Чтец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на чтец од Руската православна црква (1878)

Чтец (грчки: αναγνώστης, старословенски: чтецъ, латински: lector) — лице што во некои христијански цркви е одговорно за гласно читање на извадоци од Светото писмо за време на литургијата. Во раните христијански времиња, чтецот имал особено значење поради слабата писменост на населението.

Православни цркви[уреди | уреди извор]

Во православните цркви чтецот е во редот на пониските чинови во свештенството, повисок од вратарот (денес го нема), а понизок од подѓаконот. Неговата главна улога е да ги чита лекциите од Стариот завет и епистоларните посланија за време на божествената литургија, како и да ги пее псалмите и антифоните. Постои посебна служба за ракоположување на чтеците, иако во денешно време и лаик може да ја врши улогата на чтецот со благослов на свештеник.

Чтецот може да носи расо, но најчесто само за време на богослужбите[1].

Ракополагање на чтец во Финска

Римокатоличка црква[уреди | уреди извор]

Во обредот на римокатоличката црква „лектор“ го означува лицето кое е назначено да чита библиски текстови, освен текстови од Евангелието. Читањето на Евангелието за време на миси е резервирано за ѓаконот, или во негово отсуство за свештеникот. Но, исто така има и пошироко значење во смисла да означува лице кое е „поучено“ за лектор, а не само кога е назначено да чита.

Ова звање е класифицирано како едно од четирите помали чинови и во последниве неколку века им се доделувало само на оние кои се подготвувале да бидат ракоположени за свештеници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Чтец на Православната википедија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]