 BC. Ernest Benn Ltd., London & Tonbridge p. 73. ISBN 0-510-03271-0
  3. Rapp, George Robert; Hill, Christopher L. Geoarchaeology: The Earth-science Approach to Archaeological Interpretation, p. 96. Yale University Press, 2006. ISBN 0-300-10966-0
  4. Bradford Ernle (2004). Thermopylae: The Battle for the West. Da Capo Press, p. 106. ISBN 0-306-81360-2