Шпицбершки Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шпицбершки Острови
Знаме Грб
Местоположба на Шпицбершки Острови
Главен град
(и најголем)
Лонгјир
Службен јазик Норвешки
Народности 
Површина
 •  Вкупна 61,022 км2 
Население
 •  проценка за 2012 г. 2,642 
Валута Норвешка круна (NOK)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
НДД .no
Повик. бр. +47

Шпицбершките Острови или Свалбард се група на острови во Северноледениот Океан, околу 635 км северно од Норвешка, а североисточно од Гренланд. Зафаќаат површина од 62,422 км2, а имаат околу 4,500 жители (главно Норвежани и Руси). Главно место е Лонгјир, важно пристаниште. Останати гратчиња се Грин Харбор и Нов Олесунд. Најголеми острови се Западен Шпицберген и Североисточниот Остров. Климата е арктичка, ублажена со топлата Голфска струја. Средната зимска температура е околу -18°С, а летната околу 6°С. Островите се претежно планински, а најголем врв е Њутновиот Врв, висок 1,717 m; се наоѓаат под многубројни ледници, длабоки фјордови. Богати се со камен јаглен. Од животните ги има белите мечки, ирвасите и поларните лисици.

Со Шпицбершкиот договор од 1920 година е призната сувереноста на Норвешка над архипелагот, кој од 1925 година станува составен дел од Норвешка.