Хајлброн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на центарот на Хајлброн кон Вартберг.

Хајлброн (германски: Heilbronn) — град во северен Баден-Виртемберг, односно југозападна Германија. Тој е целосно опколен од округот Хајлброн и има 120.000 жители, со што тој е шестиот најголем град во Баден-Виртемберг. Низ градот поминува реката Некар. Хајлброн е поранешен царски слободен град и сегашен независен град, како и седиште на Хајлбронскиот Округ. Хајлброн е исто така и „главен економски центар“ на регионот Хајлброн-Франкен, кој го опфаќа речиси целиот североисток на Баден-Виртемберг.

Хајлброн е познат по својата винска индустрија и е наречен Käthchenstadt, по претставата на Das Käthchen von Heilbronn на Хајнрих фон Клајст.