Човечко око

Од Википедија — слободната енциклопедија
Око
Шематски дијаграм на окото
Соединение на око (Антарктик) антарктичко ракче

Око (оculus) — сетилен орган. Тој е орган за вид кој е сместен во орбитата и се состои од очен нерв, очно јаболко и помошни органи на окото.

Обвивки[уреди | уреди извор]

  • Надворешна обвивка ( tunica fibrosa bulbi) таа е фиброзна, со преден проѕирен дел наречен рожница, а другиот е непроѕирен и е наречен белка. Рожницата ја гради предната шестина од целата надворешна обвивка. Таа е всадена (како стакло од часовник) во бразда од белката. Проѕирна е и не содржи ниту крвни, ниту лимфни садови. Белката пак го зафаќа поголемиот дел од надворешната очна обвивка.
    Средна очна обвивка (tunica vasculosa bulbi) садовна обвивка која во себе содржи крвни садови, нерви и пигментни клетки. Составена е од три дела: садовница, трепкино тело и шареница. Садовницата е срасната за внатрешната очна обвивки тоа со нејзиниот пигментен слој. Трепкиното тело во него се наоѓа трепкиниот мускул. Шареницата е предниот дел од средната очна обвивка која наликува на прстен со централен отвор наречен зеница. Таа ја дава бојата на окото со пигментот кој се наоѓа во нејзините клетки.
    Внатрешна очна обвивка (tunica interna bulbi) таа претставува невроепителна обвивка составена од два листа, надворешен пигментен и внатрешен наречен мрежница.

Проѕирни делови[уреди | уреди извор]

  • Очна водичка ги исполнува шуплините што се наоѓаат пред и зад ирисот, односно предната и задната очна комора. A улогата на водичката е да одржува одреден притисок во очното јаболко.
    Леќа претставува биконвексна леќа сместена меѓу стаклестото тело и ирисот. Поврзана е со тенки влакна за цилијарното тело и е обвиткана со мембрана.
    Стаклесто тело ја исполнува очната празанина зад леќата и цилијарното тело. Составено е од 98% вода, а останатиот дел се ретки клетки и влакна. Улогата на стаклестот тело е да ја држи прилепена ретината за садовницата обезбедувајќи ја на тој начин нејзината исхрана.
Еволуција на окото

Помошни органи[уреди | уреди извор]

  • Очни мускули шест напречно пругасти мускули,што го движат очното јаболко во сите насоки.
    Очни капаци се кожномускулни дипли што го заштитуваат окото од предната страна. На нивните слободни рабови се всадени трепките.
    Спојница ја претставува лигавицата што ја покрива задната страна на капаците и предниот дел од белката.
    Солзен апарат -составен е од солзна жлезда, солзни каналчиња, солзна кесичка и носносолзен канал. Солзната жлезда е сместена во горно латералниот агол од орбитата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал од областа на медицината Архивирано на 2 декември 2013 г.