Станислав Игнаци Виткевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станислав Игнаци Виткевич
Роден/а24 февруари 1885(1885-02-24)
Варшава, Конгресна Полска
Починат/а18 септември 1939(1939-09-18) (возр. 54)
Језјори, Полска
ПсевдонимВиткаци
Занимањеписател, сликар, драматург, филозоф, фотограф
Апсолвент наКраковска академија за уметност
Сопруг/аЈагвида Унруг, в. 1923
ПартнерЈадвига Јанчевска
Роднинитатко: Станислав Виткевич

Станислав Игнаци Виткевич (полски: Stanisław Ignacy Witkiewicz; 24 февруари 1885 во Варшава  – 18 септември 1939 во Велики Езера (денес село во Украина)) — полски писател, сликар, филозоф, теорист, драматург, романописец и фотограф.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој бил син на уметник, писател и критичар на уметноста. Се здобил со домашно образование во Закопане и растел меѓу уметници и писатели. Од детство се дружел со Карол Шимански и Бронислав Малиноски. Учествувал во Првата светска војна како руски поданик и бил во Санкт Петербург за време на Октомвриската револуција. Во 1930-те години експериментирал со различни наркотици, конкретно конзумирал пејот и тоа може да се забележи во неговото творештво и живописи. После нападот на нацистите врз Полска, Виткевич се самоубил на 18 септември 1939 година.

Станислав Игнаци Виткевич - „Автопортрет“, масло на платно, изработен во 1924 година

Творештво[уреди | уреди извор]

Уметничкото творештво на Виткаци, тешко е да се класифицира, но е најблиску до експресионизмот и често го приближуваат до надреализмот. Многу често неговото творештво е блиско до тоа на Кафка, само без јавен песимизам. Можеме да го сметаме Виткевич како предвесник на театар на апсурдот. Неговите дела се разликуваат не само по чудност и изостреност, но и стремеж да се изразат новите реалности, да се изразат новите чекори кон науката и техниката и учеството на човекот во нив.

Тобијас Холер, Џемс Куран, Нат Ворен-Вајт и Бети ЛаРо во Бред Мејс „продукција на истакнатата пиеса „Водата кокошка“, од Виткевич, 1983 година

Патување и престој во Русија[уреди | уреди извор]

Годините по студиите во Краков, Станислав Игнаци годините ги поминал во Закопане, сликајќи и пишувајќи. Често патувал во Ловран во Хрватска, каде што поради болест, неговиот татко починал. На 21 февруари 1914 година, Јадвига Јанчевска, вереничката на Виткевич извршила самоубиство.