Терапии за аутизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Терапии за аутизам
Медицинска процедура
Мало дете покажува со прст кон нешто, пред жена која се смее и покажува со раката во истата насока
Тригодишно дете со аутизам, покажува кон рибите во аквариум, како дел од експеримент за ефектот на интензивен тренинг за развој на јазикот.[1]
Други кодови:{{{OtherCodes}}}

Терапии за аутизам се интервенции кои пробуваат да ги намалат дефицитите и проблемите во однесувањето поврзани со спектарот на аутизам (на анг. Autism spectrum disorder – ASD)  за да се зголеми квалитетот на живот  и функционалната независност на аутистичните личности.  Најчесто, третманите  се кројат според потребите на лицето за кое е наменет.  Се делат на две големи категории: образовни интервенции и медицински менаџирање. Исто така, обука и поддршка им се дава и на семејствата на лицата со пореметувања од аутистичниот спектрум.[2]

Студиите извршени за истражување на ефикасноста на овие интервенции, имаат методолошки проблеми кои спречуваат да се донесат дефинитивни заклучоци за истата.[3] Иако многу психосоцијални интервенции имаат позитивни докази, кои сугестираат дека каков било третман е подобар од никаков, систематските ревизии забележале дека квалитетот на овие студии е воглавно низок, нивните клинички резултати се воглавно несигурни и со малку докази за релативната ефикасност на овие третмани. [4] Интензивни и долготрајни програми за посебно образование и бихевиорална терапија започнати рано во животот на децата  можат да им помогнат  да научат социјални, работни и вештини за само грижа.[2] Можат да го подобрат нивното функционирање и да го намалат степенот на сериозноста на нивните несакани однесувања,[5] но тврдењата дека е потребно интервенциите да започнат околу возраст од три години, се непоткрепени.[6] Достапните пристапи вклучуваат применета анализа на однесувањато применета анализа на однесувањето (на анг. applied behavior analysis -ABA), развојни модели, структурирана настава, говорна и јазична терапија, терапија за социјални вештини и работна терапија.[2] Образовните интервенции имаат извесна делотворност кај децата: интензивното лекување со применета анализа на однесувањето, покажала делотворност во подобрувањето на глобалното функционирање кај децата од предучилишна возраст [6] и е добро воспоставено како начин за подобрување на интелектуалните перформанси на малите деца.[5] Невропсихолошките извештаи честопати се слабо пренесени на едукаторите, што резултира со јаз меѓу она што го препорачува извештајот и кое образование му е обезбедено на детето.[7] Ограниченото истражување за делотворноста на програмите за возрасни кои живеат во домови покажува мешани резултати.[8]


Образовни интервенции[уреди | уреди извор]

Образовните третмани се обидуваат да им помогнат на децата не само во однос на академските предмети и  традиционалните вештини  на подготвеност, туку и да ја подобрат функционалната комуникација и спонтаност, да ги унапредат социјалните вештини како на пример заедничко внимание, да се здобијат со когнитивни вештини, да го намалат нивното нарушено однесување и  да ги генерализираат научените вештини со тоа што ќе ги применат во нови ситуации. Развиени се неколку модел програми, кои всушност се преклопуваат и делат многу белези, вклучувајќи ги:

  • Рана интервенција која нема да чека за дефинитивна дијагноза;
  • Интензивна интервенција, со најмалку 25 часа во денот, 12 месеци во годината;
  • Помалку ученици во однос на наставници;
  • Вмешаност на семејството, вклучувајќи обука на родителите;
  •  Интеракција со невротипични врсници;
  •  Структура која ќе вклучи предвидлви рутини и јасни физички граници кои ќе го намалат одвлекувањето на вниманието;
  •  Континуирано мерење на систематски планирана интервенцијa, кое ќе резултира таа да се прилагодува по потреба;

ПРИМЕНЕТА АНАЛИЗА НА ОДНЕСУВАЊЕТО[уреди | уреди извор]

Повеќе информации

Применетата анализа на однесувањето се применето поле на истрашѕавње на науката бихевиорална анализа. Опфаќа широка лепеза на техники  кои се употребуваат за третирање на аутизам и други однесувања и дијагнози, вклучувајќи и пациенти кои биле на рехабилитација или на кои им  е потребно промена на однесувањето.

