Христо Кулишев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Кулишев
Роден 27 јануари 1904
Дојран, Отоманско Царство
Починал 24 јануари 1983
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање гинеколог

Христо Кулишев (роден на 27 јануари 1904 година во Дојран - починал на 24 јануари 1983 година во Скопје) — македонски гинеколог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Христо Кулишев дипломирал медицина во Грац во 1930 година, а потоа бил лекар во Дојран и Косово. Во 1941 г. се вработил во Гинеколошко-акушерското одделение при Градската болница во Скопје. По Ослободувањето работел во Родилниот дом во Прилеп, а од март 1951 г. во Гинеколошкото одделение во Битола. Бил преместен во Здравствениот дом „Идадија” во Скопје, каде што останал до пензионирањето во 1974 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кулишев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 773. Text "series " ignored (help)