Теодор Шторм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теодор Шторм
Теодор Шторм
Роден/аХанс Теодор Волдзен Шторм
14 септември 1817(1817-09-14)
Хузум, Шлезвиг
Починат/а4 јули 1888(1888-07-04) (возр. 70)
Хадемаршен, Германско Царство
Занимањеадвокат и писател
НационалностГерманец
Жанрреализам
Значајни делаИмензе (1849)
Јавачот на бел коњ (1888)

Ханс Теодор Волдзен Шторм (германски: Hans Theodor Woldsen Storm; 14 септември 1817 во Хузум4 јули 1888 во Хадемаршен; често познат само како Теодор Шторм) — германски писател, кој бил познат како лиричар и автор на романи и проза како дел од германскиот реализам. По професија бил правник.

Живот[уреди | уреди извор]

Шторм е роден во малиот град Хузум, на западниот брег на Шлезвиг, тогаш формално самостојано војводство управувано од кралот на Данска.[1] Негови родители биле адвокатот Јохан Казимир Шторм (1790-1874) и Луси Шторм, родена Волдзен (1797-1879).

Штом одел на училиште во Хузум и во Либек, а студирал право во Кил и Берлин.[1] Додека бил студент по право го објавил првото издание на поезија со браќата Тихо и Теодор Момзен.

Од 1843 година додека неговиот влез не бил забранет од данските власти во 1852 година работел како адвокат во Хузум. Во 1853 година, Шторм се преселил во Потсдам, а подоцна во Хајлбад Хајлигенштат во Тирингија во 1856 година. Се вратил во Хузум во 1865 година откако Шлезвиг станал дел од Прусија и станал окружен раководител („Landvogt“). Во 1880 година, Шторм се преселил во Хадемаршен, каде ги поминал неговите последни години во пишување и умрел од рак на 70 години.[1]

Шторм двапати се женел, најпрвин со Констанце Есмарх, која умрела во 1864 година и потоа со Доротеја Јенсен.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

Куќа на Теодор Шторм во Хадемаршен

Шторм бил еден од најважните германски писатели во XIX век, како дел од реализмот. Напишал бројни приказни, поеми и романи. Негови две најпознати дела се романите „Имензе“ (Immensee; 1849) и „Јавачот на бел коњ“ (Der Schimmelreiter), најпрвин објавен во април 1888 година. Друг објавени дела се неколку изданија на неговите поеми (1852), новелата Pole Poppenspäler (1874) и новелата Aquis submersus (1877).

Анализа[уреди | уреди извор]

Како Фридрих Хебел, и Теодор Шторм бил дете на Северното Море, но додека поезијата на Хебел има одвај некаков белег на неговиот роден крај, Шторм повторно и повторно се навраќа на чистата убавина на големите калливи рамнини, заканувачката море и неплодните пасишта — и додека Хебел се оддалечил од неговиот дом, Шторм се држи до него со љубоморна љубов. Во „Јавачот на бел коњ“, последниот од неговите 50 романи и сметан за ремек-дело на Шторм, дејствието во руралниот северногермански брег е средишно за пријатната и суеверна атмосфера и поставува сцена за борбата на човекот со природата — браните и морето.

Негови омилени поети биле Јозеф фон Ајхендорф и Едуард Мерике и влијанието на првиот е лесно забележливо во подоцнежната поезија на Шторм. Во текот на летна посета на Баден-Баден во 1864 година, каде бил поканет од неговиот пријател, писателот и сликарот Лудвиг Пич, се запознал со големиот руски писател Иван Тургенев. Разменувале писма и копии на нивни дела со години.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Теодор Шторм на Ризницата ?
  • Дела од {{{name}}} на проектот „Гутенберг“
  • Дела од или за Теодор Шторм на Семрежниот архив
  • Дела од Теодор Шторм на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
  • Теодор Шторм и неговиот свет Архивирано на 23 јуни 2008 г.
  • Биографија и многу негови дела
  • Der Schimmelreiter Архивирано на 15 мај 2007 г. (аудиокнига на германски јазик)
  • Сите поеми на Теодор Шторм
  •  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Шторм, Теодор Волдзен“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.