Дискретен тренинг[уреди | уреди извор]

Повеќе информации

Пивотен респонс тренинг[уреди | уреди извор]

Повеќе информации[уреди | уреди извор]

Аверсивна терапија[уреди | уреди извор]

Комуникациски интервенции[уреди | уреди извор]

Поврзано: Говорна терапија и комуникациски систем за размена на слики

Неможноста да се комуницира, вербално или невербално, е основен дефицит кај аутизмот. Децата со аутизам често се ангажирани во повторливи активности или други однесувања бидејќи тие не можат да ја пренесат својата намера на друг начин. Тие не знаат како да ги пренесат своите идеи на негувателите или на другите. Помагање на дете со аутизам да научи да комуницираа  за своите потреби и идеи е апсолутно суштинско за секоја интервенција. Комуникацијата може да биде вербална или невербална. Децата со аутизам бараат интензивна интервенција за да научат како да ја пренесат својата намера.

Комуникациските интервенции се делат  на  две главни категории. Прво, многу деца со аутизам не зборуваат, малку зборуваат или имаат тешкотии во делотворната употреба на јазикот. [54] Се покажало дека социјалните вештини се ефикасни во лекувањето на децата со аутизам. [54] Интервенциите со кои се обидуваа  да се подобри комуникацијата  кај децата со аутизам, најчесто се спроведуваат од страна на говорни и јазични терапевти , кои  работаат на заедничко внимание, комуникативни намери и алтернативни или аргументативни  и алтернативни комуникациски методи (AAC), како што се визуелни методи, [55] на пример визуелни распореди. Методите AAC не се попречуваат со говорот и можат да резултираат со скромни придобивки. [56] Студијата од 2006 година објави корист и од интервенција на заедничко внимание  и од интервенцијата на  симболична игра, [57] и студијата од 2007 година покажа дека интервенцијата на  заедничко внимание е поверојатно  да предизвика децата да се вклучат подоцна во интеракции отколку од интервенцијата  на симболична игра.

Второ, третманот за социјални вештини се обидува да ги зголеми социјалните и комуникациските вештини на лицата со аутизам, кои се однесуваат на основниот  дефицит на аутизмот. Достапни се широк спектар на интервентни пристапи, вклучувајќи моделирање и зајакнување, стратегии за возрасни и врснички посредници, туторство со врсници, социјални игри и приказни, самоуправување, врвно респонсивна терапија,  видео моделирање, директна настава, визуелна кујна, круг на пријатели и социјални  групи за вештини. [59] Мета-анализата од 55 студии за училишна интервенција за социјални вештини од 2007 година, покажа дека тие се минимално ефективни за деца и адолесценти со АСД [60], а истражувањето во 2007 година  покажа дека обуката за социјални вештини има минимална емпириска поддршка за децата со Аспергеров синдром или високофункционален аутизам [19]

Моделот SCERPTS[уреди | уреди извор]

Компјутерска терапија за размислување за комуникативни активности[уреди | уреди извор]

Многу стратегии  не  земаат предвид  дека лицата со аутизам страдаат од тешкотии во учењето на социјалните правила од примери. Со компјутеризираната терапија за  аутизам се предложува  да не се  поучува само преку примери, туку да се поучува и правилото заедно со тоа. [62] Стратегијата  за рехабилитација на расудувањето, заснована на игра со компјутерски заснован ментален симулатор кој е способен за моделирање на менталните и емоционалните состојби на реалниот свет, е предмет на краткорочни и долгорочни евалуации. [63] Симулаторот го прави разумното расудување  во рамките на моделот верување-желба-намера. Учењето започнува од основните концепти на знаење и намери  и продолжува до покомплексни комуникативни акции како што се објаснување, согласување и преправање.

