Темплин

Координати: 53°07′0″N 13°30′0″E / 53.11667° СГШ; 13.50000° ИГД / 53.11667; 13.50000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Темплин
Градско собрание
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Темплин
Темплин во рамките на Германија
Темплин
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Укермарк
Градски единици 24
Градоначалник Улрих Шенајх (независен)
Основни податоци
Површина 377,01 км2
Надм. височина 60 м
Население 15.636 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 41 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UM
Пошт. бр. 17268
Повик. бр. 03987, 039882, 039883
Портал www.templin.de
Местоположба на градот Темплин во рамките на округот Укермарк
Карта
Карта
Координати 53°07′0″N 13°30′0″E / 53.11667° СГШ; 13.50000° ИГД / 53.11667; 13.50000

Темплин (германски: Templin) — град во округот Укермарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Со население од само 16.000 (2012) зафаќа површина од неверојатни 377,01 км² и со тоа е вториот најголем град во Бранденбург (по Витшток) и седми најголем град во Германија по површина. Градот е сместен јужно од руралната област Укермарк и неговиот главен град Пренцлау, северно од Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин. Градот ги вклучува селата Аренсдорф, Беберзе, Дензов, Гандениц, Голин, Грос Делн, Грос Фетер, Груневалд, Хамелшпринг, Херцфелде, Хинденбург, Клостервалде, Пецник, Ределин, Шторков и Фитмансдорф.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил првпат споменат во декрет од 1270 издаден од Хајнрих Остхерен, бискуп на Бранденбург. Тогаш бил посед на асканиските маркгрофови на Маркгрофовијата Бранденбург, а градски статус добил во 1314 под власта на маркгрофот Валдемар, кој во 1317 тука го склучил Договорот во Темплин, со што завршила војната против Данска, Мекленбург и Померанија. Тешко оштетен од данските трупи во Триесетгодишната војна, Темплин од 1816 припаѓа на пруската покраина Бранденбург, близу границата со Мекленбург-Штрелиц.

Поранешниот интернат на гимназијата на Изборното кнежевство Бранденбург

Од 1912 па натаму, Темплин бил седиште на интернатот на гимназијата на Изборното кнежевство Бранденбург (Joachimsthalsches Gymnasium) основана во 1601 од изборниот кнез Јоахим Трети во блискиот Јоахимстал. Школата била затворена во 1953. Денес, Темплин има современа училишна зграда изградена во 1997.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Градските ѕидини се мали, но целосно зачувани. Постојат три главни порти и неколку современи влезови, каде деловите на ѕидините биле срушени. Главната протестантска црква е црквата Св. Богородица (Marien Kirche). Градот има неколку станбени блокови изградена во времето на Источна Германија.

Градината Леман, ботаничка градина, била повторно воспоставена во паркот на поранешната гимназија.

Херман Геринг од 1933 па натаму, ја изградил својата резиденција во шумата јужно од Голин. Зградата била проектирана од Вернер Марх и била уништена во 1945.

Северно од Грос Делн постои аеродром изграден во 1950-тите како воена воздушна база на 16. Воздушна армија на советските сили.

Во Темплин, од неодамна, постои бања и поради тоа главно се потпира на туризмот. Тој е омилено одредиште за дневен излет за граѓаните на Берлин за уживање во многуте езера и шуми.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]