Прејди на содржината

Тамара Тодевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тамара Тодевска
Родено имеТамара Тодевска
Роден(а)1 јуни 1985(1985-06-01)(39 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп-музика
Занимањапејачка
Период на активност2003 - денес
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Тамара Тодевска (родена на 1 јуни 1985 во Скопје) - македонска поп пејачка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тамара Тодевска е родена во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.[1]

Почетоци и првите хитови

[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, за првпат на само шест години, таа настапила на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеjачки и сестри Маријана и Росана. После долго време, во 1997 година, заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на Скопскиот фестивал со песната „Луда игра“. Во 2001 година, Тамара ја започнала својата самостојна кариера со синглот „Дали знам“, дело на Роберт Билбилов поддржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.

Со истата настапува на фестивалот Сунчане Скале во Херцег Нови во 2002 година и го освоила третото место. По „Дали знам“ во 2002 година, следел уште еден сингл „Месечар“. Истата година ги собрала сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка, на Охрид фест, ја освоиле третата награда со песната „Кога би можел“.

Во 2003 година на Макфест, се претставила со „Немирна“ која следната година добила награда за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Таа снимила дует со хип-хоп групата 187, песна со контраверзен наслов „Секс“. Истата година на Будва Фест, Тодевска настапила со „1003“, песна дело на Роберт Билбилов и се пласирала високо.

Сино“ и меѓународен успех

[уреди | уреди извор]

Во април 2005 година го издава својот прв албум „Сино" со 12 нови песни, на Александар Масевски. Синглот „Сино“ се издвојувал во тој момент од сите тогашни песни во етерот и наредната година „Сино" бил прогласен за албум на годината. Прв настап на Евровизија, имала во 2004 кога е придружен вокал на Тоше Проески во 2008 година е нејзиниот втор настап на Евровизија како главен изведувач, третиот настап на Евровизија го има во 2014 како една од придружните вокали на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ. По завршувањето на договорот на Masivvesky music, заедно со Врчак ја добиле првата награда на Макфест за песната „Седмо небо" во 2006 година. Соработката со Врчак продолжила со „Лоша девојка на „Будва Фест", која била слушана во Србија, Црна Гора и Македонија.

Во 2007 година, повторно со песна на Александар Масевски, „Кажи кој си ти“. Тамара го земала второто место на Скопскиот фестивал за песна на Евровизија.

Евровизија и турнеја во Австралија

[уреди | уреди извор]

Во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта" ја претставуваат Македонија во Белград-Србија. „Во име на љубовта" се снима на 6 верзии (македонски, српски, албански, турски, руски и англиски) и за сите е снимен видео спот режисиран од Дејан Милиќевиќ.

По кратката турнеја низ Австралија, Тамара се враќа со нова песна на „Будванскиот фестивал", „Дајем ти све" дело на Калиопи, за истата е снимена и македонска верзија „Ти давам се". Следува „Радискиот Фестивал" во Белград "Усне ко крв" исто така дело на Калиопи и Дарко Димитров,

Во 2009 година на „Будва фест" Тамара настапува со песната Шарена песма и го освојува петтото место.

Во 2011 сними дуетска песна со Влатко Илиевски „Гушни ме", и „Не ме замарај" трио со Тони Зен и Слаткар, двете колаборации се претставени и со видео записи. Кон крајот на ноември излегува новиот сингл на Тамара насловен Нејќеш да сум сама.

Нејќеш да сум сама и нови успеси

[уреди | уреди извор]

Во 2012 покрај новиот концерт на настапување со познати диџеи од Македонија (Зоки-Бејбе и Маци). Тамара е актуелна со новиот сингл Нејќеш да сум сама дело на Бертан Аслани и Тони Зен. Спотот за истоимената нумера е во режија на Мерт Аслани и БMA Продукција и Симплисити, продуценската куќа на Тамара во период од 2011 до почеток на 2012 година. Од септември 2012, Тамара потпишува договор со продуценската куќа Горила Продукција, Тамара најавува настап на „Макфест" со синглот Готово е дело на Роберт Билбилов, текст на Игор Џамбазов.

Во 2013, Тамара учествува на „Скопски Фестивал 2013“ со песната Tешко без тебе дело на Роберт Билбилов и Тамара, додека аранжманот е на Роберт, а текстот е дело на маестро Игор Џамбазов и си заминува од фестивалот со освоено второ место.

