Француска Фландрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јазичната поделба на Француска Фландрија околу 1789 г: романојазичен дел (зелено) и германојазичен дел (портокалово).
Грофовијата Фландрија пред нејзиното освојување од Луј XIV
Територијалните промени со Пиринејскиот мировен договор, (1659), вклучувајќи ја Француска Фландрија.

Француска Фландрија (француски: La Flandre française; холандски: Frans-Vlaanderen) или Јужна Фландријаисториска област во Горна Франција со фламанско население, чиј опфат одговара на денешните окрузите Лил, Дуе и Динкерк долж јужната граница на Белгија. Заедно со Француско Ено и Камбрези, го сочинува департманот Север.

Географија[уреди | уреди извор]

Подрачјето е мошне рамничарско и блатно, со бројни наоѓалишта на јаглен на југ од Северното Море. Се состои од две подобласти:

  1. Француски Вестхук на северозапад, помеѓу реката Лис и Северното Море; приближно се свопаѓа со округот Динкерк;
  2. Валонска Фландрија (фр. La Flandre wallonne; хол. Waals Vlaanderen) на југоисток, јужно од реката Лис and now the окрузите Лил и Дуе.

Историја[уреди | уреди извор]

Француска Фландрија била повеќевековен предмет на раздор помеѓу силните соседи поради богатството со јаглен и излезот на Северното Море, почнувајќи од средниот век, па сè до Втората светска војна.

Во подалечното минато, подрачјето било дел од Франкија уште од самиот почеток, веднаш по распадот на царството на Карло Велики. Владетелите од династијата Меровинзи како Хлодовик I се крунисувале во Турне, Фландрија. Со време, овие краишта постепено потпаднале под власта на Англија, а потоа и Шпанија. По Осумдесетгодишната војна, подрачјето останало во состав на Шпанските Ниски Земји согласно Минстерскиот мир од 1648 г. Со враќањето на Франција под власта на француската фианстија Бурбонци, Луј XIV го повратил и францускиот дел на Фландрија во состав на неговата држава.

Областа која денес се нарекува Фрацуска Фландрија некогаш била дел од Грофовијата Фландрија во состав на Јужните Ниски Земји. Од неа е отцепена како дел од бургундското наследство на Хабсбурговците со Пиринејскиот мировен договор од 1659 г, кој му ставил крај на француско-шпанскиот конфликт во Триесетгодишната војна (1618-1648); другите делови од областа се придодадени со последователните договори од 1668 и 1678 г. Со ова, областа ѝ припаднала на Франција, како дел од покраината Фландрија и Ено. Поголемиот дел од оваа територија го сочинува денешниот француски департман Север, додека пак некои западни делови (одвоени уште во 1237 г. како Грофовија Артоа) денес се во департманот Па де Кале.

За време на Втората светска војна, под „Француска Фландрија“ се подразбирал сиот регион Север-Па де Кале, кој најпрвин административно (под германска окупација) се водел како дел од Белгија, а потоа во состав на управната целина Белгија-Северна Франција во надлежност на рајхскомесар, за на крај да биде ставен во состав на идејната област (рајхсгау) Фландрија.

Јазик[уреди | уреди извор]

Традиционалниот говор на населението во северна Француска Фландрија (Вестхук) е западнофламанскиот, поточно франкофламанскиот говор кој денес има 20.000 секојдневни и 40.000 повремени говорници.[1] Во другиот дел, наречен Валонска Фландрија (дел од Романска Фландрија) традиционално се говори пикардскиот јазик, поточно месните дијалекти како ш’ти или руши. Фламанскиот се изучува во многу училишта во областа, кои прават напори да го зачуваат идентитетот на населението.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.uoc.edu/euromosaic/web/document/neerlandes/an/i1/i1.html
  2. „French Flemish: group defends a dying language“. Flanders Today. Архивирано од изворникот на 2021-01-01. Посетено на 2019-08-19.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Nouveau Petit Larousse Illustré, 1952.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]