Хиперион (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хиперион
Член на Титани
Бог на рајската светлина
ЖивеалиштеТартар
БиткиТитаномахија
СопружникТеја
РодителиУран и Геја
Браќа/сестри
ДецаХелиј, Селена, Еос

Во старогрчката митологија, Хиперион (/hˈpɪəriən/; грчки: Ὑπερίων, "Високиот") бил еден од дванаесетте Титани деца на Геја (Земја) и Уран (Небо или Рај) кој, предводен од Крон, го тргнал татко му Уран од престолот. Со неговата сестра, титанката Теја, Хиперион ги создал Хелиј (Сонцето), Селена (Месечината) и Еос (Зората).[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Синот на Хиперион, Хелиј, во многу митолошки дела се наведува како Хелиј Хиперион (Ἥλιος Ὑπερίων, "Високо сонце"). Во Одисеја на Хомер, во Теогонија на Хесиод и Хомеровата химна за Деметра, Сонцето по еднаш во секое од делата е наречено Хиперионидес (Ὑπεριωνίδης, "Син на Хиперион"), а Хесиод со сигурност го замислува Хиперион како одвоено битие во другите дела. Во подоцнежната грчка литература, Хиперион секогаш се разликува од Хелиј. Хиперион е опишан со одлики на „Бог на мудроста и на светлината“ додека Хелиј подоцна станува физичка инкарнација на Сонцето. За Хиперион нема многу податоци во грчката култура и митологија и главно се појавува на списокот на дванаесетте Титани:

"За Хиперион ни е кажано дека бил првиот кој, со внимание и набљудување, го разбрал движењето на сонцето и на месечината и на другите ѕвезди, како и на сезоните. Ги сфаќал овие тела и тие факти им ги кажал на другите и од таа причина го викале татко на овие тела откако почнал да зборува за нив и за нивната природа."

Хиперион многу малку или речиси воопшто не се спомнува во Титаномахијата, епот во кој Олимпијците ги победиле Титаните и ги фрлиле во Тартар.

Како татко на Хелиј, императорот Јулијан во Хиперион го гледал како „првиот принцип,[2] макар што неговата релевантност во теургијата е непознатa.

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Morford, p. 40; Keightley, p. 47; Smith, "Hyperion" ; Hesiod, Theogony 134, 371; Hymn to Helios (31) 4–7; Apollodorus, 1.1.3; 1.2.2 Во Хомеровата химна за Хелиј, сестрата и сопруга на Хелион се нарекува "Ерифеса" веројатно, епитет за Теја, види Morford, p. 61 and West 2003, note 61 p. 215. Други извори Селена ја означуваат како ќерка на титанот Палас (Hymn to Hermes (4), 99–100) или на Хелиј (Euripides, The Phoenician Women 175 ff.; Nonnus, Dionysiaca 44.191).
  2. „A Summary of Pythagorean Theology“. Архивирано од изворникот на 2013-05-08.