Фелацио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фелацио во поза 69

Фелацио (колоквијално наречено пушење) — сексуална техника, со која се постигнува оргазам, преку орално стимулирање — лижање и цицање на пенисот.

Има неколку техники за фелацио. Најраспространетата е обично вшмукување, каде усните се навлажнуват и главата се движи нагоре-надолу. Другата распространета техника е „лижавката“ (анг. lollipop), при која јазикот се движи спирално од основата до главичката, и посебно внимание се посветува на местото каде таа се спојува со стеблото. Друга техника е длабокото голтање, при што стимулација се постигнува на тој начин што телото на пенисот се внесува длабоко во грлото.

Оралниот секс се нарекува „фелацио“ кај мажите и „кунилингус” кај жените. Кога партнерите го прават истовремено еден на друг, позата се нарекува „69”, бидејќи позицијата на телата личи на бројката 69.

Како вагиналниот секс, така и оралниот, е вид на сексуален акт. Во минатото имало противречности за тоа дали оралниот секс треба да се смета за вистински секс и ако се изведува орален секс дали тоа води до загуба на невиноста.

За разлика од општите верувања, можно е некои болести да се пренесат и преку орален секс. Кога се пристапува кон орален секс треба да се има предвид дека има опасности за заразување од болести како орален херпис, хепатит В, гонореја, сифилис, генитални брадавици-кондиломи и дури сида.

Најсигурен начин за фелацио е употребата на кондом. На пазарот се продаваат кондоми со вкус на чоколада, јагода, банана, мента, цреша и многу други. Најсигурен начин за кунилингус е употребата на т.н. дентална преграда. Тоа е парче латекс, кое се употребува да ја покрие вагината, така да нејзините течности можат да паднат во устата.

Поврзано[уреди | уреди извор]