Развојни модели засновани на врски[уреди | уреди извор]


Пристапот Floortime[уреди | уреди извор]

Проектот PLAY (Игра)[уреди | уреди извор]


Son-Rise програма[уреди | уреди извор]

Son-Rise е домашна програма која ја потенцира примената на соба за играње без боја и сетилни стимули. Пред да се спроведе програмата во домот, институтот ги обучува родителите како да го прифатат своето дете без пресуда преку серија дијалози.  Родителите му се придружуваат на ритуалното однесување на своето дете и на тој начин  се гради односот меѓу нив. За да се стекне "посакуваниот  ангажман" на детето, олеснувачот продолжува да им се придружува само преку паралелна игра. Поборниците на оваа програма тврдат дека децата ќе станат неаутистични откако родителите ќе ги прифатат какви што се и ги ангажираат во игра. Програмата ја започнале родителите на Раун Кауфман, за кој се тврди дека е излезен  од аутизам во нормала преку третманот во раните 1970-ти. [69] Ниту една независна студија не ја тестира ефикасноста на програмата, но студијата од 2003 година покажа дека вклучувањето во програмата доведе до повеќе недостатоци отколку придобивките за инволвираните семејства со текот на времето [70], а студијата од 2006 година покажа дека програмата не секогаш се применува како тоа е типично опишано во литературата, што укажува на тоа дека ќе биде тешко да се процени нејзината  ефикасност.

TEACCH[уреди | уреди извор]

Сетилна интеграција[уреди | уреди извор]

Терапија со помош на животни[уреди | уреди извор]

Терапијата со помош на животни, каде животно како куче или коњ станува основен дел од третманот на лицето, е контроверзен третман за некои симптоми. Мета-анализата од 2007 година покажа дека терапијата со помош на животни е поврзана со умерено подобрување на симптомите на аутизмот. [81]  Со прегледување  на објавените студии за терапијата на лицата со аутизам со делфини (DAT)  се откриле важни методолошки недостатоци и се заклучило дека не постојат релевантни научни докази дека ДАТ е легитимна терапија или дека дава повеќе од минливи подобрувања во расположението. [82]

Невро фидбек[уреди | уреди извор]

ЗБОГАТУВАЊЕ ОД ОКОЛИНАТА[уреди | уреди извор]

Музика[уреди | уреди извор]

Терапијата со музика ги користи елементите на музиката за да им овозможи на луѓето да ги изразат своите чувства и да комуницираат. Истражувањето од 2014 година покажа дека музичката терапија може да помогне во социјалните интеракции и комуникација. [106]

Музичката терапија може да вклучи различни техники во зависност од тоа каде субјектот се наоѓа на скалата за АСН. Некој кој може да се смета за "ниско-функционален" би барал многу поинаков третман во споредба со некој  кој на скалата на АСН би се сметал како "високофункционален". Примери за овие видови терапевтски техники вклучуваат: [107]

  •    Слободна импровизација – без граници и не се потребни вештини
  •    Структурирана импровизација –  некои воспоставени параметри во музиката
  •    Изведување или рекреација на музика - Репродуцирање претходно составен дел од музика или песна со придружни активности
  • Компонирање музика - Создавање музика која ги задоволува специфичните потреби на тоа лице користејќи ги инструментите или гласот
  •    Слушање - Ангажирање во специфични вежби за слушање музика

Се зголемува популарноста  на Импровизациската музичка терапија (IMT), како терапевтска техника што се применува кај деца со АСН. Процесот на IMT се случува  кога клиентот и терапевтот составуваат музика, преку употреба на разни инструменти, песни и движења. Треба да се земат предвид специфичните потреби на секое дете или клиент. Некои деца со АСН ги наоѓаат нивните различни средини хаотични и збунувачки, па затоа, IMT сесиите бараат присуство на одредена рутина и да можат да бидат предвидливи, во рамките на нивните интеракции и околината [108] Музиката може да го обезбеди сето ова, може да биде многу предвидлива, многу репетитивна со своите мелодии и звуци, но лесно се менува со фразирање, ритам и динамика, што  дава контролирана флексибилност. Присуството  на родителите или воспитувачите на сесиите со музика може да му олесни на детето и да дозволи  тие активности да бидат вклучени во секојдневниот живот. [108

Терапија со масажа[уреди | уреди извор]

Со испитување  на терапијата со масажа, како симптоматски третман на аутизмот, истата  наиде на ограничени докази за корист. Има неколку студии со висок квалитет  но поради ризикот од пристрасност пронајдени во анализираните студии, не може да се извлечат цврсти заклучоци за ефикасноста на терапијата со масажа [105]

