ФК Монако

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монако
Целосно имеАС Монако Фудбал клуб
Основан1911
СтадионСтадион Луј Втори
Монако, Франција
Капацитет18,523
СопственикДмитри Риболовлев (66.67%)
Грималди (33.33%)
ПретседателРусија Дмитри Риболовлев
ТренерПортугалија Леонардо Жардим
ЛигаЛига 1 Лига 1
2017–18Лига 1, 2-ри
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Монако е професионален фудбалски клуб од Монако.[1] Се натпреварува во француската Лига 1, највисокото ниво на францускиот фудбал.

Клубот е основан во 1924 година, а во 1948 станал професионален фудбалски клуб. Иако седиштето на клубот е во Монако, тој се приклучил на францускиот лигашки систем набргу по основањето во 1924 година играјќи најпрво во регионалните лиги. Денес Монако е еден од најуспешните клубови во Франција, со седум лигашки титули и пет трофеи во Купот на Франција. Исто така клубот има и забележителни резултати во европските натпреварувања каде бил финалист во Лигата на шампионите во 2004 година (поразен од Порто) и финалист во Купот на победниците на куповите во 1992 година (поразен од Вердер Бремен).

Традиционалните бои на дресовите на Монако се црвената и белата, па оттаму доаѓа и прекарот на клубот Les Rouges et Blancs (црвено-белите). Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Луј II сместен во Фонтвил, кој е со капацитет од 18,523 седечки места. Во декември 2011, две третини од акциите на клубот биле продадени на рускиот билјардер Дмитри Риболовлев, кој со совојата финансиска поддршка му помогнал на клубот брзо да се врати во Лига 1.

Титули[уреди | уреди извор]

Франција Домашни[уреди | уреди извор]

1960-1961, 1962-1963, 1977-1978, 1981-1982, 1987-1988, 1996-1997, 1999-2000
Вицешампиони (6) :
1963-1964, 1983-1984, 1990-1991, 1991-1992, 2002-2003, 2013-2014
1959-1960, 1962-1963, 1979-1980, 1984-1985, 1990-1991
Вицешампиони (5) :
1973-1974, 1983-1984, 1988-1989, 1991-1992, 2009-2010
2002-2003
Вицешампиони (1) :
2000-2001
1961, 1985, 1997, 2000
Вицешампиони (1) :
1960

УЕФА Европски[уреди | уреди извор]

Вицешампиони (1) :
2003-2004
Вицешампиони (1) :
1991-1992

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Од 30 јули 2016.

Бр. Позиција Играч
1 Хрватска ГМ Даниел Субашиќ
3 Италија ОД Антонио Барека
4 Брег на Слоновата Коска СР Жан-Ед Аолу
5 Бразил ОД Жемерсон
6 Франција СР Кевин Н'Дорам
7 Португалија СР Рони Лопес
8 Белгија СР Јури Тилеманс
9 Колумбија НП Радамел Фалкао
10 Црна Гора СР Стеван Јоветиќ
11 Мали СР Адама Траоре
13 Франција НП Вилем Жебел
15 Мароко ГМ Јусеф Аит Бенасер
16 Швајцарија ГМ Диего Бенаљо
17 Русија СР Александар Головин
18 Франција СР Ронаел Пјер-Габријел
Бр. Позиција Играч
19 Франција ОД Џибрил Сидибе
20 Белгија СР Насер Шадли
23 Италија НП Пјетро Пелегри
24 Италија ОД Андреа Раџи
25 Полска ОД Камил Глик
26 Бразил СР Габријел Бошиља
27 Франција СР Томас Лемар
28 Франција НП Корентен Жан
29 Франција НП Самјуел Грандсир
30 Сенегал ГМ Сејду Си
34 Франција ОД Абду Дијало
35 Франција ОД Кевин Н'Дорам
36 Франција ОД Меди Бенедин
38 Мали ОД Алмами Туре
39 Германија ОД Бењамин Хенрикс

Статистика[уреди | уреди извор]

Учества во првенства[уреди | уреди извор]

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Дивизион 1 43 1953-1954 2001-2002 54
Лига 1 12 2002-2003 2015-2016
Дивизион 2 9 1948-1949 1976-1977 11
Лига 2 2 2011-2012 2012-2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The origins (1919–1930)“. AS Monaco FC. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 17 October 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]