Чорба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чорба
Шкембе-чорба
Видсупа
Дел од оброкотпредјадење или главен
Место на потеклоТурција
РегионБалкан, Источна Европа, Близок Исток, Северна Африка, Средна Азија, Јужна Азија
Температура на послужувањетопла или ладна
Главни состојкимесо (јагнешко, телешко, шкембе), риба, зеленчук (печурки, домат, спанаќ, грашок, компир)

Чорба (турски: çorba) - вид супа карактеристична во националните кујни во балканските земји, Источна Европа, Близок Исток, Северна Африка, Средна Азија, Јужна Азија.

Чорбата потекнува од Турција и се правела пред сè од шкембе[1]. Се правела со пропржување на ситно исечкан кромид на масло, на што се додавале ситно иситнетите парчиња шкембе. Се турало вода и се оставало да се вари на тивок оган.

Сите останати подоцни варијанти на чорби, од друго месо, додавање на зеленчук, сок од лимон и слично, се варијанти на основната чорба.

Во Османлиското Царство постоел дури и еснаф на мајстори за чорба. Кај јаничарите, чинот полковник се нарекувал чорбаџија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Chorba - Culinary Encyclopedia“.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]