Тале

Координати: 51°45′N 11°3′E / 51.750° СГШ; 11.050° ИГД / 51.750; 11.050
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тале
Панорамски поглед на Тале
Панорамски поглед на Тале
Панорамски поглед на Тале
Грб на Тале
Тале во рамките на Германија
Тале
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градоначалник Томас Балцеровски (ДХС)
Основни податоци
Површина 138 км2
Надм. височина 156 м
Население 17.148 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 124 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 06502
Повик. бр. 03947, 03946, 039456
Портал www.thale.de
Местоположба на градот Тале во рамките на округот Харц
Карта
Карта
Координати 51°45′N 11°3′E / 51.750° СГШ; 11.050° ИГД / 51.750; 11.050

Тале (германски: Thale) — град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, средишна Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на реката Боде, приближно 8 километри западно од Кведлинбург. Тале е и завршна станица на железничка линија Магдебург-Тале.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата Тале, веројатно се појавила во X век. Првпат била спомнато во 936 година во врска со соседниот манастир Вендхузен, кој бил основан пред 840 година и бил еден од првите манастири на саксонска земја. Во периодот кој следи, манастирот нашол заштита од манастирот Кведлинбург. Селото било опишано во 1231 година, како Dat Dorp to dem Dale (од 1288 му било даден опис de valle, и од 1303 како von Thale). Манастирот бил уништен во 1525 година, во текот на Германската селанска војна.

Припојувања на други села[уреди | уреди извор]

Варнштет бил припоен во 2003 година.[2][3] Во 2009 година, вкупно седум општини биле припоени на четири различни датуми.[4] Вестерхаузен бил додаден во 2010 година.[5] Алроде станал дел од општината Тале во 2011 година.[6]

Поранешна општина Датум
Алроде 1 јануари 2011
Алтенбрак 1 јули 2009
Фридриксбрун 23 ноември 2009
Најнштет 1 јануари 2009
Штекленберг 23 ноември 2009
Трезебург 1 јули 2009
Варнштет 21 декември 2003
Ведерслебен 1 јануари 2009
Вестерхаузен 1 септември 2010
Површина на општината Тале
Датум Површина
21 декември 2003 38,13 км2
1 јануари 2009 50,13 км2
1 јули 2009 78,47 км2
23 ноември 2009 102,79 км2
1 септември 2010 120,21 км2
1 јануари 2011 137,62 км2

Историја на населението[уреди | уреди извор]

Растот на населението (од 1995, бројките се однесуваат од 31 декември)[7]:

  • 1825 – 1.406
  • 1875 – 3.311
  • 1880 – 3.683
  • 1890 – 6.292
  • 1925 – 13.545
  • 1933 – 13.557
  • 1939 – 13.520
  • 1946 – 18.082 (29 октомври)
  • 1950 – 17.968 (31 август)
  • 1960 – 17.391 (31 декември)
  • 1971 – 17.620 (1 јануари)
  • 1981 – 16.830 (31 декември)
  • 1984 – 16.423 (31 декември)
  • 1990 – 17.560 (3 октомври)
  • 1995 – 16.230
  • 2000 – 14.539
  • 2001 – 14.167
  • 2002 – 13.877
  • 2003 – 13.631

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градското собрание на Тале

Според официјалните резултати од изборите за градскиот совет Тале на 7 јуни 2009; Учество на гласачите: 42,88 %.

  • ДХС – 59,2 %, 17 места
  • Левица – 13,3 %, 4 места
  • СлДП – 8,2 %, 2 места
  • СДП – 7,4 %, 2 места
  • Зелени – 4,9 %, 3 места
  • изборна група – 4,1 %, 1 место

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот бил одобрен на 11 јули 1996 година од Регионалниот совет Магдебург (Regierungspräsidium).

Партнерства[уреди | уреди извор]

Од 1990, Тале има градски партнерства со Зесен (Долна Саксонија) на северозападното подножје на Харц, од 1998, со францускиот град Жувизи-сур-Орж, 18 км од Париз, како и Тилабери во Нигер, северозападно од реката Нигер.

Култура и места на интерес[уреди | уреди извор]

Црква Свети Петар (1908)
Ветерница во Варнштет
Поглед од Хексентанцплац над Тале
Поглед од Хексентанцплац на Тале околу 1900
Слика во близина на железничката станица во Тале

Музеи[уреди | уреди извор]

  • Манастир Вендхузен
  • Музеј Тале
  • Валпургис Хал

Згради[уреди | уреди извор]

  • Поранешниот манастир Вендхузен, потекнувајќи од каролиншкиот период
  • Хотел Ценпфунд, изграден во 1863 година и некогаш најголемиот летен хотел во Германија
  • Црква Свети Петар, завршена во 1906 година
  • Римокатоличката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kirche), завршена во 1910 и 1911 година
  • Прекрасната ветерница во селото Варнштет

Други културни места[уреди | уреди извор]

  • Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“)
  • Планински театар
  • Див животински парк (Tierpark)
  • Зомероделбан
  • Бау-Шпил-Хаус
  • Забавен парк
  • Централен театар (кино)
  • Стражарница Хомбург (Homburgswarte)

Природни споменици[уреди | уреди извор]

  • Клисура Боде - Тале е влезната точка на клисурата Боде, што излегува кај Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“), достапна со гондолата „Клисура Боде“ и Рострапе. На Hexentanzplatz е голем отворен театар и зоолошка градина.
  • Тојфелсмауер - во близина на селата Ведерслебен и Варнштет, се наоѓа Тојфелсмауер („Ѕид на ѓаволот“), еден од најстарите природни резервати во Германија.
  • Вештерска патека Харц (Harzer Hexenstieg), долга патека, која води од Тале до Остероде, минувајќи низ различни знаменитости на патот, вклучувајќи ги и Брокен, Торфхаус, Дамграбен и езерцата на Горен Харц.

Медиум[уреди | уреди извор]

Тале е местото на случување во романот на Теодор Фонтан, Сесил (Cécile). Фонтан останал во Тале, повеќепати помеѓу 1868 и 1884.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
  2. Биро за статистика Саксонија-Анхалт Архивирано на 28 септември 2011 г. со регионалните реформи 1994-2007
  3. „СтБА: Промени во општините на Германија, види 2003“. Архивирано од изворникот на 2010-08-01. Посетено на 2011-10-11.
  4. „СтБА: Промени во општините на Германија, види 2009, 1-ва и 2-ра листа“. Архивирано од изворникот на 2010-08-01. Посетено на 2011-10-11.
  5. „СтБА: Промени во општините на Германија, види 2010“. Архивирано од изворникот на 2010-08-01. Посетено на 2011-10-11.
  6. „СтБа: Промени во општините на Германија, види 2011“. Архивирано од изворникот на 2010-08-01. Посетено на 2011-10-11.
  7. „Содржи податоци од 1939“. Архивирано од изворникот на 2008-06-22. Посетено на 2011-10-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]