Средномакедонски период
Средномакедонски период или средновековен македонски јазик — развојот на македонскиот писмен јазик од неговата најстара форма старословенскиот до неговата современа употреба го опфаќа периодot од XII век до крајот на Асеманиево евангелие и почетокот на XIX век. Тое е период во кој се зародуваат многу современи јазични црти и постепено ги потиснуваат старословенските (црковнословенските) зборови и зборовен фонд. Означените граници на средномакедонскиот период не треба да ги сфаќаме како брз развиток, туку како постапен развиток. Во овој средномакедонскиот период две книжевни школи дејствувале и ја продолжувиле словенската писмена традиција. Едната е позната како Охридска книжевна школа која развивала книжевна дејност во Охрид и охридската околина, но и пошироко во Западна Македонија.Друга школа со центар во Кратово, поточно во Лесновскиот манастир, развивала литературна дејност во Североисточна Македонија.
Споменици и документи
[уреди | уреди извор]На Охридската книжевна школа припаѓаат повеќе зачувани документи или споменици што се од големо историско и лингвистичко значење за македонскиот јазик. Сите тие имаат јазични црти што се карактеристични за народните говори во Западна Македонија. Кај овие споменици, исто така, се гледаат заеднички правописни црти и правила што даваат до јасен заклучок за посебноста на македонскиот јазик. Спомениците од Охридската книжевна школа се:
- Охридски апостол,
- Болоњски псалтир,
- Битолски триод,
- Македонско евангелие на поп Јован,
- Добромирово евангелие.
Кратовската книжевна школа исто така изиграла важна улога во развитокот на нашиот јазик. Поголем број документи се зачувани од таа школа и тие се одликуваат со јазични црти од северните македонски говори. Документите или спомениците од тој период и од таа школа се:
- Станиславов пролог,
- Вранешнички апостол,
- Радомирово евангелие,
- Кратовско евангелие,
- Лесновски паренезис и др.
Сите овие ракописи се настанати во времето од XII век до XIV век до потпаѓањето на нашата земја под турска власт.