ФК Спартак Москва

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Спартак
Целосно име Фудбалски Клуб Спартак Москва
Основан 1922
Распаднат
Стадион Стадион Лужники
Капацитет 84.745
Претседател Русија Леонид Федун
Тренер Русија Валериј Карпин
Лига Руска Прва лига
2018-2019 5
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Спартак Москва (руски: Футбольный клуб «Спартак» Москвафудбалски клуб од градот Москва, Русија. Игра во Руската Премиер Лига (Прв ранг на натпреварување). Тренер на клубот во моментов е Валериј Карпин. Клубот игра на Стадион Лужники (84.745 седишта). Спартак Москва е најтрофеен руски клуб[1].

Трофеи[уреди | уреди извор]

Спартак Москва е најтрофеен Руски клуб. За време на СССР има освоено 12 шампионски титули (веднаш зад ФК Динамо Киев), и 10 купа, а шампион на Русија бил 9 пати и 3 пати го има освоено Купот на Русија.

Стадион[уреди | уреди извор]

Спартак Москва во својата историја никогаш не поседувал свој стадион. Цело време настапува на разни стадиони низ Москва. Сега игра на стадионот Лужники, а тој стадион е во сопственост на ФК Торпедо Москва, па затоа. Затоа раководството на Спартак се одлучи конечно клубот да се сопствен стадион. Стадинот е почнат да се гради во 2007 и се планира да се заврши со работите до 2009 година.

Евро Купови[уреди | уреди извор]

Соперници[уреди | уреди извор]

Во денешно време најголеми соперник е ПФК ЦСКА Москва, иако ова соперништво е ново, во последниве петнаесетина година. Но сепак традиционален соперник на Спартак, е тимот од нивното соседство ФК Динамо Москва, но поради нивни слаби резултати, ова соперништво денес не е толку изразено. Други соперници се ФК Локомотив Москва и ФК Зенит Санкт Петербург. Со распадот на СССР замре соперништвото со ФК Динамо Киев

Македонци кои играат/играле во ФК Спартак Москва[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.eng.spartak.com“. Архивирано од изворникот на 2009-02-24. Посетено на 2010-10-07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]