Стадион Олимпико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион „Олимпико“
Стадион Олимпико
Место Рим, Италија
Отворен 1928
Реновиран 2008
Затворен Отворен
Сопственик Општина Рим
Подлога Трева
Игра Рома и Лацио
Гледачи 72,698

Олимпико (итал. Stadio Olimpico) — најголем стадион во Рим и е втор по големина во Италија. На Олимпико домашните натпревари ги играат Рома и Лацио, Олимпико исто така е и национален стадион и на него игра и репрезентацијата на Италија. Изграден е 1937 година, по реновирањето во 2008 година Олимпико има сместивост од 72 000 гледачи.

Северниот дел на Олимпико му припаѓа на навивачите на Лацио, додека јужниот дел е за навивачите на Рома.

На Олимпико досега се имаат одржано многу значајни манифестации меѓу кои се: Олимписките игри 1960 година, Европското Првенство во Фудбал 1968 година, Европското Првенство во Фудбал 1980 година, Светско Првенство во Атлетика 1987 година, Светско Првенство во Фудбал 1990 година и финалето од Лигата на Шампиони 2009 година.