Хибернација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Разбуден хибернатор - верверичка

Хибернација или зимски сон е состојба на успорување на метаболизмот и ниска телесна температура кај одредени животни за време на зимата. Во хибернатори спаѓаат поголем број крзнени животни и мал број цицачи. На цицачите како мечката само малку им е снижена телесната температура се будат лесно и не се сметаат за вистински хибернатори. Повеќето хибернатори додека се активни складираат храна во засолништата (пр. верверичка) или резервни масти во телото (во масното ткиво). Тие можат да се разбудат повеќепати за време на зимата. Ладнокрвните животни мораат да хибернираат таму каде што надворешната температура се спушта под точка на смрзнување. Еднакво на хибернација за време на лето е естивација.