Црква „Пресвета Богородица Љокали“

Координати: 41°5′53″N 23°33′25″E / 41.09806° СГШ; 23.55694° ИГД / 41.09806; 23.55694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресвета Богородица Љокали
Παναγία Λιόκαλη
Карта
41°5′53″N 23°33′25″E / 41.09806° СГШ; 23.55694° ИГД / 41.09806; 23.55694
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1951
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Пресвета Богородица Љокали (грчки: Παναγία Λιόκαλη) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот се наоѓа во северниот дел на градот и по него е наречено тамошното маало.

Крстот од црквата. Минијатурна резба, опкова од сребрена легура со позлата, 1617/1618 г. Национален историски музеј, Софија.

Црквата е изградена на местото на средновековниот ставропигијален манастир „Пресв. Богородица Илиокалу“ (Μονή Παναγίας Ηλιοκάλλου). Богородица Илиокалу е позната од 1323 г. Во 1326 г. е споменат како метох на светогорскиот манастир Филотеј, а во 1477 г. како сопственост на Кушничкиот манастир. Храмот е ограбен и опожарен од бугарската војска при нејзиното повлекување од градот за време на Втората балканска војна во јуни 1913 г.[1] Во 1951 г. е обновен без да се води сметка за нејзиниот дотогашен архитектонски облик.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Βουρουτζίδης, Χαράλαμπος. „Βυζαντινά και μεταβυζαντινά μνημεία της πόλης“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 13 мај 2014.
  2. Παπακυριάκος, Κυριάκος. „Βυζαντινές Αρχαιότητες“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2014-05-14. Посетено на 13 мај 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]