Ташко Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ташко Георгиевски
Роден 15 март 1935(1935-03-15)
с. Кронцелево, Воденско
Починал 13 април 2012(2012-04-13) (возр. 77)
Скопје, Македонија
Занимање писател и сценарист
Татко
Родители Александар (татко) и Тина (мајка)

Ташко Георгиевски (15 март 1935 - 13 април 2012) — македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист, по потекло од Егејска Македонија. Во современата македонска книжевност внел оригинални теми со изразита национална боја. Главна тема во неговите дела се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувањето по Граѓанската војна во Грција. Во 1983 година станал дописен член на МАНУ, а во 1988 година станал редовен член.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Георгиевски е роден на 15 март 1935 г. во с. Кронцелево, Воденско. Во 1946 година, заедно со семејството, пребегал во Македонија, најпрвин во селото Старавина (Мариово), потоа во прилепското село Долнени и во Гаково, Војводина. Средното училиште го завршил во Скопје, а потоа студирал југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, но не ги завршил студиите, туку се оженил по што заминал на извршување на воената обврска. Имал три деца. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“, а потоа како уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ (во два наврати) и „Македонска книга“.[2] Починал на 13 април 2012 во Скопје, на возраст од 77 години.[3]

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Георгиевски дебитирал на книжевната сцена во 1952 година, кога го објавил својот прв расказ, а четири години подоцна ја објавил и првата книга. Тој е автор на следниве дела:[4][5][6]

Покрај тоа, тој е автор на три филмски сценарија („Црно семе“, „Црвениот коњ“ и „Жолтиот трендафил“), четири радио-драми („Огнови“, „Пепелта на моето огниште“ и „Борис Тушев“ и „Сандак со срцето на татко“) и две телевизиски драми („Недела“ и „Очите на синот“).[7]

За своите дела е добитник на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.
  2. Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.
  3. „Почина писателот Ташко Георгиевски“. МРТВ. 15 април 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 април 2012.
  4. Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.
  5. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 58.
  6. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 146.
  7. Ташко Георгиевски, Црвениот коњ. Скопје: Детска радост, 1993.