Тажна љубов, среќна песна и Пејачка на годината

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 2014 година, поточно во февруари, Тамара е наградена за „Пејачка на годината“ на престижната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Во истиот месец, на 24 февруари се појавува видео спотот за песната Tешко без тебе. Овој видео запис го изработи „Горила Филм“, во продукција на „Македонска Радио и Телевизија“, под режисерската палка на Мерт Аслани, како директор на фотографија се потпишува Драган Паковски - Пако, додека за видео монтажата беше задолжен Милан Туциновски. Во видео записот Тамара носи творби на Ивана Кнез, додека за нејзината шминка се погрижи мејкап артистот Арменд Рамадани. Благој Веселинов совршено го одработи својот глумечки дел за комплетно заокружување на целата приказна. Во јуни истата година на „Макфест“, Тамара го зазема второто место со песната „Тажна љубов, среќна песна“. Песната веднаш станува мега хит и се наредува до најголемите хитови на пејачката а многу луѓе ја определуваат како најголем хит во кариерата на Тамара. Композицијата е дело на Роберт Билбилов (музика и аранжман) а текстот е дело на Игор Џамбазов. Во ноември Тамара учествува на „Скопски Фестивал 2015“ со песната „Брод што тоне“ и повторно го зазема второто место. Кон крајот на годината излегува видео запис за песната „Брод што тоне“ којашто е по музика на Роберт Билбилов, а текстот е авторско дело на самиот Роберт и Ксенија Николова. Додека видео записот е дело на „Горила Филм“, режија и монтажа е дело на Горан Костадинов а директор на фотографија е Александар Крстевски. Исто така околу новогодишните празници излегува дуетната песна, заедно со видео запис, на Тамара и Даниел Кајмакоски насловена „За миг“. Тамара е наградена за мега хитот „Тажна љубов, среќна песна“ на „МАРС 2014“ а Игор Џамбазов добива награда за текстот на самата песна. Оваа песна беше наградена и за „Хит на годината“ на „Златна Бубамара на популарноста“ во февруари 2015 година. Со овие награди Тамара испрати една од најуспешните години во нејзината кариера.

2015: брак и нов албум „Еден ден“

[уреди | уреди извор]

2015 година е успешна година за самата Тамара не само на професионален а и на емоционален план, односно таа станува сопруга. На први јули 2015 година Тамара го промовира пилотниот сингл на нејзиниот долгоочекуван втор албум насловен „Еден ден“. Синглот е со наслов „Совршен крај“ и излегува заедно со видео запис. Во спотот игра докажаната глумица од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот глумец од ФДУ, Тони Денковски. Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов. Спотот раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена. Спотот е во реализација на „Горила филмс“, преку новиот закон за субвенционирани композиции. Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц. Две недели подоцна, на 15 јули излегува долгоочекуваниот албум на Тамара по цели 11 години. Албумот содржи 13 композииции, меѓу кои 5 нови „Врвот е дно“, „Фрази љубовни со ДНКПромена со Тони Зен, Трофеј“, „Баш на тебе“, пијано верзија на „Тажна љубов, среќна песна“, неодамна претставената „Совршен крај“ и веќе добро познатите „Готово е“, „Брод што тоне“, „Тажна љубов, среќна песна“, „Тешко без тебе“, „За миг“ со Даниел Кајмакоски и „Залудно е“. На албумот работеа еминентни музички имиња како што се Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо. Албумот е во издание на „Горила продукција“, која последните четири години се грижи за сите ангажмани на Тамара Тодевска. Промоцијата на албумот се одржа во ресторанот „Атланта“, а на промоцијата покрај авторите Роберт, Лазар, Магдалена, Нино, присуствуваа и најблиските соработници и пријатели на Тамара како Арменд Рамадани, Дејан Манасков и Влатко Илиевски. Ова беа зборовите на самата пејачка по повод промоцијата на албумот:

Луѓе, јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го подготвувавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно.

Со овој албум Тамара го најавува својот голем солистички концерт кој би требало да се случи кон крајот на годината.

На 7 октомври 2015 излегува видеото за песната „Фрази љубовни". Комичното видео е повторно дело на продукцијата Gorilla Films, режија, снимано и уредено од страна на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади.

На 25 ноември 2015 излегува видеото за песната „Баш на тебе“ а два дена подоцна на 27 ноември, Тамара го одржа својот прв солистички концерт во арената „Борис Трајковски“. Покрај Даниел Кајмакоски, Врчак, Игор Џамбазов, ДНК и Влатко Илиевски, на сцената до Тамара застана и нејзиниот татко, како и саканата сестра Тијана, со која ги изведоа и хитовите “Rolling on the river“ на Тина Тарнер, “Uptown funk“, „Lady Marmalade“, но и нашата балада „Признавам“ на Маријана и Росана.

Во ноември 2015, на радискиот фестивал МАРС, песната „Фрази љубовни“ е наградена за апсолутен хит на годината.

На 18. февруари, за време на „Златна Бубамара на популарноста“ Тамара е ѕвездата на вечерта со освоени три награди. Албумот „Еден ден“ е награден за албум на годината, а останатите две награди се за концерт и пејачка на годината. На оваа церемонија Тамара ја изведе песната Врвот е дно во живо.

