Хамураби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хамурабиева држава

Хамураби (Hammurabi) бил шестиот крал на Вавилон. По освојувањето на Сумер и Акад, и прекинувањето на последната сумерска династија Исин, тој бил прв крал на Вавилонското царство (империја).

Хамураби владеел со Вавилонското царство од 1792 г. п.н.е. до неговата смрт во 1750 г. п.н.е. (датумите се непотврдени). Бил роден во 1810 г. п.н.е. Преку него, градот Вавилон постигнал хегемонија врз цела Месопотамија.

Тој е најпознат по донесување на законите од Законикот на Хамураби. Законикот бил испишан на камена стела и поставен на јавно место, за сите да можат да го видат - иако мал дел од населението бил писмен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]