Терапија за сетилно подобрување[уреди | уреди извор]

Прелиминарните докази го поддржуваат сетилното подобрување. [109]

Интервенциите со посредство на родителите нудат поддршка и практични совети за родителите на децата со аутизам. [55]  Cochrane Review од 2002 година пронајде само две релевантни студии, со мал број учесници и не може да се направат никакви клинички препораки токму поради овие ограничувања. [110] Многу мал број на рандомизирани и контролирани студии укажуваат на тоа дека обуката на родителите може да доведе до намалена депресија на родителите, подобрено познавање на родителите за  аутизамот  и стилот на комуникација и подобрување на комуникациското однесување на детето, но,  поради дизајнот и бројот на достапни студии, дефинитивен  доказ за ефикасноста  не е достапен. [111]

Раното откривање на аутизам кај децата често може да се случи пред детето да достигне возраст од три години. Методите кои се однесуваат на раното однесување можат да влијаат на квалитетот на животот на дете со аутизам. Родителите можат да научат методи на интеракција и управување со однесувањето за најдобро да можат да  помогнат во развојот на нивното дете. Во истражувањето на  Cochrance од 2013 година се констатира дека има некои подобрувања кога се користи родителска интервенција. [112]

Медицински менаџмент[уреди | уреди извор]

Лековите, додатоците или диетите често се користат за менување на физиологијата, во обид да се ослободат од заедничките симптоми на аутизам, како што се напади, нарушувања на спиењето, раздразливост и хиперактивност што можат да  интерферираат во образованието или социјалната адаптација или (многу поретко) да предизвикаат поединци со аутизам да се самоповредат или да повредат други. [113] Има многу анегдотски докази за поддршка на медицинскиот третман; многу родители кои се користат  една или повеќе терапии известуваат за одреден напредок и има неколку добри  извештаи за деца кои биле способни да се вратат во редовното образование после третманот со драматични подобрувања во здравјето и благосостојбата. Сепак, овие докази може да бидат збунувачки поради подобрувањата  кои ги има и кај децата со аутизам кои растат без лекување, поради тешкотијата за потврдување на извештаите за подобрувања и поради недостатокот на известување за негативните исходи на третманите. [114] Само многу малку медицински третмани се добро поддржани од научни докази користејќи контролирани експерименти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Предлошка:Vcite journal
  2. 2,0 2,1 2,2 Myers SM, Johnson CP, Council on Children with Disabilities. Management of children with autism spectrum disorders. Pediatrics. 2007;120(5):1162–82. doi:10.1542/peds.2007-2362. PMID 17967921. Lay summary: AAP, 2007-10-29.
  3. Ospina MB, Krebs Seida J, Clark B et al. Behavioural and developmental interventions for autism spectrum disorder: a clinical systematic review. PLoS ONE. 2008;3(11):e3755. doi:10.1371/journal.pone.0003755. PMID 19015734. PMC 2582449.
  4. Krebs Seida J, Ospina MB, Karkhaneh M, Hartling L, Smith V, Clark B. Systematic reviews of psychosocial interventions for autism: an umbrella review. Dev Med Child Neurol. 2009;51(2):95–104. doi:10.1111/j.1469-8749.2008.03211.x. PMID 19191842.
  5. 5,0 5,1 Rogers SJ, Vismara LA. Evidence-based comprehensive treatments for early autism. J Clin Child Adolesc Psychol. 2008;37(1):8–38. doi:10.1080/15374410701817808. PMID 18444052.
  6. 6,0 6,1 Howlin P, Magiati I, Charman T. Systematic review of early intensive behavioral interventions for children with autism. Am J Intellect Dev Disabil. 2009;114(1):23–41. doi:10.1352/2009.114:23-41. PMID 19143460.
  7. Kanne SM, Randolph JK, Farmer JE. Diagnostic and assessment findings: a bridge to academic planning for children with autism spectrum disorders. Neuropsychol Rev. 2008;18(4):367–84. doi:10.1007/s11065-008-9072-z. PMID 18855144.
  8. Van Bourgondien ME, Reichle NC, Schopler E. Effects of a model treatment approach on adults with autism. J Autism Dev Disord. 2003;33(2):131–40. doi:10.1023/A:1022931224934. PMID 12757352.