На 8 март 2019, таа ја претстави својата песна "Proud" (мак. горд) со која настави на Изборот за песна на Евровизија кој се одржа во Тел Авив, Израел и го освои 7мото место од вкупниот број на гласови, а 1вото место според бодовите од жири комисиите на земјите учеснички.

Дискографија

  • „Сино“- 2005 година
  1. Сино - 4:12
  2. Дали знам - 3:14
  3. А што ако - 2:53
  4. Немирна - 3:34
  5. Најверни пријатели - 4:34
  6. Немирни илузии - 3:54
  7. Солза врела - 4:00
  8. Кога би можела - 4:58
  9. Седмо небо (дует со Врчак) - 3:36
  10. Лоша девојка (дует со Врчак) - 3:24
  11. Немирни илузии (remix) - 3:54
  12. Шетај - 3:54
  13. Sex - 3:43
  14. 1003 - 3:13
  1. Врвот е дно
  2. Совршен крај
  3. Залудно е
  4. Тажна љубов, среќна песна
  5. Промена (колаборација со Тони Зен)
  6. Готово е
  7. За миг (дует со Даниел Кајмакоски)
  8. Фрази љубовни (колаборација со DNK)
  9. Tешко без тебе
  10. Трофеј
  11. Баш на тебе
  12. Брод што тоне
  13. Тажна љубов, среќна песна (пијано верзија)
Спот Година Режисер
Дали знам 2002
Кога би можел 2002
1003 2003
Секс 2004
Љуби, љуби 2005
Љубовна приказна 2005
Смешно, зар не 2007 Tomato Production
Во име на љубовта 2008 Дејан Миличевиќ
Шила 2010 Community Pictures
Гушни ме 2011
Не ме замарај 2011 Simplicity Production
Нејќеш да сум сама 2011 BMA Production
Залудно е 2013 Владимир Дади Ивановски,Нена Зафировска
Само сакам да 2013 Владимир Дади Ивановски
Тешко без тебе 2014 Мерт Аслани,Иван Георгиевски
Брод што тоне 2014 Gorilla Films
Фрази љубовни 2015 Горан Костадинов,Владимир Дади Ивановски
Баш на тебе 2015 Горан Костадинов
Довидување таго 2018 Чедо Поповски
Proud 2019 Чедо Поповски
Слобода 2020 Зоран Зонде Стојановски
Порок 2021 Billy D.
Нијагара 2023 Огнен Шапковски
Торнадо 2023 Лавинија Софрониевска-Лошков
Его 2024
Никој како ти 2024

Синглови

[уреди | уреди извор]
  • 2002 "Дали знам"
  • 2002 "Кога би можела (feat Бранка Тодевска -. Охрид Фест)
  • 2003 "1003" (Сунчане скале)
  • 2004 "Секс"
  • 2004 "Сино"
  • 2004 "Молчи,молчи" (ФТ Ronin.) - кавер верзија на песната Нина Спирова - Кирилицо испеана (2009)
  • 2005 "Најверни пријатели"
  • 2005 темата "Љуби, љуби" (дует со Туна)
  • 2005 "Шетај“
  • 2005 "А, што доколку е“
  • 2005 "„Љубовна приказна“ (дует со Угро)
  • 2006 "Лоша девојка" (дует со Врчак)
  • 2006 "Седмо небо“ (дует со Врчак)
  • 2007 "Кажи кој си ти“
  • 2007 "Луда" (feat. ДНК, Врчак)
  • 2007 "За Македонија" (feat Тони Зен -. Македонија Навива)
  • 2007 "Смешно, зар не“
  • 2008 "Во име на љубовта / Let me love you / Tebe volim / Yoksun / Vo imja ljobovi / Dashuri Mistike" (feat. Врчак и Адријан Гаџа)
  • 2008 "Со маки сум се родила"
  • 2008 "Sve dajem ti" (Budva Fest)
  • 2009 "Usne ko krv" (Srpski radio festival)
  • 2009 "Una Magia Pandev" (feat. Тони Зен)
  • 2009 "Sharena Pesma" (Budva Fest)
  • 2010 „Шила“
  • 2011 „Гушни ме“ (дует со Влатко Илиевски)
  • 2011 „Не ме замарај“ (трио со Слаткар и Тони Зен)
  • 2011 „Нејќеш да сум сама’’
  • 2012 „Можеш ли“
  • 2012 „Само сакам да“
Cover version - songs 1003
Кавери на песни на Тамара

(Бугарија)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „ФОТО: Се омажи Тамара Tодевска“. А1он (англиски). 2015-06-29. Посетено на 2020-11-01.