Честота

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фреквенција)
Синусни бранови на различни честоти

Честота[1] или фреквенција — големина што го изразува бројот на пати за кој еден настан се повторува во единица време. Исто така е определена како брзина на промена на фазата на синусоиден бран.

Пресметување[уреди | уреди извор]

За да се пресмета честотата на некој настан, бројот на појавувања на настанот во фиксна единица време се брои, а потоа се дели со должината на временскиот интервал.

Во SI, резултатот се мери во херци (Hz). Единицата е именувана по германскиот физичар Хајнрих Рудолф Херц. 1 херц означува дека определен настан се повторува еднаш во една секунда, 2 херци се два настана во 1 секунда итн. Пред да го добие името херц, единицата била нарекувана циклуси во секунда (cps). Други единици кои се користат за да се измери честотата се и вртежи во минута (rps) и радијани во секунда (rad/s). Брзината на отчукувања на срцето и музичкото темпо се мерат во удари во минута (bpm).

Алтернативен метод за да се пресмета честотата, е да се измери времето помеѓу две последователни појави на еден настан (период), а потоа да се пресмета честотата како реципрочна вредност од изминатото време:

Каде што T е периодот.

Честота на бран[уреди | уреди извор]

Честотата на бранот се пресметува така што: Честотата f е еднаква на брзината v на бранот поделена со должината на бранот λ (ламбда):

Во посебни случаи на електромагнетен бран што се движи низ вакуум, тогаш v=c, каде што c e брзината на светлината во вакуум. Следнава равенка може да се употреби за овој случај:

Забелешка: Кога бранот патува од еден медиум во друг, тогаш честотата останува иста, но се менува брановата должина и брзината.

Примери[уреди | уреди извор]

  • Честотата на стандарден тон изнесува 440 Hz, односно 440 циклуси во секунда. Оваа честота е позната и како концертен тон, бидејќи кога оркестарот се штима тогаш се штима на оваа честота. (Слушнете)
  • Бебињата можат да чујат тонови чии осцилации достигнуваат и над 22.000 херци. Меѓутоа овие честоти стануваат сè потешки за слушање со стареењето на човекот.
  • Во Европа, честотата на наизменичната струја изнесува 50 Hz. Во Северна Америка, честотата на наизменичната струја е 60 Hz.

Наводи[уреди | уреди извор]